1242 – 1243

by fokus

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Патетично е веќе да слушаме од владините пропагандисти дека ризикуваме оти медиумската врева против Заев и неговата Влада, ќе го вратела ВМРО-ДПМНЕ на власт. Мицкоски и неговата партија која е заробена во заштитништвото на режимот и Фамилијата, денес се поживи од кога и да е, не поради медиумската врева, туку со огромна заслуга на Катица Јанева и Зоран Заев, двата симбола на борбата против злото

СЦЕНАРИО ИЛИ СУДБИНА
„Пуч“ беше по пријава на тогашниот премир, површно скоцкан да се покријат бомбите, а нарачателот на прислушувањето да се дислоцира од УБК во странски служби. И за случајот „Рекет“ излезе дека го пријавил во обвинителството актуелниот премиер. Ако истрагата не даде издржани одговори каква е инволвираноста на Катица Јанева и дали се вмешани луѓе на високи позиции во власта, СДСМ тешко дека ќе „преживее“ на следните избори

СЛУЧАЈОТ „РЕКЕТ“ ДОБИВА МЕЃУНАРОДНИ ДИМЕНЗИИ
Откако биле информирани за случајот со изнуда на пари, амбасадите на две земји-членки на ЕУ алармирале до двата најголеми светски центри. Според сознанијата со кои располагаме, тоа иницирало истрага од страна на надлежен европски орган, која досега утврдила дека еден од осомничените во случајот поседувал недвижен имот во Хрватска, а обвинител имал имот во соседна Грција

СЕ СТЕСНУВА ОБРАЧОТ ОКОЛУ КАТИЦА ЈАНЕВА
Ќе ја седне ли случајот „Рекет“ и шефицата на СЈО, Катица Јанева, на обвинителна клупа? Ова е најчестото прашање, кое во изминативе десетина дена си го поставува јавноста. Нејзиното правдање дека „не е знајала“ што Боки ѝ правел зад грб, не увери, ама баш никого

РИЧАРД БЛЕР: СЕКОГАШ ПОСТОИ МОЖНОСТ ДЕМОКРАТИЈАТА ДА БИДЕ ЗЛОУПОТРЕБЕНА ЗА ЛИЧНИ ИНТЕРЕСИ
Единствениот наследник на Џорџ Орвел, неговиот посвоен син, Ричард Блер, во ексклузивно интервју за „Фокус“ говори за својот славен татко, кој го памети малку зашто починал од туберкулоза додека тој имал шест години, за најважните пораки од прочуените книги „1984“ и „Животинска фарма“, за Фондацијата Орвел што ја води и книжевната награда што секоја година ја доделува, за иднината на Британија надвор од ЕУ

ФЕЉТОН: ЛЕВАТА И ДЕСНАТА ИДЕОЛОГИЈА (4)
 И другите левичарски партии на Балканот за време на 1990-тите не ги „препотенцирале“ своите идеологии за прагматично да ги преживеат турбулентните антикомунистички години. Но, сега, кога тој процес е завршен, сестринските партии на СДСМ почнуваат процес на идеолошко воскреснување како единствен можен одговор на клиентелизмот, кој се заканува да ја уништи левицата

ОКО ЗА ОКО, ЗАБ ЗА ЗАБ, БОМБА ЗА БОМБА
Само оној кој не го бранел Грујо во 2015-та, сега има право да критикува за скандалите во СЈО и да го фрли првиот камен, метафорички кажано. И обратно, оној кој за секоја ситна глупост кај некогашниот режим бараше глави да летаат, сега нема право да бара да не биде казнета целата институција заради грешките на неколку луѓе

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Македонскиот политичар, како и латиноамериканскиот некогаш, е свесен за одговорноста кон роднините и соселаните, кон некој свој „земјак“, кон партијата или водачот на партијата, но одговорност кон Северна Македонија како држава е преголема апстракција за него

Јанаки МИТРОВСКИ
Можна е и таа варијанта – Јовановски да го злоупотребувал името на Јанева, и сето тоа би било прифатливо доколку коцките од грдата страна на приказната не се поклопуваат со сомнежите на јавноста – дека и СЈО Катица е инволвирана. Како поинаку да се појасни експресното пуштање од притвор токму на инсистирање на Јанева баш во периодот кога Камчев почнува да биде рекетиран?

Наум СТОИЛКОВСКИ
ОТВОРИ! ОТВОРИ! РЕКОВ ОТВОРИ се земјо и проголтај ги! Ако можеш воопшто да ги свариш, и ти сирота! И што ли да сварат идните генерации, учете деца од ZOРAN ZAEФ и од неговите пајташи, учете од Боки и Касица – тие се вредностите што владеат со ова општество

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Опасно е да се оди спроти партиските струења, кога и внатре во партиите и во општеството одамна е јасно дека најмал заеднички именител на политичкото дејствување на партиите се токму парите. Дали на нив се „лизна“ и СЈО, по извесно време ќе стане јасно како што е јасно дека нам не ни требаат ниту „леви“, ниту „десни“ партии, туку партии што ќе обезбедат одење напред

Стојан АНДОВ
Високи функционери во БРП – комунисти се правдале дека ја признaле окупацијата на југословенска Македонија откако претходно добиле соглaсност од Коминтерната. Ова изгледа нелогично: или немало никаква согласност, или, пак, навистина дошло такво известување од Коминтерната, ама тоа сигурно не било од Георги Димитров, туку најверојатно од некој друг од бугарските функционери