1272

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА  ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Во “веселата математика“ има работа не само за Обвинителство, туку и за антикорупциската екипа. Каде “исчезнаа“ 50.000 пасоши за неполн месец и како се „стопија“ уште двасетина илјади други, за да се дојде до незначителни 3.000 и кусур обрасци? Некој некого тука прави будала и со некаква цел!

ГЛАДИЈАТОРСКА ИЗБОРНА ТРКА
Верувам дека ќе ја следиме највалканата изборна кампања. Ќе биде ова гладијаторска борба на „живот или смрт“ затоа што излегува дека битката е по секој цена да се освои власт, зашто оној што ќе изгуби ќе заврши во апс.

„РЕКЕТ“ ДОБИВА ЗАЛЕТ
Обвинителката Русковска заврши со своите докази, па наскоро ќе следува одбраната на обвинетите Боки 13 и Катица Јанева. Јовановски најави дека ќе оди на се или ништо, односно ќе ја отвори Пандорината кутија, а Јанева ќе докажува дека не брцнала во торбата „Луј Витон“.

КВАНТАШКИ ПАЗАР СО БРИСЕЛСКИ АМИН
За да ги обезбеди дополнителните гласови за донесување на Законот за јавно обвинителство, власта мораше да прави болни компромиси на сметка на правната држава. Во меѓувреме, пак, Собранието не најде начин да изгласа дузина битни законски решенија. За кои закони станува збор?

ШТО ДОБИВАМЕ СО НАТО? 
Искуствата од регионот покажуваат дека неспорни се директните безбедносни и индиректните економски ефекти од членството во НАТО. Но, автентичното толкување на клучните акти  не оставаат простор да се надеваме на каква било воена помош при внатрешен конфликт

ХИБРИДЕН РЕЖИМ
Хибридниот режим, со којшто ВМРО-ДПМНЕ „пука“ кон власта се  случил во 2016 година, последната година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога пукнаа и „бомбите“. Демократската иднина на земјава зависи од политичката волја, велат аналитичарите

КАКО СЕ УНИШТУВА СПОНТАНО ДВИЖЕЊЕ?
Корупцијата ни стана толку банална, и муабетите за неа толку секојдневни и здодевни, што за некоја година или месец, нема да е чудно и во вестите, таму некаде на крајот по прогнозата за времето утре, да видиме прогнози за тендерите што ќе се местат во наредните денови

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Мнозинството интелектуалци од правни и политички науки, кон Албанците го имаат ставот на кипарските Грци кон кипарските Турци: никако да разберат зошто „дојденци“ на „наша“ територија кои се малцинство да бидат изедначени во сѐ со Македонците

Наум СТОИЛКОВСКИ
Важно беше да се извадат на чистина, на избори, за да не мине Рекет како што мина „евро за Вицето“. Пак, да слушаме глупави одговори од Заев Зоран, за тоа што бара Заев Вице на ручек со Венко Филипче, дека „Тие се гледаат како да помагаат на луѓе, за хуманитарни здравствени потреби…“

Мила ЦАРОВСКА
Овие граѓани не маршираа за да ги блокираат улиците и да ги нервираат возачите.Маршираа со една цел – да пренесат важна порака од законодавната до судската власт. Заврши времето на тефтерчиња. Нема повеќе амнестија. Нема повеќе место за неправда

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Политичките партии, ако сакаат барем малку да придонесат за владеење на правото и правната држава, во предизборниот процес нека заборават на правото и на правната држава. Тие и дел од обвинителите и судиите се главните жаришта на криминалот и корупцијата во државата

Ана ПАНОВСКА
ВМРО-ДПМНЕ, гледам, покажува дека има намера да оди во тој правец. Во од внесува нови, непознати фаци кои пристојно изгледаат и имаат една далеку покултивирана, умерена  артикулација од досегашните фронтмени на партијата

д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Вмроните пред изборите на 12 април фрлија сѐ на една карта – со компромати да се вратат на власт во мрачниот период „Нема правда – нема мир“. Направените криминали да ги забошотат, да се спасат од ќорка и по нивен терк да донесат Закон за јавно обвинителство

Светлана СЛАПШАК
Партискиот медиумски центар на Јанша  финансиран од унгарски пари овозможи закани со смрт, радување на тоа дека некој умрел, демонизација на поединците кои се прикажани како мета на идна одмазда и казнување, воведе јазик на насилство, мачење, и физичка, односно смртна казна за што било.