1262

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА  ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ 
Нашите политичари се однесуват кон Венецијанската комисија како  да е  продавница со сувенири.Кога им одговара ќе си  “купат“ некој сувенир за по дома, а кога не, едноставно ја игнорираат. И онака, нејзините мислења не се обврзувачки

СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ: МОЌНИ  БИЗНИСМЕНИ  ГИ МЕНАЏИРААТ СУДСКИТЕ ПРЕДМЕТИ
Пендаровски говори за најавените реформи во НАТО и во ЕУ, смета дека Макрон израснува во највлијателна европска фигура, бегството на Груевски го оценува како најголем скандал на актуелната влада… На критиките на негова адреса, пак, кога ги прозва уставните судии за амнестијата, вели: „Гледате дека имаше ефект?! Го одложија решавањето“

ЌЕ ИМА ЛИ ПРЕСВРТ?
Јавноста ги слушна сведоштвата на бизнисменот Орце Камчев, но и на неговата сопруга Ана, за рекетот што го трпел за случајот „Империја“. Сега се очекува приказната на Боки 13, кој оддамна најави дека клучот од Пандорината кутија е кај него. Но, како некој да има и втор клуч, бидејќи излегуваат снимки кои даваат поинакво светло за оштетениот

ИНСУЛИНСКИ ТЕНДЕРСКИ ИГРИ
ВМРО-ДПМНЕ обелодени дека здравствените власти уништиле инсулин со валиден рок на употреба, за да отворат простор за нов тендер за магнат близок до владата. Од власта, пак, тврдат дека инсулинот со сомнителен квалитет е обезбеден за време на нивните претходници во 2016 г. преку паралелен увоз.

ПОЛИТИЧАРИТЕ НЕ СЕ МЕСИИ, ТУКУ ТРГОВЦИ
Партиските лидери не се светци симнати од небо, не се спасители на нас грешните кои ќе нѐ избават од канџите на искушението откако ние со сето срце и душа ќе им се предадеме. Партиските лидери се обични трговци со политички стоки и услуги. Оној гласач што очекува мед и млеко, најверојатно ќе дочека само лук и вода

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Ако партиите не го демонстрираат нивото на потребното единство и не ја влечат државата во вистинска насока, судството не може да го реши тој проблем.

Наум СТОИЛКОВСКИ
Како тоа токму ликовите за кои граѓаните стравуваа дека ќе бидат добитници на огласот се најзагрижени за текстот во неделникот за поврзаноста со депонијата  Дрисла, а општината никаде ја нема?

Мила ЦАРОВСКА
Сега е важно да останеме на правиот пат и да ги собереме како држава  плодовите од НАТО членството. Да имаме повеќе шанси за домашни и странски инвестиции

Ана ПАНОВСКА
Сакам  одговор од премиерот Заев, како тоа Законот за двојазичноста доби третман од највисоко значење, во кој никој не смее да чепне, дури и ако за него има сериозни забелешки од Венецијанската комисија

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Денес најголеми пранкери станаа политичарите. Измамници кои континуирано се мајтапат со граѓаните, а најмногу за време на избори. Мамето ѝ го расплакаа на државата.

Стојан АНДОВ
Во Македонија предолго беа присутни илузиите за можно одржување на Југославија. Немавме сила да ја прифатиме вистината дека Македонија, ниту ја создала Југославија, ниту може да ја сочува.