Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
И гледум саа, од таа перспектива, францускио нож уф Брисел не е бил нож, ами мач, не е Пари Мач, кути јатаган е… Ама шо ќе сече тај јатаган? Ќе и ја отсече глаав’та на Европа. Е после ниј стапуваме на сцен’та. Кој сме па ниј? Комуњар’те, партизан’те! Европа ќе а нема, ама Југославија ќе а има. К’ко?
АЛТЕРНАТИВА ЗА ЕВРОПСКИОТ ПАТ
Членството во ЕУ не ни е единствена алтернатива, туку најдобра опција. Ако сме укапирале дека едно вето може да ни ги изјалови плановите, ако и преговорите стануваат вистински маратон, тогаш да се посветиме на она што од нас зависи, доколку европските вредности навистина ни лежат на срце, не само европските пари. А ако не нѐ бива без камшикар, ако Брисел откаже, во април да избереме најдобар домашен камшикар за европскиот пат
МАКРОН ИМ СТАВИ КАТАНЕЦ НА ВРАТИТЕ НА ЕУ
Единствениот пат кој го чекоревме беше кон вратите на ЕУ. Следува неизвесност, дезориентираност и беспаќе, особено затоа што досега многупати ни се потврди дека домашните политичари се недоволно зрели, без надворешна асистенција, да го реформираат системот и да ги стават интересите на државата пред партиските
МАРИХУАНАТА СТАНУВА И ПАРТИСКИ БИЗНИС НА СДСМ
Кирил Колемишевски, кој беше избран за заменик-министер за економија при последната владина реконструкција, поседува удели и акции во неколку друштва, меѓу кои и во фирмата за медицинска марихуана „М-6 ЕДЕН ГРИН“ формирана годинава, каде доминантен партнер е субјект од групацијата „М-6“, поврзана со семејството на бизнисменот Светозар Јаневски
СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ОБВИНИТЕЛИ
Од седумте први обвинители избрани во поновата македонска историја, дури четворица беа разрешени на половина мандат поради „нестручно и несовесно работење“. На половина мандат ќе си замине и актуелниот државен обвинител поради пензионирање. Само двајца обвинители успеаја да го истуркаат целиот шестгодишен мандат. Сепак, најлош крај, се чини, ќе доживее специјалната јавна обвинителка, која може да заврши зад решетки
ДОМАШНАТА ЕКОНОМИЈА ПРЕД НОВ ПРЕДИЗВИК
Годината 2020, која поради извесниот влез во НАТО и очекуваниот почеток на преговорите со ЕУ требаше да биде отскочна штица за бизнис-секторот со очекувано рекорден раст на БДП за целото останато население, многу веројатно ќе се претвори во една од најпроблематичните и економски најнепредвидливи години од независноста досега
И ПО ДАТУМОТ – ДАТУМ
Секој глас од слободоумен граѓанин за нови партии, води кон намалување на бројот на пратеници што ќе ги добијат партиите што имаат партиски војски, небаре секој глас од освестените поништува по еден глас од заслепените
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Силниот политички набој и фрустрација акумулирани од референдумот, начинот на гласањето во парламентот за уставот, промената на името и потпишувањето на Преспанскиот договор, но и од корупцијата и изневерените очекувања, би можел да предизвика сериозна политичка криза
Ана ПАНОВСКА
Какви се шансите за победа и на едните и на другите? За почеток само едно залаче од прогнозата, колку да биде интересно ‒ изборниот резултат меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе биде тука некаде, пата-пата. Кој ќе прави влада ќе видиме по 12 април 2020 г. Додуша, за ВМРО-ДПМНЕ поарно ќе беше да прифатеше избори во декември. Априлот им е некако баш баксуз месец, неуспешен
Мила ЦАРОВСКА
Што ако се вратиме назад во времето од пред пет години? Што ако се врати олицетворение на режимот на Никола Груевски? Ако нѐ поклопи мракот во изолираната држава? Држава на национализам, поделби, конфликти, сиромашни и немоќни граѓани, политики кои се мешаат во одлуките на жената за сопственото тело?
Наум СТОИЛКОВСКИ
Денес Заев, бизнисменот во премиерска фотелја, турка закон по скратена постапка за извоз на цвет од канабис, односно продукт за секаква намена. Прашувам, зошто се става европско знаме на закон што значи хармонизација со, засега, нехармонизирано право во ЕУ?
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Што очекувате некој однадвор да мисли и како да ги вреднува моралните квалитети на партиските и политичките „лидери“ ако тие самите меѓу себе секојдневно и без престан се ословуваат како криминалци и, што е најважно, даваат докази за тоа
Стојан АНДОВ
Глигоров се најде во чудо кога овде во Комората и нему и мене во лице ни „плесна“ Црвенковски, велејќи дека владата е решена да не го спроведува ембаргото кон СР Југославија. Глигоров ми изгледаше изненаден од настапот на Црвенковски. Но, не реагираше
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Интригантна е донесената пресуда од Кривичниот суд во Скопје на почетокот од овој месец, со која му изрече казна затвор во траење од три години на раководителот на касата за посебни намени на поранешната УБК. Како тазе пензиониран, „Црни Петре“ го изеде стапот, иако беше само извршител