1271

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА  ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Кога зборовите одговорност и морал доаѓаат од устата на осомничен во истрага на СЈО под кодното име „Моќник“, кој како што чувме нарачувал лустрација на судии, не е ништо друго, освен лицемерие

МИЗРАХИЗАМ
Новата ѕвезда на вмровското небо го крена адреналинот на членството.Има ли ќар од сето ова Мицковски? Мојата проценка е дека или ќе треба да се радикализира ала Мизрахи или, ќе остане во нејзина сенка, па нема да изненади да ја замислат и како нов лидер

ДИСЛОКАЦИЈА НА КАЗИНАТА
Според официјалните податоци, во овој бизнис постои концентрација на моќ и влијание, со оглед дека спортските обложувалници „Спорт Лаиф“ и „Златна Копачка“ имаат исти сопственици, а неколку фирми за електронско коцкање се во сопственост на австриски „Новоматик“, која, патем, поседува и две класични казина.

ИСЧЕЗНАТИ ЛИЦА
Голем број од исчезнатите лица се повозрасни граѓани, кои ги мачи некаква болест. Минатата година биле пријавени вкупно 439 исчезнати лица, од кои 407 се најдени.Но, јавноста се крева на нозе кога ќе исчезне младо, здраво момче или девојка како Пино

СЛУЧАЈ „МОНСТРУМ“
Привршува вештачењето на 26 мобилни телефони, од кои дел се на обвинетите. Новиот софтвер на МВР ќе ги врати избришаните пораки, од кои зависи дали ќе се зацементира нивната вина, или можеби ќе си обезбедат алиби!

ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО И БРЕГЗИТ
Според сите анализи, Велика Британија ќе биде најголемиот економски губитник од излезот од Европската унија, а дополнително политички е загрозена иднината на Обединетото Кралство како целина. Сепак, постојат минимални шанси на долг рок Лондон да успее да ги консолидира силите и да се врати како голем играч на меѓународната политичка и економска сцена.

ЛАЖИ СЕ САМ, ЗА ДА ТЕ ЛАЖАТ И ДРУГИТЕ
Ако некој бил излажан од политичарите, ако бил наивен тогаш, па искрено им поверувал, а сега наместо да ги колне, пцуе и мрази повеќе од сѐ на свет, всушност смета овој пат ќе биде дел од внатрешниот круг и ќе ќари, додека помага други наивни да бидат прелажани, тој е многу лош човек

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Дали некој ја спомна дебатата меѓу политиката и македонските експерти околу законот за ЈО и моментот кога сјајниот Гордан Калајџиев, како експерт, го држи огледалото пред лицето на власта, а како политички активист, сака да ѝ го тресне од глава?!

Наум СТОИЛКОВСКИ
Табакерата го чуваше и пренесуваше лозунгот на илинденската епопеја „Слобода или смрт“.Таблата, пак, го чува лозунгот на денешната епопеја за Името кое во себе ги вградува и Естреја, и Даме, и Гоце, и Блаже, и Данило… И, секако, Рашела

Мила ЦАРОВСКА
Колку некој и да се обидува да создава слика на хероина со користење на старото име за пред народ, а пред амбасадорите да го признава новото, нема да му успее. Прочитани се нечесните намери. Прочитан е лажниот патриотизам и граѓаните тоа го препознаваат.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Искрено верувам дека и Мицкоски и Заев, реално ќе го остварат ветувањето за намалување на невработеноста под 10 отсто.Ама тоа нема да биде заслуга на ниту една партија! Напротив, заслугата ќе им припадне на граѓаните,кои еден по еден се иселуваат од оваа земја

Реџо МУСЛИОСКИ
Каде се загуби нашата почетна енергија, желба за борба за промени и со ПЕИ наши победи, каде исчезна политичката верба и одлучност. Наместо тоа, повторно ни оживеа нашата всадена рамнодушност за толку лесно да го прегрнеме нашиот политички распад

Jанаки МИТРОВСКИ
Се јави и лидерот на СДСМ, Заев, со порака дека ќе немало скриена амнестија и јас се сложувам. Ќе има отворена амнестија, онака хорски договорена меѓу СДСМ, ДПМНЕ и ДУИ

Ана ПАНОВСКА
За земјава да се најде некаков компромис со ВМРО-ДПМНЕ, барем околу неколкуте најважни државни правци, ми изгледа слично како обидите на сојузниците пред Втората светска војна да постигнат некаков компромис со Хитлер и со неговата погубна, агресивна политика

д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Легитимно е да се поднесуваат амандмани за подобрување на текстот од законот, но валкано, перфидно и провидно е со илјадници амандмани да се бара негово одложено стапување во сила, во периодот од  2025 до 2027 година, практично кога привршуваат двата мандата на актуелниот претседател Стево Пендаровски