Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Датумот е симболика која порано можеби значеше дека сме на „прав пат“. Но денес датумот е симбол на неизвесност. Во најдобар случај, граѓаните одлично знаат дека кон ЕУ ќе се патува долго и макотрпно, ако воопшто еден ден стигнеме таму
ДОСИЕ „ОХИС“
Бизнисменот Горјан Максимовски и офшор компанија од Дубаи го купија целиот имот на „Охис“ за 7,1 милиони евра, а компанијата што го чисти отпадот е на човек кој е во кумовска врска со екс шефот на тајната полиција Љупчо Андоновски
РАЗЛИЧЕН СУДСКИ АРШИН
Откако судот на Верушевски му досуди отштета 122 евра од ден, за неправедно поминатото време во притвор, се отвори прашањето – дали судиите почнале правично да ги вреднуваат неправедно притворените или, пак, само сметаат дека функционерската кожа е поскапа!?
ДИМЕ ИЛИЕВ: БЕЛГРАЃАНКИ ПОЛУДЕА ПО МЕНЕ КАКО ПЕТКО ОД „ИСПРАВИ СЕ, ДЕЛФИНА“
67-годишниот македонски актер кој ѝ стана познат на екс југословенската јавност како Петко од „Исправи се, Делфина“, за „Фокус“ раскажува за снимањето на филмот што го направи познат, за својата најголема љубов – театарот, за дружењето со покојниот колега Ненад Стојановски, за состојбите во македонскиот театар и филм, за театарот и политиката
КОРУПЦИЈА НА ГЛАСАЧИТЕ
Буџетот од 3,9 милијарди евра, без оглед на бомбастичните најави, е само рецидив на сите претходни буџети со кои предизборно се стимулираше социјалата наместо развојот
БАЛКАНСКА УНИЈА
Ако едните нѐ отпишуваат со векови, а другите со децении не сакаат да нѐ запишат, единствен излез е стратегиски и економски да си се описмениме, па самите да си ја напишеме приказната за нашиот успех. На волкот му е дебел вратот зашто сам си ги лови овците, а на Македонецот му е дебел газот затоа што седи и чека некој друг да се бори за него.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Наскоро ќе станеме членка на НАТО, токму во време на криза во односите меѓу западните сојузници. Доколку продолжи „непријателската“ политика на Америка кон ЕУ, Франција и Германија ќе мора да формираат сојуз вклучувајќи и согласност за производство на нуклеарно оружје со кое би ја одвратиле Русија и Кина од помислата да нападнат
Ана ПАНОВСКА
Да си ја чукнеме главата и да се концентрираме на она што сега ни е на дофат ‒ полноправното членство во НАТО, а потоа на раат будно да ги следиме опасните игри на земјите во ЕУ и да процениме како ќе се позиционираме во нивните спротивставени идни потези
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Стари балкански мајмунлаци е едно да мислиш, друго да зборуваш, а сосема трето да правиш. Ама, ете, тие наши балкански мајмунлаци не поминуваат веќе. Затоа, време е актуелното трио Заев, Мицкоски и Ахмети еднаш засекогаш да разбере дека поминува времето на политички блефови и мамења
Стојан АНДОВ
На средбата со претседателот на ЕБОР Жак Атали, министерот Јане Миљовски рече дека рускиот парламент сакал да ги спречи реформите на Јелцин, но тој го скршил отпорот со артилерија. Можеби и ние во Македонија ќе треба да го бомбардираме парламентот, рече Миљовски, бидејќи се јавија гласови на отпор кон приватизацијата, чиј носител е претседателот на Собранието!?
Јанаки МИТРОВСКИ
Иницијативата Операција БИЛКА секојдневно расте, ни се приклучија многу асоцијации и бројни индивидуи што се согласуваат дека прогонот МОРА да сопре, а болните да го добијат она што го заслужуваат – легален и сигурен пристап до медицински канабис, а не сув цвет за извоз. Подобро илегално жив, отколку легално мртов!
Мила ЦАРОВСКА
Родителот ми рече „ова е слика од пред неполни две години, додека живееше дома, со нас. Имам и понова, од сега, од институцијата“. Ми покажа уште една слика. Се шокирав кога од прва го познав детето: згрчено, тажно, апатично, повлечено некаде далеку… По една година го посетив групниот дом: детето пак има сјај во очите и насмевка на лицето!
Наум СТОИЛКОВСКИ
Простете што вака политички опонирам и што вака креираниот буџет, на денови пред избори и пржинска влада, не ми е ништо поразличен од симит. Празен бурек во празно лепче! Нема „зајре“, нема содржина што ќе држи, ќе даде енергија да се турка напред. Ама со вкусна „маја“, која замајува и создава граѓански ред и мир во симит-заедницата
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Се разбира, не може да не се плаќаат сметките, а да не се очекува денот „Д“ кога ќе се појави извршител. Но, истовремено, тоа воопшто не значи дека тој може должникот да го „сврти“ со главата надолу и да го „растресе“ за да собере сѐ што ќе падне од него