Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Случајот „Рекет“ е нуклеарка што може во парампарчиња да ја разнесе Владата на Заев, па премиерот нема да си дозволи судскиот процес да се одвива без никаква контрола на обвинетите. Процесот мора да заврши во контролирани услови, да не предизвикува никакви афтер шокови. Но, таквиот есап е без крчмар. Идат избори, а тогаш сметката ја пишуваат грѓаните
ДОСИЕ „ТЕ-ТО“
Зошто Владата на „мала врата“ сакаше да ја протне државната помош на термоелектраната ТЕ-ТО и да ѝ го одложи на 9 години плаќањето на долгот кон УЈП за близу 20 милиони евра, кој и без тоа не го смета за реален
ЌЕ СЕ СКИНЕ ЛИ МРЕЖАТА ВО КОЈА ЛИЛЕ СТЕФАНОВА ГИ ФАТИ ГОЛЕМИТЕ РИБИ?
Пред една година, кога дотогаш недопирливите завршија зад решетки, јавноста почна да ја враќа својата верба во правниот систем. Сега, една година подоцна, кога наместо осомничените криминалци, зад решетка е обвинителката што ги гонеше, вербата повторно исчезна
МАКЕДОНИЈА ПРЕД ПОРТИТЕ НА НОВАТА БАЛКАНСКА УНИЈА
Очигледно е дека Брисел има задни намери со идејата за балкански „Мини Шенген“, така што превентивно или однапред ќе не смести во втората лига на Европската унија. Но, тоа не значи дека ние целосно треба да ја отфрлиме идејата за регионално поврзување, кое според експертите гарантирано ќе ни донесе економски резултати
ТОДЕ ЛОЗАНОВ ШЕРЕМЕТКО: СОЊА НИКОЛОВСКА ТРЕПЕРЕШЕ САМО ОД „ШЕФОТ“ А СЕ ЗНАЕ КОЈ БЕШЕ ТОГАШ ШЕФ ВО МАКЕДОНИЈА
Пред секое судење во Охрид, навечер ќе ѝ се јавеше „шефот“. Тогаш Соња се повлекуваше и одеше во бањата да разговара со него. Од тоа што го забележав, знам дека „шефот“ постојано ја „советуваше“ во никој случај да не каже некое име, или да зуцне нешто. Јас не знам што ѝ говореше „шефот“ на телефон, но некогаш можев да слушнам како Соња му вели дека нема шанси да прозбори
МЕЃУ ДВА ЧЕКАНИ
Ние за наше добро не се реформираме, па зар сега заради некој си таму нон-пејпер на некој си „дечко из Париза“ би се реформирале. Таков нон-пејпер, пораки со иста суштина, само различен стил, добиваме нон-стоп. Таквиот формат на препораки треба да го завикаме нон-стоп-пејпер
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Иако ни треба датум за почеток на преговорите, грешиме кога велиме дека по добивањето датум сѐ ќе биде лесно. Всушност, дури тогаш почнува голготата на либералните сили во Македонија, кои секогаш биле принудувани, ем да го менуваат, ем да му се прилагодуваат на ориентот
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Борбата за власт во Македонија одамна веќе не е борба за преовладување на оваа или онаа политичка опција, а уште помалку идеологија! Борбата за власт во Македонија од година во година станува сѐ поочигледна како гола борба да се освои или задржи позицијата, а со тоа и легитимитетот за располагање и трошење на парите од буџетот
Мила ЦАРОВСКА
Да сум на местото на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, на местото на нивниот лидер, би ми било срам да излезам на улица. Да им погледнам в очи на граѓаните. Да ги викам на средби на кои ќе се фалам што „добро“ е направено за нив во режимот кој траеше цела деценија.
Јанаки МИТРЕВСКИ
Срамно е за партија која својата власт, покрај поддршката од невладиниот сектор и дипломатскиот кор ја должи токму на протести, да се обидува на највалкан можен начин нив да ги спречи сега кога е власт. Кој генијалец смислил дека не смее да се протестира пред Влада или пред државни институции?
Наум СТОИЛКОВСКИ
Денес Македонија мора да фаќа приклучок на технологијата од петтата генерација, односно 5G (5 џи). Тоа го прави за себе, ама и за НАТО, кое го воведе како стандард за мрежа за комуникација. И Македонија не би била Македонија, а актуелната власт не би била „своја“ ако и во ова не види можност за кршење на законите
Стојан АНДОВ
Криминалната приватизација најмногу ги погоди Македонците поради нивното високо учество меѓу вработените во општествениот сектор во стопанството. Некои се пропија, некои бракови пропаднаа, на некои им се скрати животниот век. Сите овие последици главно беа резултат на брзоплетата, нестручна и неодговорна политика на владата на Бранко Црвенковски
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Синоним за плурализмот стана вандализмот, кој постепено добива димензии на епидемија и се проткајува во сите сфери и меѓусебни односи. Всушност, македонската перверзна посткомунистичка транзиција го проширува и го надградува вандализмот секој ден и во секој поглед