1239

by fokus

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Брисел и Вашингтон како да имаат различен аршин за македонските и за албанските „бомби“. Ако овде инсистираа да се расчисти со криминалот што произлегува од неовластено прислушуваните разговори, криминалот за кој се слуша во неовластено изнесените снимки од обвинителството во Тирана, како да не го регистрираат.

КОНТРОВЕРЗИТЕ ВО МЕПСО
Од заменик министер кај Груевски, Сашо Василевски стана директор на МЕПСО во власта на Заев. Со неговото директорување се спроведоа неколку контроверзни јавни набавки и продолжи слабата динамика на искористување на обезбедените кредити за капитални инвестиции.

НЕ САКАМ ДА БИДАМ КАТИЦА
Во интервју за „Фокус“, Вилма Русковска, шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал, открива дека Миле Јанакиески се нудел за соработник за случајот „27 април“, во кој тој се гони како еден од организаторите

ПРИНЦИПОТ НА МАРИЈА АНТОАНЕТА
Полицијата толку често го апси Миле, што треба да се преименува по името што го носеше во социјализмот, т.е. милиција или барем „милеција“, кога веќе „груиција“ или „камчиција“ или „сашиција“ или „крстомукиција“ нема ни теоретски шанси да се вика.

ФЕЉТОН: ЗАБЛУДИТЕ НА ЛЕВИЦАТА
На мини-анкета меѓу членовите на СДММ, од 10 луѓе, 9 слушнале за Црвенковски, Колишевски го знаат 6 од нив, а името на Васил Главинов е тотално непознато, не само за членовите на младината, туку и за повозрасните и поискусните членови.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Во добрите времиња „Преспа“ ќе нѐ лансираше уште подалеку. Волјата на Америка да се придружиме на НАТО беше одлучувачка како што, се плашам, волјата на Франција може да биде одлучувачка да не почнеме преговори со ЕУ

Јанаки МИТРОВСКИ
Владата, иако декларативно говори друго, полека пушта пипала секаде каде што може. Златни кокошки за партиски адвокати, лукративни бизниси за луѓе блиски до власта, но и до претходната, амнестирани битанги, сеопшта партизација и дузина советници

Ана ПАНОВСКА
Заев мора да биде свесен дека ништо нема да биде од неговата замислена силна економија ако не ги истера на чистина сите змиичиња, лисичиња и осичиња од бившиот режим, и за кои владата се правда дека немала правни алатки да ги растера

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Приказната за растот на економијата важи додека се освои власта! Откако ќе се дојде на власт, веднаш економијата станува само придружен фолклорен елемент на политиката. На таквата класична политичка шема не ѝ одолеа ниту СДСМ и лидерот Зоран Заев

Стојан АНДОВ
Во опасно зовриените години на левицата, под дејството на „Дијалектичкиот антибарбарус“ на Мирослав Крлежа, како што рекле и самите Кардељ и Ѓилас, се поделиле пријателите на Крлежа. Но, Тито не бил подготвен сериозно да го осуди