ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Овие избори докажаа оти времето на етно-партиските стада во македонската политика полека изминува. На Заев му останува последната година од мандатот најмногу да се посвети на продлабочување на визијата за она на што тој и досега беше посветен – пораз на национализмот и во македонскиот и во албанскиот табор!
МАТЕМАТИЧКИ ПРЕЦИЗНО
По мицковистичката математичка „логика“, тие се победници и кога губат, а уште повеќе ќе се победници и на следните парламентарни ем локални избори. Да не планираат во сите општини и како носител на сите изборни листи да ја стават Гога за кандидат или носител на листа?
КОГО ЌЕ СМЕТЕ МЕТЛАТА?
Заев засега може само да ја забрише прашината со најавената метла, со тоа што привремено ќе го амортизира незадоволството кај јавноста, но не и да направи клучни промени. Ако навистина сака да замете, прво треба почне од својот двор. Најмногу незадоволство во јавноста има од министрите од ДУИ, но и од Филипче и Спасовски на СДСМ
МИЦКОСКИ БАРА СЈО ДА ГИ ЗАПАЛИ ДОКАЗИТЕ
За да го поддржи новото законско решение за СЈО, Мицкоски бара обвинителите да ги уништат сите докази. Уништувањето докази е кривично дело кое се казнува со затворска казна до пет години. Ова треба да му е јасно на Мицкоски, бидејќи за ова се осудени неколкумина од УБК, кои уништија докази за да го сокријат нелегалното прислушување
ПОБЕДАТА НА ПЕНДАРОВСКИ ГИ ВОЗНЕМИРИ НАЦИОНАЛИСТИТЕ
Стево Пендаровски стана претседател со гласовите на граѓани со различна политичка и етничка припадност, со што предизвика паника кај националистичкото водство на ВМРО-ДПМНЕ, лажните социјалдемократи и интегративци во СДСМ и во ДУИ, затоа што резултатот покажува дека нивната идеологија претрпува пораз
ПОГЛАВАРОТ НА ИВЗ ФОРМИРАЛ НОВО ХУМАНИТАРНО ЗДРУЖЕНИЕ
Пред десетина години, ИВЗ го формирала хуманитарното здружение „Хилал“, но лани е формирано ново здружение со назив „Хилал ИВЗ“, каде што сопственик е и реисот Сулејман Реџепи. Постарото здружение е дел од кривичната пријава што ја поднесоа екс фунцкионери во скопското муфтивство на ИВЗ, кои го обвинуваат Реџепи за злоупотреба на донирани возила
ШТО ПОНАТАМУ
Кога Мицкоски ќе дојде на власт после наредните парламентарни избори треба да го пречека држава со устав кој нему значително ќе му ги ускратува моќите да владее авторитарно.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
По објавувањето на изборните резултати, слушнавме два говори кои не беа говори на признание. Првиот, на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ беше заморна ламентација над сопствената политичка судбина. Вториот, на шефот на поразената страна, беше жесток напад на победникот и владејачката партија дека „од денес ги чека вистински пекол“
Сашо ТАСЕВСКИ
Штета што клоновите на Груевски добија силен ветер во грб на овие избори токму од партијата на власт поради нејзиното лошо владеење, наместо да бидат понижени и поништени како збирштина на каматари, профитери, мегаломани и лудаци, зашто немаат никаква врска ни со ВМРО, ни со десница, ни со идеологија, ни со патриотизам
Ана ПАНОВСКА
Иванов си заминува како еретик од болшевички тип кому ништо не му беше свето, ни етничкиот и религискиот соживот, ни слогата меѓу македонскиот народ, ни повеќепартизмот и демократијата, ни парламентарното мнозинство, ни правото и правдата – ништо! Тој имаше само една слепа љубов кон неговата ВМРО-ДПМНЕ, на која ѝ служеше најпокорно до денешен ден
Јанаки МИТРОВСКИ
На говорот на прославата за победата на Пендаровски, премиерот кажа дека денес се славело, а од утре веќе ќе играла метлата. И, нели, зборот е збор, штом осамна понеделник- оп, Мијалков МЕТЛА од притвор (куќен). Во негов стил, на само ден после избори. ДАГАУ!!! Кутар Љубе, какво дежаву
Атанас КОСТОВСКИ
По последниот удар на изборниот гонг, нашиот политички фер плеј отиде во аут! Со само еден единствен изговорен збор – честитка до новиот „татко“ на нацијата, многумина ќе спиеја помирно таа изборна ноќ