1267

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА  ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Кој беше поводот да се потсетам на зборовите на Горан Стефановски  дека  малите  народи произведуваат многу врева, а големите смисла“? Зошто ракометот и  „Медена земја“ предизвикуваат егзалтираност и фрустрации? Нација сме на крајности.

ЛУСТРАЦИЈА И ЛУСТРАТОРИ
Удбашкото минато создаде нови политички жртви кои уште ја бараат правдата. Новиот Предлог-закон за поништување, кој тешко дека ќе помине во Собрание до неговото распуштање, сепак, ќе ги амнестира оние кои ја наредуваа и спроведуваа лустрацијата

ПРЕДИЗБОРНИ ДИМНИ БОМБИ
Со предлогот за поништување на лустрацијата, СДСМ фрли димна бомба, колку да ги надразни жртвите на лустрацијата. Да ги потести на груевизмот, доколку сме го подзаборавиле. Уметничкиот „дојам“ го засилија вмровците, бранејќи ја спроведената лустрација по моделот „аџиевка“

ИЗИГРУВАЊЕ НА ПРАВДАТА
Дебело платените адвокати, дневниците си ги заработуваат максимално користејќи ги дупките во законите, а патот до одолговлекување на правдата е „поплочен“ и со некој поротник. Тие се најслабата алка од правосудниот систем која се кине најлесно.

НАФТЕН БИЗНИС
Набрзо по излегувањето од затвор, еден од осудените во случајот „Керозин“ експресно влезе во  нафтениот бизнис. Станува збор за синот на сопружниците Пецови – Љупчо Пецов, кој на почетокот на 2018 г. ја формирал транспортната компанија „Алма- Транспорт“ и ја презел струмичката „Тритерол Петрол“

АМЕРИКАНСКО-ИРАНСКИ СПОР
Македонија, како „најпресна“ членка на НАТО, веројатно ќе треба да ја докаже својата лојалност при евентуален американско-ирански воен судир. Тоа не значи дека ќе ги испратиме сите наши војници во јуриш на Техеран, туку дека во евентуалната меѓународна коалиција една или две воени единици би биле и македонски

ФАКТИ И СПИНОВИ
Ако си болен за власт, а секој успешен политичар е токму таков, мораш да бидеш опериран од срам. А за непријатните факти што ќе излезат во меѓувреме, не се секирај ич. Има луѓе чија добро платена професија е да најдат објаснување и оправдување за секоја твоја грешка. Пред таквите богови на спинувањето и фактите молчат

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Не ви се допаѓа ваков свет? Ни мене. Но, тоа е светот во кој живееме и сите наши проценки мора да ги правиме според тоа каков е. Дури потоа да посегаме по онаков каков што сакаме да биде. Така, најдобро ќе го одбраниме интересот за безбедност на сопствената држава

Наум СТОИЛКОВСКИ
Си знаете, а знаат и во групацијата на Зоран, дека на 12 април нема да успеат да работат истите мерачи на гласови како оние Али Експрес за референдумот. Ниту оние алиекспресни брзи прсти за претседателските избори. Затоа се и овие Али Експрес глупости, кои се траскаат секојдневно

Мила ЦАРОВСКА
Со вистинско вреднување на работата добиваме среќни и задоволни работници, кои ќе ја зголемат продуктивноста на нивните компании. Во плус ќе биде и целата држава, бидејќи со поголема продуктивност се прави економски раст. Држава се гради со луѓе. Тоа е вистинскиот патриотизам за кој се залагаме

Ристо ЉУБОТЕНСКИ
Граѓаните треба да бараат мандатот на новиот парламентарен состав да трае најмногу две години, и, што е поважно, секој што сака да биде и е избран за некоја функција, нотарски нека го заложи својот личен имот во корист на државата за граѓаните да имаат каква било гаранција дека нема да крадат

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Давајќи многу власт на некадарни мрзливци, Македонија стана царство на партиски војници, ебиветри и нахалници, кои во нормална држава никогаш не би добиле сериозна позиција. Виреат бидејќи од нив не се бара ништо повеќе од верност и послушност

Ана ПАНОВСКА
Уште ако Заев успее да го трасира и патот за признавање на автокефалноста на МПЦ – Охридска архиепископија од страна на севселенскиот патријарх, е тогаш вмровциве ќе немаат ама баш ништо опипливо да запишат во современата историја на македонскиот народ како нивно достигнување

Стојан АНДОВ
Додека источноевропските земји решително градеа демократски системи, во Претседателството на ЦК СКЈ се наметнуваше уште присутното убедување дека „Југославија е најдемократската социјалистичка земја“,а барем половината од членовите  се залагаа за стеснување на постоечката демократија.