1229

by fokus

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Претседателските избори веројатно некако може да се спасат од пропаѓање, со мобилизација и поголема излезност во вториот круг,  но не знам дали има доволно време до редовните парламентарни избори во декември 2020 година, метлата да го исчисти ѓубрето од политиката

ШАРЕНИТЕ И ТВРДОКОРНИТЕ НА ИСТА ЛИНИЈА!?
Проблемот е што Мицкоски може да стане идниот премиер, не затоа што привлекол нови гласачи, напротив ги губи, ама помалку од абењето на сдсмовскиот контингент. Така и ги „зацрвенија“ мнозинството општини. Ако Заев не го зачисти ѓубрето во своите редови, тоа ќе биде порака: Еј Мицко, не ме буткај, сам ќе паднам!

БИТКА ЗА ГЛАСОВИТЕ НА РЕКА
За вториот изборен круг, и Пендаровски и Силјановска ја побараа поддршката од гласачите на Река, без кои практично тешко може да се исполни цензусот за успешни избори. Познавачите велат дека овие гласачи тешко ќе бидат убедени да учествуваат во вториот изборен круг, откако веќе  беа мобилизирани преку промоција на етнички каузи

ДАЛИ ТУРЦИЈА ЌЕ НЕ БЛОКИРА ВО НАТО?
Договорот за стратешко партнерство во одбраната со Грција и давањето можност грчки авиони да го обезбедуваат македонското небо, е вистинска причина за вознемиреноста во Анкара од страв дека го губи влијанието во Скопје

МАРИЈАН НЕНОВ: ГРУЕВСКИ И ФАМИЛИЈАТА СТОЈАТ ЗАД „БЕГ“ КОЈА УКРАДЕ 20 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ГРАЃАНИТЕ!
Маријан Ненов е еден од основачите на здружението „Но пасаран“, кое веќе шест ипол години води судска битка со БЕГ, компанија која на илјадници граѓани им испраќа сметки за парно, а воопшто не користат вакво затоплување. Од 1 април е донесен Правилник со кој паушалот повеќе нема да се плаќа, но старите долгови и тужби никој не сака да ги избрише.

ПОЧЕТОКОТ НА КРАЈОТ
Пред две години, на локалните, граѓаните удрија шлаканица по десниот образ на политичката елита, а сега удрија шлаканица и по левиот образ. Ако овие две шлаканици не се доволни да ја освестат елитата, нема друго чаре, освен на парламентарните избори граѓаните да ѝ зададат нокаут на елитата

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Изберете ме за претседател, а партијата што ме поддржува доведете ја на власт и ќе видите што е правда, вели кандидатот на македонските националисти. Погрешно. До правда е единствено можно ако сите партии се обединат околу концептот на правната држава и вредностите на западната демократија

Сашо ТАСЕВСКИ
Ако Заев не го исчисти ѓубрето од својот двор, ѓубрето ќе го исчисти него, сто посто, а на следните парламентарни избори ќе добие црвен картон како триумфалнана порта. Ем црвен, ем од стиропор. Да пукнеш од мака

Ана ПАНОВСКА
Гласањето покажа точно колку народ ќе имало на референдумот ако немаше бојкот и колку народ ќе гласал „против“ ‒ 319.240 души, двојно помалку од оние што се изјаснија „ЗА“, кои тогаш си ја завршија работата така што во неделата немаа намера да се повторуваат по тоа прашање. Тие гласаа против слабите резултати на владата

Јанаки МИТРОВСКИ
Кога се приватизираа енергетските компании, наследија илјадници неплатени, а застарени побарувања. Но, си најдоа партнер во извршните власти, кои им поделија приемни печати на судот за да можат вработените во енергетските компании сами да си ставаат печат

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
И покрај извесноста дека Пендаровски ќе победи во вториот круг, СДСМ, а пред се Заев, ќе мора да се вратат чекор назад и да ги преслушаат сопствените зборови од пред две години за да се потсетат што ветиле, а што не исполниле. Од тие свои ветувања да направат изгледно утре. Во спротивно, мав им е работата!

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Од своите глави си патиме, а речиси три децении непроменливи останаа две константи на партиските апаши со тапија од трите доминантни партии: тамаќарските лични и партиски интереси и меѓусебните коалициски уцени, чиј заеднички именител е опсесијата за власт

Атанас КОСТОВСКИ
Во време кога Владата најавува дека преку најавените спортски ваучери во спортот ќе бидат инвестирани околу 6 милиони евра, добро би било Секцијата на спортските новинари да се појави со предлог за издавање нов дневен спортски весник