ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Како дел од мега-идентитетскиот проект на антиквизацијата, Груевски имаше ниет преку доминација во спортот да завладее со масите. Вардар и неговите успеси беа киднапирани од пастирот и од Фамилијата. Затоа обврска на сите, а најмногу на Владата е ракометната магија да им се врати на граѓаните
НАЦИОНАЛИСТИ – ИСТИ
Некои го хејтаа Стоилов затоа што јавно на прославата изјавил „Никогаш Северна, секогаш Македонија“. Спротивниот табор, пак, исти пакосни емоционални изливи имаше кон Наумче Мојсовски, кога јавно ја поддржа кандидатурата на Пендаровски за претседател
БЕЛАТА ПАЛАТА И БУДИМПЕШТА
На Мицкоски му одговара Груевски да го изгуби мандатот. Затоа ги охрабри пратениците да гласаат, затоа што така ќе изгледа дека расчистува со минатото и дека не е повеќе негов приврзок. Но, јасно е дека сѐ уште е под влијание на Груевски и јасно е дека ова не е природен развој на настаните, туку договорен театар
АНТИКОРУПЦИСКА БОРБА СО ПОЛОВИЧНИ ЕФЕКТИ
Новоформираната Антикорупциска комисија засега тешко се бори против непотизмот, бидејќи утврди дека најголем број од вработувањата на блиски роднини на јавни функционери во буџетски институции и органи биле согласно законските правила
МАКЕДОНИЈА ВО ГЕОПОЛИТИЧКАТА ИГРА СО ГАСОВОДИТЕ
Стабилната енергетска иднина на земјава е во мртва трка со надежите за стабилизирање на геополитичките односи на релација Москва – Вашингтон. Доколку тоа не се случи наскоро и не се одблокира завршувањето на гасоводната инфраструктура на Балканот, ќе страда и македонската економија
СЛУЧАЈ „ТРЕВНИК“
Судскиот случај „Тревник“, во кој обвинет е новинарот Драган Павловиќ Латас и неговите двајца браќа, за бесправна градба на викендички, е пред самиот финиш. Доколку Латас и неговите браќа бидат прогласени за виновни, можно е да останат без своите викендички
ДА СЕ ПОЛИТИЗИРА ИЛИ НЕ
Дали да се радуваш на успехот на Вардар ако си против ВМРО-ДПМНЕ и дали да се радуваш на успехот на Тамара ако си против СДСМ? Ако твоето радување зависи најмногу од тоа дали твојата партија ќе има корист или штета, тогаш ти не се радуваш ниту на Вардар ниту на Тамара, туку на ВМРО-ДПМНЕ или на СДСМ
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Мораме да бидеме спремни и на варијантата дека Косово можеби и ќе се подели. Тоа се реалности со кои ќе мора да се соочиме доколку големите сили застанат зад таквото решение, по евентуално постигнатиот договор меѓу Косово и Србија
Стојан АНДОВ
Сите активни политичари, па и во нашата земја, се во некоја рака и популисти. Таков е и Мицкоски и неговата пропагандна екипа. Разликата меѓу нив и Заев не е во степенот на популизмот, туку во фактот што Заев и многу тешки, незамисливо тешки проблеми реши и веројатно ќе реши
Ана ПАНОВСКА
Од каде извира тоа непресушно количество омраза, во случајов кон „клетите Шиптари“? Од ВМРО-ДПМНЕ кое, се разбира, контролирано го одржува цели 30 години и чека во заседа подмолно да го провре и да покаже дека тој, нивниот национализам, е градбеното ткиво на Македонецот
Јанаки МИТРОВСКИ
Никој не смее да си дозволи да навредува, клевети, омаловажува или, не дај Боже, да врши акти на физичко насилство кон ЛГБТ луѓето. Во таков случај, до кој не верувам дека би дошло, државата со својот монопол на употреба на сила мора жестоко да реагира
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Јаловите преговори помеѓу ДПМНЕ и СДСМ ниту даваат, ниту ќе дадат каков било резултат. Или, пак, тоа е и посакуваната цел – да се нема конечен и јасен став за судбината на СЈО, со надеж дека времето и заборавот ќе го направат своето
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Голем број дембели ја поминуваат работната кариера на работи и задачи за кои знаат дека не ги бива или, уште полошо, нема реална потреба од нив. Меѓутоа, ретко се зборува за дембелството како наша морална и духовна декаденција и колективна национална лузна
Атанас КОСТОВСКИ
Останав запрепастен од една информација на Македонската асоцијација на новинарите. Неколкупати прочитав, за конечно да се уверам дека точно така пишува – МАН – ЗНМ 437:21! Колегите од МАН избројале дека од Келн напишале 437 текста за успехот на Вардар, а оние од ЗНМ само 21. Каква злоупотреба! Наместо да нѐ обединува, спортот пак нѐ дели на два гола!