1246

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Заев го пријавил случајот „Рекет“, тој јавно инсистира органите на прогонот да расчистат до крај со сите вмешани во аферата, ама никако не може да ја избегне политичката одговорност за рекетарското дивеење на самонаречениот крал, кој беше крунисан на престолот на измамата со државна и партиска помпа на владејачкиот СДСМ

СПЕЦИЈАЛНАТА ОБВИНИТЕЛКА ВО АПС
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и официјално влезе во „рекетарското“ друштво на Боки 13 и Кичеец, откако стана осомничена во случајот „Рекет“. Иако знаеше дека нелегално прислушуваните разговори се силен доказ пред суд, сепак самата дозволи гласот нелегално да ѝ биде снимен, и да ја разоткрие. Ја улови „криминалецот“, кој таа лично требаше да го стави зад решетки. Е па, на здравје снимање!

„ГОЛЕМИТЕ ПРОЕКТИ“ НА КУМАШИНОТ НА МИЈАЛКОВ
Комплексот наречен „ЕОС Луксузни апартмани“, лоциран во Касандра, првиот крак на Халкидики, е во сопственост на зетот на некогашниот „крал на тутунот“ Данчо Шутурков, Ристо Секуловски, кој воедно е и долгогодишен близок пријател на поранешниот прв извршен и оперативен директор на „Македонски телеком“, Жарко Луковски, чиј кум, пак, е екс шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков

КАДЕ ОДАТ ПАРИТЕ ЗА ДРЖАВНИОТ БАВЧАНЏИЛАК?
Договорот во вредност од 780.000 евра за хортикултурно уредување на државните институции го доби фирмата „Триста груп“ и е со времетраење од три години. На тендерот се пријавила само оваа компанија. Според Службата за општи и заеднички работи, понудата на „Триста груп“ била прифатлива, па договорот бил склучен. Иако не е незаконски да се прифати понудата без оглед што само една фирма се пријавила на огласот, сепак тоа не е во духот на Законот за јавни набавки

ДАЛИ ДПМНЕ ГИ ПРЕДАДЕ ИДЕАЛИТЕ НА ДИЈАСПОРАТА?
Како што Арапите ја спасија и ја зачуваа европската наука и уметност за време на мрачната средновековна доба, така и нашата дијаспора го зачува и го спаси ВМРО од заборавот за време на педесетгодишното владеење на социјализмот. Но, многумина сметаат дека ДПМНЕ, не само што не ѝ се оддолжи на дијаспората, туку сериозно застрани и отстапи од нејзините познати политички убедувања

КАКО ТРЕБА ДА СЕ СПИНУВА ГАФ
Да беше Грујчо на местото на Заев, тој немаше да ѝ се извинува на ЛГБТ популацијата заради употребата на зборот „педер“. Каков беше, превеан, да беа главните ликови и во неговата афера новинарот кој ги објави снимките, Ларис Гајсер (ЛГ) и главниот рекетар Боки Тредичи (БТ), тој ќе тврдеше дека нема да дозволи ЛГ и БТ да го срушат, но тоа не значи дека мисли на ЛГБТ, ќе се насмееше небаре кажал некоја јака фора

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Мојата баба по мајка, Елена Ангелу, била Гркинка; мојот дедо по мајка Христо Аливантов бил македонски Бугарин; мојот татко бил Македонец и јас сум Македонец. Новата нација е создадена и нејзиниот јазик и култура нѐ разделуваат од околните нации. Но, она што нѐ обединува со нив е нашата заедничка човечност

Јанаки МИТРОВСКИ
Без Катица, евентуално уште некој обвинител, и пет-шест политичари од самиот врв на владејачката партија да завршат во Идризово, Justicia засекогаш ќе ја напушти Македонија

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Имајќи ги предвид докажаните криминали на претходното раководство на ДПМНЕ, претпоставените криминали на актуелното раководство на СДСМ и континуираниот криминал на ДУИ, време е да се постави прашањето за нивното место и улога во политичкиот и општествениот живот на граѓаните во Р. С. Македонија и воопшто во политичкиот систем

Ана ПАНОВСКА
Уште со голема доза на сомнение се бранам да ја прифатам аферата дека СЈО, односно Катица Јанева, така плитко и невнимателно се впуштила во таков рекетарски криминал со вмешани повеќе сомнителни фаци и еден превеан „тајкун“, што сите подбегнуваат да го наречат криминалец, кој истовремено е и сведок на Обвинителството

Наум СТОИЛКОВСКИ
Кога власта ќе почне да поставува прашања наместо да дава одговори и да понесе одговорност, тогаш државата е обезвластена. Власта се однесува како опозиција. „Рекет“ ги измести трите пазари на Заев за следните избори. Порачувам и предупредувам, памет во глава, сите, заради нас, заради децата, заради иднината. Одговори мора да има и од тоа нема бегање!

Стојан АНДОВ
Основната причина за судирот меѓу Шарло и Колишевски е разликата во концепциите на борбата против фашизмот и дејствувањето на комунистите во тогашна Македонија. Шарло се залагал за една, а Колишевски за друга концепција. За среќа, победила концепцијата на Колишевски, и тоа е клучен момент што овозможи еден ден и ние Македонците да имаме своја држава

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Уништувањето на снимените разговори од обер – криминалци, односно бришење на меморијата, потенцијално и реално, од нив ќе направи чесни луѓе и легитимни политичари. Зар тоа е намерата? Да се заборави? Ох, мори мајко, деменцијата за крим-наследството од злосторничкото здружение прогресираше во Алцхајмер, па и актуелната власт продолжи во истиот манир, како и претходниот режим