1244

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Заев веќе не е во позиција да зборува за неправдата, криминалот и за корупцијата на претходната власт. Премиерот сега мора да погледне и во својот двор и да разбере оти мечката сега и таму заиграла, па и во неговата искреност за непристрасна борба против организираниот криминал, јавноста и опозицијата исто така може со право да се сомневаат

ШАРЕНА ЛАГА
И кога разрешницата на „Рекетот“ е приоритет за европската ни перспектива, или ситуацијата е вонредна, обвинителката Русковска заминува на одмор, како и колешката и Катица од СЈО! Село гори, обвинителките се сончаат! Ова го доживеав како „вирус во системот“ 

ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ
По обелоденувањето на аферата „Рекет“,  ВМРО-ДПМНЕ почна да ги условува преговорите за законот за јавно обвинителство со датум за предвремени избори, по што двете страни почнаа да лицитираат со термини. Во меѓувреме, власта најавува економски бум, додека опозицијата се обидува да го зголеми коалицискиот капацитет, градејќи односи со албанската опозиција

СЛУЧАЈОТ „РЕКЕТ“ И СУДБИНАТА НА СЈО
Ако ОЈО бара телефони од еден обвинител за истрага како што е „Рекет“, а недостасува еден од нив, тоа е сериозна индиција дека се прикриваат докази. Да се работеше за друга личност, Обвинителството досега ќе побараше притвор, особено што подоцна телефонот е најден по сомнителен пат, а потоа и форматиран.  Форматирањето дава сомнежи за сторено кривично дело, вели адвокатот Звонко Давидовиќ

„МАКЕДОНИЈА ПАТ“ ПРЕД КОЛАПС
Според менаџерскиот договор, разрешениот директор Кадрију треба да земе отпремнина повисока од 10.000 евра. Претпријатието тоне во долгови, а Кадрију вели дека тој не е виновен за долговите, напротив, ги наследил и со своето менаџирање влијаел да се намалат. Сепак, според ревизорските извештаи на претпријатието кое го избриша името на државата – Македонија од своето име, му се заканува колапс

НЕВОЗМОЖНА ТРИЈАДА
Власта не ги расипува луѓето, таа само ги привлекува веќе расипаните, кои знаат дека ако се лојални полтрони (барем додека не добијат шанса да му забијат нож во грб на газдата и од тоа да ќарат) така најлесно ќе заработуваат за живот, штом не се доволно чесни за да им верува некој кој би им понудил некоја друга, реална работа

ФЕЉТОН: ЛЕВАТА И ДЕСНАТА ИДЕОЛОГИЈА (5)
Како и кај СДСМ, така и кај ВМРО, постои огромен идеолошки дисконтинуитет во однос на минатото, но постојат и цели 126 години историска дискрепанца што и во светски рамки претставува огромен период, во кој е невозможно да не еволуираат клучните идеолошки постулати, методите на организирање и начините на дејствување

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Оваа афера со јавното обвинителство може да стане доказ дека општеството, кое ВМРО-ДПМНЕ заедно со СДСМ го управуваат триесет години, е корумпирано до коска. Тоа ли е она што ги обединува партиите? Ако нивната стратегија беше да докажат дека сите се нечесни, успеаја. Следува деморализација на тие што не се корумпирани

Наум СТОИЛКОВСКИ
Гарнитурата што дојде на власт туркајќи се на портите на јавниот сервис со необјавени снимки од јавниот интерес, сега повикува новинари на распит во полиција поради објавени снимки од јавен интерес! Не верувам дека некој не го разбира дека во време кога Блескањето на Режимот е пуштено на најсилно, предупредувањата за можна цензура се многу опасни

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Случајот Рекет е криминално-политички трилер, кој, ако било кога се разоткрие до крај, ќе има поголеми политички последици и од некогашните политички бомби на Зоран Заев. Ќе се најде „јунак“ во државата што ќе го направи тоа!?

Стојан АНДОВ
Општото незадоволство на македонскиот народ во времето на Караѓорѓевиќева Југославија од притисоците за србизација на Македонците, БКП очигледно погрешно се обидувала да го објасни како тежнение на Македонците – Македонија да биде приклучена кон Бугарија. Но, такви знаци во практиката не постоеле. Таквите сигнали доаѓале од бугарската држава, БКП и од Методи Шаторов Шарло

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Во текот на изминативе речиси три децении повеќепартиски систем, горе-долу сите државни институции поминаа или сѐ уште минуваат низ повеќе или помалку успешни реформи, со исклучок на политичките партии. Без елементарна внатрепартиска демократија, тие имаат поголема сличност со мафијата отколку со модерните европски партии