1245

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Са брчкааме уф морето сас Башканович и ми вика – Зец, јебали смо јежа ако онај Италијан извади снимке да сам и ја рекетирао са Бокијем? Јебали сте ви јежа, му лафам. Мен ма нема на снимките каа му тураате јапонски куглици на Боки Тредичи… Ја ли ја шетах Лила уф бикини по плажте на Халкидики или вии!? Саа ќе си ја сркте чорбата шо сте а запржиле

СИТЕ ДОКАЗИ КОИ ЈА ВЛЕЧАТ ЈАНЕВА КОН ЗАТВОР
Обвинителката Русковска има доволно докази според кои има основано сомневање дека шефицата на СЈО била дел од аферата „Рекет“. Ова е информацијата до која дојде „Фокус“ од упатени во истрагата. Ова, по автоматизам, не значи дека против Јанева ќе се поднесе и обвинение, но во моментот и таа треба да добие покана од Русковска и тоа не како сведок, туку како осомничена

ЗАЕВ ВО СЛОБОДЕН ПАД
До пред извесно време, Заев се држеше добро, на скандалите одговараше со отворен пристап и транспарентност кон медиумите. Но работите излегоа од колосек со аферата „Рекет“. Последните негови настапи говорат дека Заев ја губи самоконтролата, премиерот станува видно нервозен поради што изгледа дека „Рекет“, сепак, ќе му пресуди

ДАЛИ СЕ ПОВТОРУВА СЛУЧАЈОТ „ДЕМИР КАПИЈА – СМОКВИЦА“?
Откако се договори за продолжување на рокот за изградба на штипската болница, „Интракат“ го раскина договорот со „Бетон – Штип“ и одлучи самостојно да го финализира проектот од над 30 милиони евра. Тоа се случи веднаш откако Димитрос Кутрас стана и прв човек на Бордот на директори на „Интракат“, каде што дојде по долгогодишна работа во „Актор“, за која беа покренати истраги поради извлекување кеш во изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица

КАДЕ БЕШЕ ВМРО ЗА ВРЕМЕ НА НОБ?
Иако ВМРО официјално не постоеше во 1941, дејците на организацијата беа во голема мера активни на двете завојувани страни од Втората светска војна. Покрај отворената соработка со окупаторот на дел од нив, повеќето беа директно или индиректно вклучени во партизанските одреди и редови и дадоа значаен придонес, како за ослободувањето на земјата, така и за формирањето на нејзините први институции

ЕТИКА И ЕСТЕТИКА
Едните пред народот мафтаат со знамето од Кутлеш, а другите пред народот мафтаа со знамето на ЕУ. Тоа се нивните различни естетски системи. Ама и двете партии реално само го мафтаат народот со приказни за идеали додека цело време се борат за пари и привилегии, и тоа се нивните идентични етички системи

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Мојот страв не е дека ете се случила грешка, па Катица Јанева е погрешно поставена на функцијата специјален јавен обвинител и дека со нејзината смена работите ќе си дојдат на свое место. Стравот е дека илјадници и илјадници Катици Јаневи се распоредени на важни позиции ширум општеството

Наум СТОИЛКОВСКИ
Моментот на враќањето на Катица Јанева во просториите на СЈО е најголемиот срам за Република Македонија по 2016 година и враќањето на пратениците во Парламентот како ништо да не било по веќе изгласаната одлука за самораспуштање и распишани избори. Играта на судбината пресече токму тајни снимки да му пресудат на СЈО, а фетишот за „Т“ да заврши со (Реке)„Т“

Ана ПАНОВСКА
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сега нагазуваат докрај. Пари неброени се во игра, и тоа се ставаат како огромен влог за да се компромитира Заев по сите основи и да се притисне здраво до ѕид, очекувајќи самиот да крене раце, да се предаде, и тоа без борба, и да си даде самиот оставка

РИСТЕ ЉУБОТЕНСКИ
Голема е дилемата за каква било принципиелна, законска и ефикасна разврска на настанатата состојба. Прашање е кому да му се верува: на ЈО или на СЈО или, пак, никому!? И едните и другите веќе одамна ја имаат изгубено довербата на граѓаните

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Во најновиот мак-рекет а ла Боки Тредичи, во кој се инволвирани од СЈО, злоупотребени прислушуваните материјали, вмешани криминалци и поранешни и функционери од власта, судскиот процес против првообвинетите, од една страна, и рекетираните и евентуално обвинетите од СЈО, ќе биде судир меѓу две апашки групации