1238

by fokus

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Оливера Трајковска го прегрејала системот за прислушување! Машината снимала еден час, ама пошто муабетите на Оливера биле километарски, ја наштелувале машината да снима плус 30 минути. Ете како новинар може да биде повод за системски промени

ОД ЧОВЕК ОД ДОВЕРБА ДО ПОТЕНЦИЈАЛЕН РОБИЈАШ
Еден од блиските соработници на Груевски, освен нелегално, бил прислушуван три месеци и со судски налог. Непознато е дали овие снимки биле користени за добивање на неговата лојалност или, сепак, имало обиди да расчистат со криминалците во своите редови

НЕКОМПЕТЕНТНИ КАДРИ
Во управните и во надзорните одбори во јавните претпријатија членуваат луѓе со основно или со средно образование, иако законот бара високо образование и минимум тригодишно работно искуство. Кој сè членува во овие органи?

„ОДЛУЧЕН УДАР“ ПРОТИВ „СЛОВЕНСКО(ТО) БРАТСТВО“!
Фактот што во ист момент во Македонија и во Србија се одржуваат дури три мултилатерални воени вежби на кои учествуваат и руски и американски воени единици, сериозно ги подгрева шпекулациите дека настаните на Криволак не се рутински.

БАХРУДИНОВИОТ ПРИНЦИП
Се тресеше метлата два месеца и на крајот што се изроди? Ништо посебно, дури и оние министри од СДСМ што ги смени, ги зеде пак околу себе. Тој демек измел, а народот демек мижи и демек не гледа дека ѓубрето е сѐ уште околу него.

НЕ СЕ СРАМИМЕ, ГОРДИ СМЕ НА ТОА ШТО СМЕ
Првата Парада на гордоста во земјава ќе се одржи оваа сабота во Скопје. Кочо Андоновски вели дека Парадата ќе им даде ветар во грб на членовите од ЛГБТИ-заедницата, но и на сите други да излезат од плакарот и да бидат горди на тоа што се.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Сè додека постоеше нерешениот проблем и грчкото вето врз приемот на нашата држава во ЕУ, сите земји-членки беа ослободени од обврската во детали да ја анализираат нашата состојба. Доволно беше да речат дека се залагаат за решавање на спорот со компромис

Јанаки МИТРОВСКИ
Да беше метлата реална закана, први ќе беа изметени најнепопуларните министри – при МВР, здравство, неколку несреќници кои ѓоамити бркаат странски инвестиции и, секако, неспособните кадри на ДУИ. Вака метлата се скина уште на првото камче

Ана ПАНОВСКА
Репер за напредок и развој на Македонија ми е хотелот „Палас“. Кога ќе видам дека тој е обновен и дека блеснал со стариот сјај, тогаш ќе знам дека во нашава земја конечно проработело судството, проработела локалната и централната администрација

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Целосно го разбирам балансирачкиот пристап на Заев со актуелната реконструкција на владата. Сепак, иако мислам дека и самиот е свесен за тоа, редно е да го потсетиме дека најдобриот и најбрзиот пат за пад на една влада се токму гнилите компромиси и лажната солидарност

Стојан АНДОВ
Во сите одмерувања на силите меѓу хрватските и српските политичари, како и меѓу монархијата и демократски ориентираните сили, Македонците биле третирани како објект. И воопшто не се споменува ни името Македонија, туку била нарекувана Јужна Србија.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Политичката елита креираше мафијашки систем, во кој едните плаќаат во кеш, а другите се оддолжуваат со власт. Преведено, едните доаѓаат на власт преку пари, а другите до пари со помош на власта. Оттогаш државата е со пречки во развојот