Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Македонските политичари играат ужасно лошо на “домашен терен“. Се нуди слаб фудбал, со многу фаули, илиња. Затоа, просечниот Македонец се повеќе свирка и гласно пцуе по играчите и судијата. Дали може да се случи публиката да почне да ги напушта терените
КАТА И ГРУЈО
Ако поради шефицата се спорни сите специјални обвинители, дали и сите вмровци треба да ги носат гревовите на екс лидерот!?Зошто ВМРО-ДПМНЕ го кочи донесувањето на законот за јавно обвинителство.
АЛЕКСАНДАР НОВАКОСКИ: РУСКОВСКА ЗНАЕ КАДЕ КИЧЕЕЦ ЈА ОДНЕЛ ТОРБАТА „ЛУЈ ВИТОН“!
Адвокатот на второобвинетиот во “Рекет“ открива зошто Кичеец дал признание, каде ја однел торбата кога заминал од домот на Орце Камчев и во какви односи е со бизнисменот, кој го сметал за брат, но поради кој заврши со лисици на рацете.
ПАЗАРАЊЕ СО ПРАВДАТА
Првичната забелешка на ВМРО-ДПМНЕ за предлог законот за јавно обвинителство е „вдомувањето“ на специјалните обвинители во Обвинителството на Русковска. Ова е нивна прва јавна забелешка, но она што суштински им боде очи се „живите“ истраги против вмровците
ПОЛИТИКА ИЛИ БИЗНИС
Иако важеа за блиски пријатели, сепак, лидерот на ДПА, Тачи, и бизнисменот Исмаили, кој се смета за идеолошкиот творец на структурата што се одвои од БЕСА и ја формираше Алтернатива, влегоа во жестока битка.
МПЦ И ПРИЗНАВАЊЕТО
Постојат големи шанси да добиеме патријаршиски томос за признавање на автокефалноста на нашата црква под името Охридска архиепископија.Ваквиот потег може да биде основа за нова голема меѓуправославна поделба.
ИЗГОВОРИ ЗА КОРУПЦИЈА
Обичните граѓани се срамат од она со што партиските војници се фалат. Кај нив свеста е до толку поматена што би се срамеле ако не ја злоупотребуваат власта за интересите на партијата, наместо ако ја злоупотребуваат.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Животот сврти нова страница, но проблемите со контрола на тајната полиција се исти. Имено, денес на политичарите не им се потребни илјадници „кодоши“: со еден мал „стик“ и со помош на два-тројца можат нелегално да снимаат приватни разговори на 20.000 луѓе
Наум СТОИЛКОВСКИ
Со претпоставка дека Петров знае дека не снима реклама за кроасани или газирани сокови, еве јас ќе повторам барем 30 од најмалку 300-те прашања, а тој слободно нека ги употреби. За тоа секако не барам надоместок.
Мила ЦАРОВСКА
Атиџе, ти си наша хероина. „Медена земја“ заслужува повеќе од Оскар затоа што ни дава повеќе од приказна на филмскоплатно. Ни дава животна лекција. Да ја научиме и запамтиме
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
По неуспехот на проектот „Нема правда, нема мир“ многу е мала веројатноста дека „обвинетиот“ ДПМНЕ на Мицкоски, ќе успее да ги убеди граѓаните дека ќе донесе „обнова“ на државата и општеството
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Власт, маст и сласт се светото тројство на двете доминантни политички партии, заглавени во транзициската матрица. Нивната политичка таблоидизација и морална анемија мора да биде на приоритетната листа за демонтажа
Ана ПАНОВСКА
Не е таа сама по себе злобна и гадна власт, но станува лоша токму поради неспособноста да му се спротивстави на злосторничкиот режим на ВМРО-ДПМНЕ вграден во сите сегменти на системот
Стојан АНДОВ
Со смртта на Тито се јавија очекувања во Западниот свет веднаш да почнат демократски реформи и Југославија да престане да биде тоталитарна земја и заедно со Португалија и Шпанија да бидат примени во европската демократска структура