Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Ако навистина има докази дека Мицкоски зел руски пари, или ако правел конспирација со Москва во руската амбасада во Скопје, тогаш го молам премиерот, како што пријавил за рекетот на Боки 13 врз Камчев, на ист начин да го пријави и Мицкоски во обвинителството за велепредавство. Во спротивно, јасно е дека станува збор за црна кампања и политичка хајка против лидерот на опозицијата
МАКЕДОНСКО-ФРАНЦУСКИ ШПИОНСКИ ИГРИ
Францускиот амбасадор Тимоние побарал од претседателот Пендаровски да спречи Синиша Алексовски, советникот за национална безбедност на екс претседателот Иванов, да биде деградиран во Агенцијата за разузнавање. Сепак, новиот директор на АР Муслиу направил чистка на десетина разузнавачи. Дали станува збор за пресметка со структура која имала цврста соработка со француската разузнавачка служба?
АМБАСАДОРСКИ СПИСОК НА ЖЕЛБИ
Загрижува и иритира што во клучни времиња без први луѓе се најголемите и најважни дипломатски центри во светот, како Вашингтон, Москва, Пекинг, ОН, Брисел, Прага, Хаг, Токио, Канбера… Од земјите од соседството имаме амбасадор само во Бугарија, чиј мандат завршува идната година
ИГОР ТУЛЕВСКИ: ГРАДИМЕ СПЕЈС ШАТЛ СО МОТОРЧЕ ОД СКУТЕР
„Секој може да „гради згради“ со „туѓи“ 500 милиони, малкумина имаат храброст да инвестираат 500 милиони евра во иновативен здравствен систем според потребите и условите на нашата држава“, е коментарот на кардиологот за новиот Универзитетски клинички центар, чија изградба ја споредува „со копање телефонски кабли во Кенија“
ТЕКСТИЛНАТА ИНДУСТРИЈА КОЛАБИРА
Условите во кои работат текстилните работници се лоши, но проблемот е што се заканува опасност да останат на улица. Можеби во Скандинавија државата секогаш наоѓа начин да го принуди работодавецот соодветно да го награди работникот. Но кај нас било каков државен притисок може да ги однесе фирмите под клуч
ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ: АКО САКАМЕ БРЗ РАЗВОЈ, ФУНКЦИОНЕРИТЕ ЌЕ МОРА ДА СИ ГО НАРУШАТ КОМОДИТЕТОТ
Директорот на најактивната, но и најнапаѓана институција во последните две години ни раскажа како успеал буџетот на Фондот да го зголеми за 40 пати и да опслужи со средства повеќе од 300 компании со неколку десетици милиони евра. Но, ги анализира и случаите за кои се осомничени како институција за фаворизирање компании блиски до функционерите од власта
ПОЛИТИЧКИ МОНОПОЛИ
Кај големите партии, разликите се на ниво на естетика (како изгледаат и што зборуваат), а не на ниво на етика (што прават и како размислуваат,) па затоа нас не ни треба некоја трета опција, штом ни вистинска втора опција уште не сме виделе
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Заедничката Европска економска унија, пазар од над 500 милиони потрошувачи, не треба да биде замена за членство на државата во ЕУ. Но, ако, според проценките на нашите економисти, тој може да ја збогати земјата, тоа може да ги подобри нашите шанси да се доближиме до ЕУ и во сферата на демократијата, културата и правната држава
Ана ПАНОВСКА
Ако продолжат вака вербално да го черечат при секое отворање на устата, од нивната намера за уништување на Заев нема ништо да биде. Таква е природата на нашиот човек. Жалослива. Кога ќе види дека некого така бесно го напаѓаат улични пцишта, го дрпаат и го гризат, а тој кроток и добродушен, тогаш нашиот човек знае длабоко да се трогне и да се обиде на тој гревотилак некако да му помогне
Наум СТОИЛКОВСКИ
Странските бизнисмени не фаќаат бизниси додека кажеш „Баклавата стоо“, туку носат одлуки според долгорочни планови и анализи. Тие неколку години ги чекаа реформите во даноците, па не инвестираа, напротив, си бараа нова дестинација. Сега Македонија им вели дека е можно земјата повторно по три години да си игра со данокот. Тоа за нив е несериозна држава
Мила ЦАРОВСКА
Најтешката работа на светот изгледа дека е да се слуша и да се гледа. Ние не сакаме да гледаме, да видиме. Зошто сметаме дека некој почитуван и високо рангиран политичар во европската хиерархија би сакал да разбере што има добро во нашите реформски чекори на патот кон ЕУ, ако ние меѓу нас не се разбираме?
Стојан АНДОВ
Летото 1981 г. Бакариќ ме замоли да му ги опишам моите искуства како шеф на делегацијата во преговорите за договорот за економска и политичка соработка меѓу СФРЈ и ЕЗ. Подготвив еден труд во кој напишав дека Југославија ќе паѓа во тешки економски проблеми ако не се реши да го избере патот за унапредување на економските односи со ЕЗ, сѐ до полноправно членство
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Предвремените избори нема да ги решат внатрешните проблеми и да ја променат ЕУ, може само, не дај боже, да ја вратат назад Северна Македонија во канџите на злосторничкиот режим на атавистичкaта ВМРО. Затоа, прашањето е да се биде или не?