Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Од толку многу надеж можеме дури и да профитираме. Надежта да ја продаваме низ светот како конкурентен извозен производ. Да го нудиме на странските пазари слично како нашиот ајвар, само што наместо во тегли, ќе го пакуваме во шишенца. Повелете! Сакате малку или многу надеж?
КСМЕТЛИИ НА ГОДИНАТА
Додека Груевски кроеше план како да избега од државата, што на крајот и се случи со или без помош и знаење на власта, сеедно, Мијалков бездруго склучи аранжман со власта за да помогне да се изгласаат уставните измени согласно Преспанскиот договор, а за возврат на тоа да остане на слобода и слободно да го развива бизнисот.
НАДЕЖ НА ГОДИНАТА
Изминатава 2019 година беше година на големи надежи, поради што големи беа и очекувањата. Притоа, особено беа големи очекувањата на надворешно-политички план, со оглед на тоа што актуелната влада предводена од СДСМ и Зоран Заев тргна во процес на решавање на сите отворени прашања, вклучувајќи го и најкомплексното – спорот за името со Грција.
КАКВА ТРАЕКТОРИЈА
Во Грујово време се знаеше кој прислушува и снима. Братучедот во УБК и, разбира се, „странски служби“. Откако дојде Заев, снима кој ќе стигне. Не е ни во такси да удриш „пола“ муабет, ниту градоначалник може на раат да истепа некого во свој кабинет. Кај Камчев, пак, ниту дома да му појдеш, ниту во Банско во меана да му приседнеш
БАКСУЗИ НА ГОДИНАТА
Од локална обвинителка, позната само меѓу гевгеличани, пред четири години Катица Јанева стана специјална, за која слушнаа и птиците на гранка. Од скромна и тивка стана надмена и гласна. Народот се крстеше во неа, очекувајќи правда, а таа си го стави крстот на чело, откако реши да се слика со Боки 13.
ИНФЛУЕНСЕР НА ГОДИНАТА
Откако екс премиерот Никола Груевски пребега во Будимпешта, Унгарија, а неговите мегафони замолкнаа, тој виде не виде, инспириран најверојатно од паролата „Доста беше молк“, која ја изнаслуша за време на неговото владеење, го крена гласот на Фејсбук.
РАЗОЧАРУВАЊЕ НА ГОДИНАТА
Покрај членство во НАТО, македонските власти и граѓани очекуваа дека надминувањето на разликата за името со Грција ќе овозможи и земјава да започне преговори за членство на ЕУ. Сепак, тоа не се случи поради противењето на неколку држави на чело со Франција, кои го блокираат проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан
ГАФОВИ НА ГОДИНАТА
Мислејќи дека разговара со Порошенко, Заев си дозволи неформално и послободно да говори за политичката ситуација пред референдумот за Преспанскиот договор, за нерешеното македонско црковно прашање, за српско-косовскиот спор итн., што потоа беше емитувано во јавноста. Заев се правдаше дека „го измамиле мангупи“, бидејќи бил комуникативен.
РЕАЛИСТИЧНИ ПРЕДВИДУВАЊА
Тој што верувал дека со промената на власта во 2017 автоматски ќе се промени на подобро сѐ, сега се чувствува многу разочаран. А исто ќе важи и за оние кои чекаат да се врати ВМРО-ДПМНЕ, па и економијата да се крене, и Зајко да биде смачкан, и Мицко и другарите му да не крадат, а и името да се врати, плус и Албанците да бидат скротени. Ништо од тоа нема да се случи
СПОРТСКИ НАСТАН НА ГОДИНАТА
Кога се говори за спортските успеси, во прв план во 2019 година беше ракометот и нашиот колектив Вардар, кој по вторпат во својата клупска историја застана на тронот на Европа. И покрај тешкотиите што ги поминаа вардаровите играчи, доцнењето на платите, сепак, тие покажаа цврстина и карактер на теренот
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Од неискуство, незнаење и слабо образование за тоа колку е скапоцена човековата слобода и дека Хитлер и Сталин секогаш може одново да зачукаат на нечија врата, произлегува контрадикторниот став кај младите од Македонија дека „цврста рака“, а не развојот на демократијата, е брзиот пат до ЕУ
Мила ЦАРОВСКА
За сликата да биде појасна, работите ќе ги поделам на бели и црни, едните носат живот, другите носат диктатура. Бели се нашите, сегашни од пред две и пол години и носат живот за многу наши сограѓани. Црна е нивната мината деценија која ја зароби нашата држава и донесе диктатура
Наум СТОИЛКОВСКИ
„Иљач“ за здравството има, има и за државата и општеството. Ама прво да си честитаме Нова година и Трети јануари – денот на расчистување со заевизмот
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Кој им е изборот на граѓаните!? Дали повторно како „овци“ да излезат на претстојните предвремени парламентарни избори и гласаат за една од веќе криминално докажаните политички партии и нивните „лидери“ или, пак, целосно и радикално да им свртат грб на партиите и политиката
Ана ПАНОВСКА
На предвремените избори сакам да победи коалицијата предводена од СДСМ. Не оти и тие се нешто чешит, но криво-лево буткаат напред и, во споредба со политиката на ВМРО-ДПМНЕ, се како измислени за спас на оваа земја
Јанаки МИТРОВСКИ
Во последниот месец од годината и на само три месеци пред избори, на СДСМ му текна дека имале изборни ветувања – една изборна единица, како да се реши проблемот со вишокот администрација, загадувањето. Зошто НИШТО не направија во првата година од мандатот?
Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Рекапитулацијата за функционирањето на тридецениска самостојна Македонија се сведува на заклучокот дека матрицата на владеење суштински не се промени. Трите политички партии изнедрени од чевлите на тоталитаризмот не донесоа среќа и бериќет. Божемниот повеќепартизам ја задржа матрицата од еднопартизмот
Стојан АНДОВ
Изборот на Стане Доланц, на чело на ресорот за внатрешни работи, беше примен во Југославија како поинтензивно ангажирање на Словенија во пресметката со албанскиот национализам и доказ дека Србите не се сами на Косово