Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Експертите ја сфатија играта на партиите и затоа не сакаат да бидат алиби. Затоа треба да се земе здив и да се почека. Нема пречки за јавното обвинителство и вака да работи, додуша со помалку пари, слаба логистика и кадри неотпорни на политичките влијанија.
МОЗОЦИ И ЃУБРЕ
Како што соопшти Шилегов, уште пред два месеца го пријавиле скандалот со медицинскиот отпад во обвинителството, но штама! Да ги гледаш снимките каде што кучиња скитници јадат човечки остатоци, а да не реагираш енергично, е навистина неразбирливо. Па и да е „согласно законот“!
СРЃАН ЃОКОВИЌ: ОСТАНАВТЕ МАКЕДОНЦИ, ИАКО ПРИФАТИВТЕ ДА БИДЕТЕ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
По првпат за македонски медиум отворено зборува што мисли за Федерер, за судирот со Боба Живоиновиќ, за односот кон Македонија и името на државата, почетоците, до кога Новак ќе игра тенис и дали неговиот син Стефан ќе тргне по стапките на татко си
ПАТОТ НА ОТПАДОТ
Додека институциите се плашат да го разбуричкаат ѓубрето, доброупатен извор за „Фокус“ открива како под превезот на легалното, се увезува забранет отпад. Рутата е следна, ѓубрето излегува од Италија, во Бугарија и Албанија станува суровина, а потоа стасува во Македонија.
БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Комуникација меѓу водечки луѓе на СДСМ во Струмица пред изборите во 2014 година можеби не била доволно за да се покрене обвинение за изборен криминал, но сигурно е доволна да се заклучи дека Заеви биле на линија со сопственици и вработени од привати компании за изборни цели.
СЕЗОНА НА ПОСЛУШНИЦИ
Парадоксот на полтроните: колку поскапо си ги купил, толку поевтино ќе те продадат. Чаре е да не им даваш доверба и власт на послушници,туку на луѓе со карактер и интегритет
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Ако станеме млитави, декадентни и корумпирани, наместо дисциплинирани, правдољубиви, вистинољубиви и чесни, иднината на нашата земја е неизвесна. Во морална смисла, секој ден сме исправени пред нов предизвик.
Наум СТОИЛКОВСКИ
Заев по ова што го изјави во и пред судот, убеден сум, е во состојба да злоупотребува сѐ и секого покрај него за да го избегне неизбежното – средба со правдата
Мила ЦАРОВСКА
Би ве запрашала вас од Белата палата, ако веќе го раскинете договорот што ќе направите потоа? Какви ви се плановите? Ќе преговарате за подобар? Или, ќе се скарате со сите и со целиот свет?
д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Секоја владејачка гарнитура ги користи тајните служби како сојузник во пресметка за превласт на политичката сцена. Тие никогаш не ги менуваат своите основни постулати и атрибути, тоа би било исто како да постои „бивш црнец“ или „вирго ороспија“.
Симо ГРУЕВСКИ
Дали за осудителна пресуда на обвинетите не се доволни доказите на американската компанија за истраги White&Case, на кој се засноваат одлуките на американските судови против првиот човек на Маѓар телеком и отштетата од 90 милиони долари?
Стојан АНДОВ
Многу ми беше чудно претерувањето на Глигоров, кога велеше дека нема кој да ја загрози нашата победа на идните избори. И пред тоа и потоа, практиката покажа дека таквата помисла била нереална. Комунистите од Хрватска и Словенија, не само што не „се прошетаа“ на изборите, туку ги изгубија