Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Наострените канџи на двете поранешни соработнички од СЈО, небаре се мачки од „лимениот судски покрив“, го фрли во сенка сведочењето на Стефанова.Сериозни обвинувања од кои можеше јасно да се види колкава е моќта на Камчев
ВТОРА ТОРБА
Притисоци за истрагата која требаше да ја сруши империјата на бизнисменот Камчев стигнувале од сите страни, од судии до политичари. „Фокус“ дознава дека се споменува и уште една торба полна со пари, која завршила во влијателни раце!
СЛУЧАЈ „ЈОВО ВАНГЕЛОВСКИ“
Скопското обвинителство отвори предистражна постапка и испитува дали има кривично дело, односно дали поранешниот претседател на Врховниот суд , Јово Вангеловски ја попречувал правдата со чувањето на десетици предмети во фиока
МИРЈАНА ЛАЗАРОВА ТРАЈКОВСКА: ПРОЧИСТУВАЊЕ Ѝ ТРЕБА И НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИЧКА СЦЕНА
Лазарова Трајковска ги коментира состојбите во судството, против ветингот е, обвинителството го смета за најслаба алка во правосудниот систем, а за Уставниот суд вели дека се покажал како кочничар на сопствените реформи.
„ЈАВНА СОБА“-ТАЈНИ СТРАСТИ
Полицијата започна истрага по алармирањето од страна на медиумите, групата е затворена, но не се знае што ќе се случува со податоците кои досега беа споделени.
НОВ СМРТОНОСЕН ВИРУС
Експертите предупредуваат дека и со преземањето на сите мерки од нашиот акционен план – кој е во согласност со СЗО, тоа не е никаква гаранција дека вирусот нема да се прошири и во Македонија, особено во услови кога жителите на нашата држава се сѐ помобилни
СИСТЕМ,А НЕ ГРЕШКА
Што ако тоа што се случи со СЈО, и генерално со борбата за искоренување на криминалот и корупцијата не е воопшто непредвиден развој на настаните, туку било дел од нечиј план, нечие сценарио, итро, длабоко и макијавелистичко
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Либералните умови во Грција никогаш немаа проблем со прифаќањето на нашата млада нација и името Македонија, додека либералните умови во Македонија се гордееја со фактот дека се млада нација со словенско потекло
Наум СТОИЛКОВСКИ
Како најлош Холивуд и бетер од Боливуд, си продуцира заевизмот филмчиња за успеси, си ги споделуваат партиските глувци по наредба, а никој не смее да слушне како Заев поткупувал избори.
Мила ЦАРОВСКА
Дали денес после само 75 години од трагедијата во Аушвиц, од ова ѕверство кое го направил човекот, ние сме доволно гласни и се бориме вакво злосторство да не се повтори?
Ристо ЉУБОТЕНСКИ
Еве му прилика на државниот обвинител Љубомир Јовевски, по допрен глас, да отвори истрага дали во македонското судство постои високоорганизирана криминална група која со незаконити одлуки ограбува милиони евра!?
Ана ПАНОВСКА
Кој е за донесување на законот за јавно обвинителство ќе покаже дека не се плаши и е спремен да се соочи со правдата и евентуалната сопствена одговорност. Кој е против законот, бега главечки од правдата
Стојан АНДОВ
Глигоров и јас требаше да прибереме и други со слично искуство, да изготвиме документ со кој ќе ја повикаме македонската јавност да создаде амбиент без пресудно влијание и дејствување на тоталитарните политички организации од нашето минато