Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Свесно или сосема несвесно, обвинителката Вилма Русковска со своето однесување, настап, но и вербална и визуелна (само)презентација, почнува да потсетува на својата екс-колешка, Катица Јанева.
МИГРАНТИТЕ СПАС ЗА БИЗНИСОТ?
Експертската јавност и бизнис-заедницата, со скептицизам гледаат на сѐ погласните идеи за искористување на евтината мигрантска работна сила што транзитира низ нашата држава.
РАСИПУВАЧ НА ЗАБАВИ!?
Ај што со ветото (ни) ја расипа прославата што владата оптимистички ја фураше за добивање датум за преговори, сега ни го зацрни и влезот во НАТО.Членството во Алијансата е извесно, ама ќе остане во историјата дека сме им се придружиле кога НАТО е во состојба на „мозочна смрт“
АБОЛИЦИЈАТА НА ИВАНОВ
Уставниот суд е на пат да ја оживее спорната аболиција на екс-претседателот Ѓорше Иванов,но пратениците имаат можност да ја поправат грешката.
ПОМЕЃУ БИЗНИСОТ И ПОЛИТИКАТА
Иако градежната компанија „АМГ Едилха“, каде доминантен удел поседува Љубчо Георгиевски, инкасирала милионски средства од буџетот, сепак, се најде во најновата листа на должници кон државата со 130.000 евра долг.
МАРТИН ВУЧИЌ: „ТАНЕЦ“ Е ЕДЕН ОД НАЈВАЖНИТЕ БАСТИОНИ НА МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА
Седум децении е културен амбасадор, кој несебично ја презентира македонска традиција во земјава и во светот. Разговаравме за негативната кампања пред турнејата во Австралија,но и за претстојниот новогодишен концерт
СЕИРОЗНА СИТУАЦИЈА
Нашата политичка сцена е само навидум сериозна, ама всушност е „сеирозна“, неологизам изведен од зборот „сеир“, кој означува следење со или без задоволство на тоа како некои работи се случуваат без да се добие желба да се вклучи активно човек во нив, оти знае дека џабе ќе се меша
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Како што никогаш не ќе влезевме во НАТО без поддршката на Америка, никогаш нема да влеземе во ЕУ без поддршката на Франција. На кое царство да му се приклониме?
Наум СТОИЛКОВСКИ
Пендаровски како претседател не размислува зошто нема ниеден македонски медиум, ТВ-канал на македонски, што би зрачел во соседството. Не, тој се секира зошто другите не зрачат доволно во Македонија
Мила ЦАРОВСКА
Сега ние создаваме историја на раст на плати, вложувања во најсиромашните и раст на економијата, тие создаваа лажна историја за раздор и поделби на нашето општество
Ана ПАНОВСКА
Се дрзнал некој со качулка на глава да украде пари од приватно лице, со пот заработени – со кренати раце на тилот, со присила да му ги испразни џебовите на лицето О.К.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Апашот е убеден дека сите се арамии и умира од страв да не му го одземат украденото. Обвинителот и судијата се крстат во рушвет и кариера. Политичките партии го заштитуваат сопствениот криминал
Стојан АНДОВ
По целиот скандал со ТАТ, Црвенковски требаше да понесе политичка одговорност, да поднесе оставка на премиерската функција и да се повлече во анонимност