1273

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА  ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Белки, нема да ѝ текне на опозицијата да го обвини Заев дека си „нарачал“ коронавирус за да ги одложи изборите на 12 април. Да помисли Мицко дека Заев е толку  голем  среќлија, па со помош на “виша сила“ ќе си го продолжи мандатот.

„КОРОНА ВИРУС“ НА ПРАВДАТА
Согласно теориите дека корона вирусот е излезен од лабораторија, може да се каже дека и Јустицијата ни го фатила вирусот од партиските лаборатории. Кој ја имаше извршната власт од независноста до денес? СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

МАНЕВAР НА ПАТОТ ДО ЈАВНИТЕ ПАРИ
Сопствениците на „Бауер БГ“ поседуваат уште една компанија – „Енергоинвест Трејд Глигор“, со која во меѓувреме успеале да добијат тендери во вкупна вредност од 5,5 милиони евра, при што најголем е оној од Агенцијата за млади и спорт за изградба на затворени училишни базени.

ПАСОШКА КРИЗА
 Магацинските служби затаиле и испратиле погрешна информација за залихите на обрасци за пасошите, нарачката била задоцнета и била проследена со низа незаконитости во процедурата, се склучувал договор со анекс којшто можел да ги чини граѓаните многу поевтино

КОРОНА ВИРУС ДОЈДЕ И ВО МАКЕДОНИЈА
Експертите и претходно предупредија  дека нема гаранција вирусот да не се прошири и во Македонија, особено во услови кога жителите на нашата држава се сѐ помобилни, а и бројот на туристички и бизнис-посети кај нас сѐ повеќе расте

ЕКСКЛУЗИВНА РЕПОРТАЖА ОД СЕВЕРНА ИТАЛИЈА: ЗАРОБЕНИ СМЕ ВО ЕДЕН ГОЛЕМ КАРАНТИН
Нашиот  соработник Дејан Азески, специјално за „Фокус“  пишува за психозата што владее  во Трст и Венеција од земјата што важи за една од најголемите туристички меки во светот по  неколкуте смртни случаи на коронавирусот.Откажан и  на далеку познатиот Венецијански карневал

ПРАТЕНИЦИ ИЛИ ПЛАТЕНИЦИ
Големи се шансите гласачите уште еднаш, по којзнае кој пат, да бидат ставени пред дилемата: чии платеници да ги изберат за пратеници? Навистина, терминот „платеник“ како карактерна особина сосема им одговара на многу од нашиве политичари, но и креатори на јавно мислење

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Иако знаеме дека една е правдата, имаме два марша за правда. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, секој натоварен со своја правда, се разминуваат како два брода во магла на отворено море

Наум СТОИЛКОВСКИ
И верувам дека тие, неколкумина во СДСМ, кои разбираат што ова значи, ќе смогнат сила за справување со сопственото зло. Ако не, на здравје трас-трас и со здравје нека ви е некогаш големата партија

Мила ЦАРОВСКА
Платите ќе продолжат да растат. Не само минималната, туку и просечната плата. Економијата може да го издржи тоа, затоа што ние како држава, освен што се грижиме за работниците, се грижиме и за компаниите.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
И главата и опашката на тој политичко-обвинителско-судски октопод подеднакво се кријат во подрумите на вашите партиски штабови, па сега, за да се скрие тој факт, громогласно еден кон друг покажувате со прстот и велите – држете го криминалецот

Ана ПАНОВСКА
Добро е што речиси сите политички партии се изјаснија дека на листите ќе истакнат педесет отсто жени, но тоа сепак не е суштината на квалитетниот одбир за пратеници. И онаа „Дизелка“ беше жена, ама во „снаодливоста“ ги претрка сите мажи

д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Горд некој народ, кој држи до својата цена. Ако на пазарот една крава се продава за 600 евра, коза за 200 и овца за 100 евра, гласот пред избори се плаќа 10 евра или вреќа брашно