1230

by fokus

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Дали револтираните од Заев сметаат дека пастирот веќе никогаш не може да се врати и дека неговиот режим не може да се повтори? Или можеби веќе им станало сеедно дали ќе се врати, зашто сметаат оти нема разлика помеѓу него и Заев? Или, пак, мислат оти враќањето на Груевски и не е толку лоша опција за нив?

НАПРЕД ИЛИ НАЗАД?
Дали бојкотирачите ќе победат ако пропаднат изборите на 5 мај? Не, потоа ќе се намали или укине цензусот и повторно на избори. Или, тоа што тие нема да гласаат, обземени од поривот да ги казнат оние што ги изневериле нивните очекувања, значи само дека можат да бидат надгласани од партиските поданици. И толку!

ШТО СЕ КРИЕ ЗАД ПРЕВИРАЊАТА ВО ИВЗ?
Кој ги поттикна тензиите во ИВЗ? Функционери на СДСМ кои се залагаат за промени во раководството, или структури на ДУИ, кои работат да пропаднат претседателските избори, со цел наместо партијата да замине во опозиција, како што се залага дел од врвот на СДСМ, да добие макар и привремен претседател на државата?

ШЕФОТ НА ДРЖАВАТА ВО ШАХ-МАТ ПОЗИЦИЈА
Претседателот цел месец не ја ставил на маса побараната аболиција од осудените за „27 април“. Прогнозите се дека Иванов нема желба да аболицира, но сепак не се исклучува можноста тоа да го направи последниот ден од неговиот мандат, 12 мај. Но, ако ги аболицира ќе треба со својот потпис да го признае новото име Северна Македонија, со што би плукнал на својот „патриотизам“

ЕЛВИС МЕМЕТИ: РОМИТЕ НЕ СЕ САМО ЗА ЧИСТАЧИ, ТИЕ МОЖАТ ДА БИДАТ И МИНИСТРИ И АМБАСАДОРИ
Oчекувањата на Ромите се дека ќе бидат соодветно претставени во Кабинетот на претседателот, во дипломатските претставништва и што е најважно, ќе бидат сведоци на еден поправеден пристап од претседателот на државата при носењето на важните одлуки, вели Елвис Мемети, претставник на Аваја, која ги артикулира интересите на ромската заедница

АПСОЛУТНА (НЕ)МОЌ
Сите оние кои едвај чекаат Хорхе да си замине и со тоа во претседателската палата нема повеќе да вирее фикус, џабе се радуваат, без оглед дали фикусот ќе биде заменет со Гога, Стево или, привремено, со Талат. Оти не е Хорхе фикусот. Народот е фикусот, штом дозволил елита со преторијанско – јаничарски манири да го јава и злоупотребува со децении. Ами чаре?

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Ќе видиме каква ќе биде одлуката на самитот во јуни, но малку е веројатно дека ќе добиеме датум за почеток на преговори. Лично мислам дека ова не е добро стратешко размислување, па ако работите тргнат на лошо во земјата и во регионот, еден ден може да зажалат

Сашо ТАСЕВСКИ
Немањето цензус во недела, ќе биде последната шајка на ковчегот во кој одамна чекаат на својот погреб македонските политички елити. Од прва до последна. Немањето цензус исто ќе значи и брзи предвремени избори, оти тоа ќе биде крај на легитимитетот за владеење на партиите на власт

Ана ПАНОВСКА
Ми паѓа мрак на очи од тажачките, лелеците и од патетиката на Сиљановска-Давкова, која ме потсетува на оние траорни женички тажачки, кои одеа на сите погреби и помени во фамилијата, кои редеа и премираа за починатиот, кој ниту им бил род, ниту некој близок комшија – ама, чиниш, срцето им се кине од тага

Јанаки МИТРОВСКИ
Непринципиелните коалиции со ДУИ, Амди, Авировиќ, Бетка и Крсто, милионските тендери за СГС и фирмите на Мукоски, овој народ ќе ги проголта. На тоа сме свикнале. Ама швалерките во ЕЛЕМ додека нашите талентирани млади деца масовно се иселуваат – тоа е долната граница под која не може да се оди

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Живот за сите е можен единствено со „пресечување на опашката на гуштерот“, тој профанисан и најштетен дел кој со децении го задушува нормалното функционирање на општеството

Атанас КОСТОВСКИ
Ќе беше спектакуларно да не беше изборниот молк, на стартот на маратонската трка на 5 километри да се појавеа Гога и Стево во своите предизборни маички. Може крај нив да бидат главните тренери и кондициските експерти, крај Гога, Мицкоски и Јанушев, крај Стево, пак, Заев и Кирацовски