1236

by fokus

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Наместо да губи време на апокалиптични сценарија, премиерот треба да говори дека до крајот на годината ќе влеземе во НАТО, набрзо потоа ќе почнеме преговори со ЕУ, а во меѓувреме да ја направи реконструкцијата. Но, најважно е да испрати сигнали, дека без оглед кога Брисел ќе ја донесе одлуката, во Македонија нема да се толерираат корупцијата, клиентелизмот, непотизмот…

ГОЛЕМАТА СЛИКА
Да не биде на крајот дека од бомбите се тресеше гората, ама се роди глушец …пардон, по некој Ѓоко во затвор, додека почесниот претседател на ДПМНЕ „ко капетан лаѓе“ си плови по Дунав! Како велелепно изигра и ги изигра Груевски, бога ми, заслужува да добие и апанажа. И беше фер што не им избега со мерцедесот, туку им го остави во наследство

ЗОШТО КОРИДОРОТ 8 НЕ Е ЗАВРШЕН НИТУ ПО ТРИ ДЕЦЕНИИ НЕЗАВИСНОСТ?
Според една теорија на заговор, парите од Кина се одобрени за Македонија да се поврзе со Бугарија, а подоцна вештачки истиот автопат од 45 км е пренасочен кон Штип. Груевски, поранешен советник на владата во Белград е набеден дека наменски, во интерес на Србија го продолжува 150 годишниот историски континуитет на саботирање на завршувањето на Коридорот 8!

РАБОТА ЗА АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА
АД „Осигурителна полиса“ редовно добива тендери од Општина Гевгелија. Оваа фирма склучувала договори и за време на претходната власт, но дали оваа пракса треба да продолжи, кога градоначалникот на СДСМ е поранешен вработен во фирмата, а таму денес работат неговата сопруга и ќерка

ЗОРА МИРЕВСКА, ЖИВОТ КАКО РОМАН
Пензионерка од Пробиштип за „Фокус“ раскажува за одлуката да ја згрижи двегодишната Теа во рамките на владиниот проект секое дете да има свој дом. Миревска прво ја загубила ќерката во сообраќајна несреќа, а потоа и сопругот од срцев удар, додека нејзиниот син живее во Канада. Таа вели дека Теа сега е светлост во нејзиниот дом, причина за радост и мотив да се оди напред

ПРИНЦИПОТ НА КОНТРАСТ
Зарем Заев се обидува да ги превари преварантите? Да им продаде пуфки на продавачите на пуфки? Неговиот оптимизам и верба во сопствената итрина се секако за пофалба, но тешко дека имаат контакт со реалноста и дека трикот ќе запали. Пред сѐ, затоа што Западот знае дека кооперативниот Мицкоски може да биде уште подобар полицаец од добриот полицаец Заев

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Најновата генерација политичари треба конечно да разбере дека сите треба да се впрегнат во тешката задача да изградиме демократски систем на контролирана и отчетна власт. Тоа е натпреварот на кој нѐ повикува Европа. Лесно е само да се вика дека власта краде, а да не се поправи системот што овозможува секој што ќе дојде на власт, да краде и да лаже

Јанаки МИТРОВСКИ
Ако на почетокот и на првата половина од мандатот на Јанева давав бланко поддршка за неа и за СЈО, по четири години сметам дека повеќе нема простор за гратиси. Катица Јанева не се снајде најдобро на позицијата на која беше избрана, или да бидам погруб, не е дорасната за неа

Ана ПАНОВСКА
Тоа што Каракамишева пишува писма по престолнините на Европа против нашето патешествие кон EУ, не треба да нѐ загрижува. За тоа најмногу треба да се замислат студентите што дозволуваат такво деструктивно суштество, што се нарекува професор, да има допир со нив без критичност кон нејзините мрачни визии за иднината

Стојан АНДОВ
Годинава се одбележуваат 80 години од почетокот на Втората светска војна. За два и пол месеци ќе видиме кој ќе биде иницијаторот за одбележување, кои ќе бидат учесниците на тие собири и дали одбележувањето ќе доведе до нови заострувања и дополнителни поделби во меѓународната заедница

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
„Метлата“, доколку искрено се намерава, сигурно ќе исчисти дел од кадровскиот смет, но многу побитно е како ќе се изврши селекцијата на новите кадри и, не дај Боже, да изберат од бетер дамбетер, па да излезе дека промените се вршеле за да нема промени