Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Владата на Заев прифати асиметричен договор со Бугарија, де факто се откажа од поддршка на македонското национално малцинство, има намера да ги отстранува таблите со натпис „бугарски фашистички окупатор“, а официјална Софија сепак одговара со катиљ ферман декларација во незгоден политички момент. Зошто?
ПРАТЕНИЧКА ГРУПА „ОСОМНИЧЕНИ“
Списокот со осомничени и обвинети пратеници е солиден. Вељановски, Димовски, Рангелова, Милошоски, Тачи, Канческа Милевска, Ахмети, Ременски, Димовски … Не е лошо да си формираат пратеничка група – Осомничени и Обвинети
ЌЕ ИМА ЛИ ДАТУМ ЗА ИЗБОРИ?
Откако ЕУ неделава ќе донесе одлука дали Македонија ќе добие датум за преговори, ќе стане појасно кога може да се очекуваат следните парламентарни избори. Дали партиите што се во фаза на формирање, и „помалите“ партнери во големите коалиции, ќе формираат политичка сила, која ќе атакува на околу 100.000 гласови, колку што се проценува дека лебдат на политичкиот пазар?
ТЕШКО Е ДА СЕ БИДЕ ВО ПАТИКИТЕ НА ЕДИ РАМА
Албанските граѓани се обединети во скептицизмот дека Брисел им подготвува долг, а можеби и бесконечен процес на преговори за пристапување кон ЕУ. Дополнително се предупредува дека Турција и Кина само чекаат уште една грешка на ЕУ, за целосно да го повратат своето влијание во Албанија
„ФОКУС“ ВО ШТИПСКИОТ ЗАТВОР
Условите во македонските затвори се изложени на постојан мониторинг и критика и се уште се далеку од европските стандарди. Штипскиот затвор излегува од вообичаеното затворско клише и нуди похуман третман, во кој сегашни станари се осудени лица од неколку големи судски процеси
СПОРТИСТИТЕ И ПОЛИТИКАТА
Спортот треба да обединува, да шири позитивна енергија. Јасно е дека нашите спортисти имаат големо влијание кај македонската јавност, но тие треба да бидат алатка за сплотување на фановите, а не да ја делат публиката и поради одлука партиски да се ангажираат да го навлекуваат гневот на дел од навивачите
СИЛУВАЧ ИЛИ ЖРТВА
Ќе оди во затвор или ќе остане дома со своето семејство и да се радува на приновата која ја очекува? Ова е неизвесноста пред која се наоѓа млад човек од внатрешноста, кој се соочува со сериозно обвинение за силување. Тој пак се брани дека бил во доброволна тајна врска со девојката цели три години
АНАТОМИЈА НА ДЕФЕТИЗМОТ
Ако Грујо на конгресот во Валандово зборуваше за „ножиња во грбот“, а Заев ја имаше изјавата за „педерите“ кои заедно со „суетни новинари и криминалци“ му ја рушеле власта, што да каже народот, кој пред очи гледа како неговата држава е во децениски процес на сеопшто пропаѓање. Кого тој да обвини?
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Наместо политичарите и интелектуалците да заклучат дека доцна е направен компромисот со името, се погласни се оние кои велат дека компромисот е џабе направен. Се плашам дека оваа погрешна логика само ќе зема замав како што ќе се доближуваме до избори. Таквиот став, пак, ќе ја уназади нашата држава
Ана ПАНОВСКА
Не, драги мои, владата на Заев не избрза, само Македонија многу задоцни. Задоцни во менталниот развој со негувањето на инфантилноста како патриотска доктрина, според која сите ни се виновни, сите не пизмат, сите да се променат само ние, НЕ!
Мила ЦАРОВСКА
30.000 домаќинства добиваат минимална гарантирана помош, повеќе од 22.000 деца добиваат детски додаток, но за сите овие луѓе следен чекор е мотивација, поттикнување и оспособување да остварат самостојно приходи и да преземат одговорност за себе и за своите семејства
Наум СТОИЛКОВСКИ
Кредибилитетот на оваа власт и дома и надвор е нула, 0, „компир“! Ако остане уште некој месец, како тргна со зелени картони и исправање криви дрини, и следниот јуни ќе го пропуштиме. Државата крахира, Заев, ајде на избори, докажи дека си „ОптимиС“
Стојан АНДОВ
Лесно е да се заклучи дека ембаргото беше против режимот во Србија, но и против српскиот народ. Но моравме понатаму да се запрашаме: треба ли така да му помагаме на српскиот народ што истовремено ќе му помагаме и на режимот во Србија? Имаме ли морална обврска како кон српскиот народ, така и кон режимот на Милошевиќ?