ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Сликата од Саемот на книгата е парадигматична за актуелниот политички миг. Што промовира и за што се залага Македонија две години по падот на Груевски? И во чии раце сме сите ние? Во рацете на пастирот, кој ни го плази јазикот од штандот на „Ѓурѓа“, заканувајќи се дека еден ден ќе се врати за да нѐ дотолчи?
БОМБА ИЛИ ПЕТАРДА
Не верувам дека резултатите од „метлата“ ќе го имаат ефектот на „бомбите“, особено ако многумина што ги задоволуваат критериумите од концептот на Заев бидат заметени под тепих. Во тој случај, бомбата за метлата ќе пукне како обична петарда? Згора на тоа, не знам дали во пораката што премиерот рече дека ја примил од гласачите го прочитал и апелот – да ја зачисти неправдата и селективната правда
ВЛАСТА СЕ БОГАТИ, ОПОЗИЦИЈАТА ОСИРОМАШУВА
Двете најголеми политички партии речиси се изедначија според остварените приходи во 2018 година, кога СДСМ инкасирал 2 милиони евра, а ВМРО-ДПМНЕ 1,8. Но кај власта постои тренд на зголемување на приходите, а кај опозицијата има пад откако замина во опозиција
АБОРТИРАНА ИСТРАГА
СЈО има докази за осомничени што поседувале „бомби“, со кои уценувале и рекетирале бизнисмени и политичари. Обезбедени се и докази и сведочења за извршените изнуди, како и пресметка за тоа колку пари се свртеле од „бизнисот“. Причината зошто СЈО овој предмет го држи во фаза на предистрага, е дека се штити осомничен, близок до висок владин функционер!
ТРАНСИСТОРИСКА ЉУБОВ
Пораките на папата Франциск се само продолжување на илјадагодишниот континуитет на политиката на Ватикан за зајакнување на влијанието во Македонија. Нашето црковно приближување кон Цариград е детектирано и на Западот, па Ватикан како и секогаш низ историјата презема конкретни дејствија
ЛЕКАРКИ АНТИВАКСЕРКИ
Пред да биде прогласена епидемија на морбили, уште лани опфатот на вакцинирани деца паднал до 82 отсто, а во некои региони и до 60 отсто, па така не изненадува епидемијата. Покрај родителите што водат антивакцинални кампањи, има и неколку докторки, кои повеќе од 10 години тврдат дека вакцините се смртоносни, а една од нив заработила и кривична пријава
ГЛЕДНА ТОЧКА
Со секоја голема моќ доаѓа и голема одговорност да не се злоупотреби. А со секоја голема шанса, доаѓа и голема можност таа да се прокоцка. На овој принцип никој не е имун, а најмалку некој како Заев, кој досега имаше еден куп шанси нешто корисно да направи за народот, и сепак не пропушти ниту една прилика да ја пропушти секоја прилика
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Не постои македонски синдром на самоуништување, туку само отсуство на демократска свест во главите на политичарите кои агресијата не се во состојба да ја сменат со умереност, а омразата со толеранција и почит кон опонентот. Следниот чекор, по претседателските избори, е да се промени лексиката на политичарите
Сашо ТАСЕВСКИ
Не сме нормални. Чиниш нашиве претседатели биле претседатели на некоја суперсила, па брзо се истрошиле од силните стресови соочени со разни светски предизвици и тероризам. Ние сме сиромашна и килава држава. Еве, нека им се додели претседателска пензија штом им заврши работниот век, ама толку
Јанаки МИТРЕВСКИ
Пред три-четири години на социјалните мрежи се шегував дека по смената на власта Медарски и Вујиќ ќе бидат Чукиќ и Марков. Филип, рака на срце, излезе подоследен или попаметен, и засега е изоставен од јавните претпријатија. Секоја власт си има свои адвокати, а јас не сакам да бидам дел од нив!
Ана ПАНОВСКА
Мислам дека не постои институција во земјава што е така затворена и бетонирана како МРТ. Јавноста повеќе знае што се случува во „тајните разузнавачки служби“ отколку за тоа што се прави во нејзиниот радиодифузен сервис, кому секој месец на сметката му легнува не мал загарантиран износ од буџетот на државата
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Она што граѓаните го очекуваат да го испорача оваа влада и тоа сега и овде, а не во некоја далечна небулозна иднина, е живот за сите и ништо повеќе. Впрочем, тоа е и нивно ветување, кое ако го исполнат многу доцна, подобро и да не го исполнат. Зашто дотогаш земјата ќе остане пуста, а младите и надежта иселени. Тогаш ќе биде сеедно кој и зошто е на власт
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Нашата „длабока држава“ е влада во сенка составена од хибридни субјекти, која функционира паралелно со официјалната влада, со цел да ја стави под контрола. Од тие „две влади“, првата работи отворено, додека „втората“ е тајна сочинета од доверливи пратеници, министри, обвинители, судии, директори, градоначалници, бизнисмени и ликови од подземјето