Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА БИДАТ ПОЈАСНИ
По многу години затвореност на институциите во „заробената држава“, кога дури и записниците од владините седници беа ставани под превезот на „државна тајна“, сега сѐ е на ачик. Очекувано, новата алатка за транспарентност предизвика огромно интересирање, но и многу сеирење
БЕСКОНЕЧНА НАДЕЖ
Од каде вербата дека ветингот ќе ја санира болеста? Да беа сал судиите кабает, ќе се најдеше чаре изминативе децении. Проблемот очигледно е во системот. Сите верглаат за правна држава,ама не ја скоцкаа. Во стилот, „сите сакаат во рајот, ама никој не сака да умре“!
ГРУЕВСКИ ОРОВОДЕЦ
Јавноста три години чекаше Обвинителството под палката на Марко Зврлевски да го расчисти криминалот со „Скопје 2014“, а исто толку време ѝ остави и на Катица Јанева, екс шефицата на СЈО. И двајцата, случајно или не, не ставија потпис за отворање истрага.
ПРАВНА „ИЗМИСЛИЦА“
Со мораториумите за градби, ниту е направен чекор понапред кон спасување на Охрид од исклучување од УНЕСКО, ниту е расчистено со естетскиот и финансискиот криминал на „Скопје 2014“, ниту, пак, е решен проблемот со загадениот воздух.
ПОЗИТИВНА (СЕ)ЛЕКЦИЈА
Луѓето кои до сега (и сѐ уште) нѐ спречуваа да просперираме, ќе одговараат за сѐ баш тогаш, кога повеќе нив никој за ништо нема да ги прашува и есапи ниту два отсто. Е, тоа е позитивната лекција која мораме да ја научиме пред да пристапиме кон позитивната селекција
СЕРГЕЈ САМСОНЕНКО: ЗЛОСТОРНИЧКО ЗДРУЖЕНИЕ САКА ДА МИ ГО ОДЗЕМЕ „ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ“!
Рускиот бизнисмен и дипломат раскажува како станал жртва на фирми, посредници, обвинителството и судот, позната како, според него, организирано преземање објект откако претходно ќе биде фиктивни обезвреднет.Но, и за врските со Орце Камчев и Сашо Мијалков.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Во предвечерјето на изборите, да бараме од партиите, не тие, туку „систем“ да нѐ штити од нивните злоупотреби на моќта. Да се согласат со Мојнихан дека „пљачкосувањето и личната промоција“ се својствени за човечките суштества, правило од кое не се исклучок, ниту членовите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, Алијанса, Беса или Алтернатива
Наум СТОИЛКОВСКИ
„Портфолиото“ на оној кој веројатно треба да управува со отпадот во Тиквешијата, покажува дека во 2010 година е уапсен во Италија. Тогаш е обвинет за фалсификување лабораториски резултати за нивото на арсен во 150.000 кубни тони на отпад, кој требало да го однесе во Германија
Мила ЦАРОВСКА
Двете ситуации имаат иста основа за развој на конфликт, но начинот на надминување на конфликтот е многу различен. Клуч на успехот во Тимјаник беше политичката волја, а во Визбегово создадената вредност од Тимјаник ги мобилизираше прогресивните граѓани сами да го заштитат концептот на инклузивно општество
Јанаки МИТРОВСКИ
Проблемот е што Јанева си доделувала самата на себеси по четири илјади евра месечно за да чува тајни, а тајните ги продаде на најдобриот купец, или тој што најмногу понудил. Да го испорачаше тоа за што беше ангажирана, алал нека ѝ се платата и бонусите, и бакшиш ќе ѝ дадевме. Вака ем волкот гладен, ем овци фалат!
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Ветингот си е ветинг, но покрај него мора да се отворат кривично-правни постапки за сите оние кои докажано се заглавени во криминал и корупција, а сѐ уште седат во обвинителствата и во судовите на сите рамништа – од основните до Врховниот суд, кои мораат кривично да одговараат
Стојан АНДОВ
Го предупредив Глигоров дека со јавната поддршка на пирамидалната штедилница испраќа порака до граѓаните и до нашите иселеници во странство што имаат пари, бидејќи мислеа дека зад Соња Николовска стои државата и ги гарантира условите за работа
Ана ПАНОВСКА
Па, Камчев, што ако бил во притвор и ти изгледал немоќен како бајче, тој сепак оттаму раководи со Империјата, која во став мирно го построи дури и премиерот Заев, наведувајќи го тој лично да го пријави случајот „Рекет“!!! Импресиониран од „довербата“ што му ја укажала една таква голема ѕверка од типот на Камчев, Заев ја голтна јадицата
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
За уништување една нација, потребно е само да се намали квалитетот на образованието. Пациенти умираат од рацете на такви образовани доктори, згради и објекти паѓаат од инженери, пари исчезнуваат од економисти и општеството колаборира од такви „стручњаци“, а справедливоста умира од тие судии и адвокати