Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
И за овие Божиќни празници,како и многу пати досега, покажавме колку сме лицемерни како луѓе и верници,затоа што дури и во вакви денови тешко се воздржуваме од зборови полни со злоба и омраза.Пизма се ширеше насекаде околу нас!
„ГЛАМУРОЗНА“ ВЛАДА
Која албанска партија ќе прифати да коалицира со партијата што ветува бришење на Преспанскиот договор? И кога постизборните шеми значат кој ќе има власт, а кој ќе заврши во апс, така нели се силат завојуваните страни, тогаш се случува „крвав четврток“. Затоа поимот техничка влада, а втора ни е, ме асоцира на пиротехничка направија
ИЗБОРНА 2020 ГОДИНА
Додека партиите од власта и опозицијата, и од македонскиот и од албанскиот блок, очекуваат успех на изборите, анкетите покажуваат дека повеќе од половина од граѓаните сметаат оти актуелната влада не заслужува уште еден мандат, но истовремено одбиваат да ѝ ја подарат довербата на опозицијата.
ИТАЛИЈАНСКА ВРСКА
Новите сопственици не се откажуваат од идејата во сред тиквешијата да распослат депонија, а еколозите предупредуваат дека им се заканува еколошка катастрофа. „Фокус“ открива која е врската меѓу италијанскиот концесионер на „Дрисла“ и еден од новопечените сопственици на депонијата во Неготино.
ЛЕКАРСКА ГРЕШКА
Наместо на операција, момчето Боро Стајиќ со скршен врат било вратено дома на спиење. По несреќата во 2012 година почнува неговата битка со здравствениот и судскиот систем за да докаже дека лекарите направиле лекарска грешка
ЧЕБРЕН И ГАЛИШТЕ
По 14 пропаднати тендери, големи се шансите конечно да се изгради еден од најважните енергетски објекти, за кој има заинтересирани странски инвеститори. Ако се оди според планираното, за 7-8 години во Мариово ќе имаме ново големо езеро и моќна хидроелектрана
СИНХРОНИЗИРАНА ДЕКАДЕНЦИЈА
Изгледа навистина поразително кога човек ќе размисли што е понудата, кој е во суштина изборот на претстојаните парламентарни избори. Дали Заев да се врати за премиер, ако победи СДСМ, или, пак, Грујо да се врати во државава ослободен од сите обвиненија, ако победат неговите наследници предводени од Мицко.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Зошто од неколкуте алтернативи кои службите вообичаено му ги нудат на претседателот Доналд Трамп, е одбрана токму најрадикалната, која може да предизвика војна со Иран? Денес, никој не може да одговори на ова прашање.
Наум СТОИЛКОВСКИ
СДСМ влета во антисемитизам и во лов на припадник на еврејската заедница заради наводно „поддржување на фашизмот“ и згора на сè, уште од него се бара ставање на „Давидова Ѕвезда“? Време е да се свестат!
Мила ЦАРОВСКА
Новите министри се повеќе партиска војска управувана од груевизмот,отколку некој којшто треба да служи на народот.Уште не седнати на министерските места се впуштија во пропаганда да го извалкаат успешно сработеното изминатите 2,5 години
Ристо ЉУБОТЕНСКИ
Главниот белег на „посната“ политичка понуда се трите „големи“ партии – СДСМ, ДПМНЕ и ДУИ. Она што е поразително е дека станува збор за партии со многу скромен и ограничен внатрешнопартиски демократски капацитет,како и кадровски потенцијал
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Македонија е штитеник. НАТО, САД и ЕУ се патрони, тие ќе го берат гајлето, ич не треба да се секираме. Благодарение на нив, се променија многу работи..Сè во име за евроатлантски интеграции, иако добивањето датум за преговори со ЕУ не значи европеизација.
Стојан АНДОВ
Милошевиќ отворено тврдеше дека СК на Србија мора, со својата решителност, брзо да расчисти со косовскиот проблем.Пресвртницата се случи на 8 седница на ЦК СК во 1987, по која дојде до пресметка со сите кои му се спротиставија.