1250

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Полицаецот задоволен од часот по логика, го прашува колегата: Имаш ли аквариум“? Кога добил едно кусо НЕ, „логично“ заклучил: „Значи ти си педер“! На „цајканскава логика“ од вицов, мене ми наликуваат сите шашми што се шиткаат низ социјалните мрежи, чија поента е кој се сликал со Боки 13, тој е рекетар!

ОД АМЕРИКАНСКИ ДИПЛОМАТ ДО МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН
Довчерашниот шеф на политичкиот оддел во амбасадата на САД во земјава, Дејвид Стивенсон, одлучи да ја прекине дипломатската кариера и да започне бизнис во земјава. Една од компаниите што ги формирал Стивенсон – „БСГ Консалтинг“, само во втората половина на минатата 2018 година остварила приходи од над 85.000 евра

АЛИ АХМЕТИ: ДА САКАВ ДА ЈА ДЕЛАМ МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ЈА ПРИФАТЕВ ПОНУДАТА ЗА ПОДЕЛБА ВО 2001
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за првпат во својата политичка кариера од 2002 година до денес, гостува со интервју за „Фокус“. Со лидерот на ДУИ разговараме за неговото евентуално повлекување од кормилото на партијата, за можноста повторно да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ на следните избори, за случаите „Диво Насеље“ и „Монструм“, за актуелната состојба со СЈО и јавното обвинителство и за други дневно-политички и стратешки политички теми во Македонија и во регионот на Западен Балкан

НЕПРЕМОСТЛИВА ПРЕЧКА ВО МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИТЕ ПРЕГОВОРИ
Гоце Делчев е значаен и за едните и за другите, но не подеднакво. За Бугарија, тој е само еден од многуте револуционери, а за македонскиот народ еден и единствен. Ова го потврдуваат и историчарите и историските извори. Поради тоа, не е случајно што заедничката историска комисија никако не може да донесе конечен заклучок за неговата дејност

СЕ НИЖАТ ЖРТВИТЕ ОД МОНТИРАНИТЕ СУДСКИ ПРЕДМЕТИ
Со промената на власта, граѓаните очекуваа дека конечно ќе ја дочекаат правдата, а неправедно обвинетите или осудените, ќе имаат шанса да ја докажат својата невиност. Но, времето како да застанало. Случаите „Змиско око“, „Изгрев“, „Ровер“ и уште многу други течат како ништо да не се сменило

ЧЕКАЈЌИ ЈА РЕНЕСАНСАТА
Половина народ ни е Ромео, половина народ ни е Јулија, тие тајно се сакаат оти се еден ист народ, ама јавно мора да глумат омраза од страв од нивните партии од кои им зависи сѐ, од работно место и успех во бизнисот, до сместување во студентски дом и навремена лекарска услуга во јавното здравство и сѐ помеѓу тоа. Феудалните партии со средновековен ментален склоп ќе ги трпиме сѐ додека не почне и нашата ренесанса

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Не разбирајќи дека прво треба да се квалификува за опозиција внатре во демократскиот систем, за да може подоцна да претендира за власт, ВМРО-ДПМНЕ игра на кусото паметење на граѓаните и на старата вистина дека апсолутната власт, порано или подоцна, ќе ја корумпира и сегашната власт

Ана ПАНОВСКА
Ако е некој толку финансиски моќен, врти и длаби и таму кај што дури ни бургијата не може. Со таа нечесна огромна пара во кеш, во недвижни имоти, парцели, ниви и ливади нема лесно расчистување со криминалот на ДПМНЕ и нивните опашки, зашто нивната бургија пробива насекаде

Јанаки МИТРОВСКИ
Недопустливо е условите за одгледување афион да се полабави од оние за канабис. Конкретно, за одгледување афион доволно е правното лице да вработува ЕДЕН вработен, а за канабис ПЕТНАЕСЕТ. Сметам дека овие законски измени ги фаворизираат исклучиво големите играчи. Зошто државата ги сузбива микро и малите бизниси и кому тоа му служи?

Наум СТОИЛКОВСКИ
Никола Димитров не можел да се врати дома без датум! Какво признание! Во делумно демократски и нормални земји со ваква изјава, во најмала рака се додава и дека е депонирана оставка како конечен некаков морален, човечки чин од министерот

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Нашата политичка сцена има обележја на борба помеѓу две криминални банди. Од исходот на таа борба зависи кој ќе владее во Македонија, при што, секако, не треба да се заборави и влијанието на неколкумина олигарси чие подземно политичко влијание е присутно и видливо

Стојан АНДОВ
Антифашистичкиот народно-ослободителен комитет (АНОК) се спротивставил на Манифестот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Од АНОК предочувале дека истите начела „слобода и рамноправност на една третина од Македонија… на македонскиот народ нема да му донесат слобода и рамноправност затоа што делумно ослободен народ не е слободен народ“