ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Разочарувањето поради преголемите очекувања од Владата на Заев, не треба да не заслепи и да не ја забележиме големата приказна на овие избори. Ако ги доведеме во прашање договорите со соседите и Законот за јазиците, нема да има ниту меѓуетнички мир ниту надворешно политички амбиент за развој и инвестиции, ниту правда и правна држава
ЗАВЕДУВАЊЕ НА МАСИТЕ
Сетики си мислам дека Ѓорге Иванов е на тешки маки. Тој сигурно би ѕвекнал уште една аболиција, конкретно на осудените за крвавиот четврток, ама ако напише Република Македонија, тоа нема правна проѓа. Ќе биде забавно ако со еден ваков неразумен чекор, сепак го признае новото име – Република Северна Македонија. Ма, Хорхе и се е можно!
АЛБАНЦИТЕ ЌЕ МУ ДОНЕСАТ ПОБЕДА НА ПЕНДАРОВСКИ
На сите досегашни претседателски избори не се случило да победи кандидат поддржан од опозицијата. Покрај традицијата, во прилог на Пендаровски на овие избори одат и анкетите, кои покажуваат дека со поддршката што ја има кај Албанците успева да ја неутрализира предноста на Силјановска – Давкова кај етничките Македонци
ИЗБОР ПОМЕЃУ ИДНИНАТА И МИНАТОТО
По кампањата, еве нѐ пред првиот круг на претседателските избори. Трoјца кандидати за претседател на Република Северна Македонија. Двајца за иден „татко“ и една за идна „мајка“ на нацијата. Никој не размислува на пораз. Секој сака да биде прв. А мудро животно правило е. Не е важно да си прв. Најважно е да си пред вториот!
ДАЛИ РУСИТЕ ЈА ТРУЈАТ И ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА КАМПАЊА?
ВМРО-ДПМНЕ и албанската опозиција ќе паднат во руската замка ако во изборната кампања го спорат договорот од Преспа и ги злоупотребуваат етничките предрасуди за изборни цели и со тоа ја забавуваат евроатлантската интеграција на Северна Македонија
ВАЉОН БЕЉА ПАЛИ И ГАСИ НА СКОПСКА ГИНЕКОЛОГИЈА
Тендерите на клиниките најчесто поминуваат низ рацете на организацискиот директор, кој на оваа позиција го држи ДУИ. Клиниката во последните неколку месеци добила повеќе од 20 предтужбени барања од фармацевтски компании и од фирми за медицинска опрема, кои ја снабдувале со лекови и основни материјали за работа. Зошто се трупаат долговите на клиниката?
КОГА ЛИДЕРИТЕ ПЕАТ
Чарето е кај Френк Синатра, чиј најголем хит беше песната „My way“, или „На мој начин“. На 21 април, секој гласач треба да си го каже тој стих пред да заокружи број пред кандидатот на гласачкото ливче. Стих кој во целост гласи „го проголтав ама и го исплукав после, и се соочив со сѐ и не потклекнав, и направив сѐ што требаше, на мој начин“
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Националистите се националисти, а либералите се либерали. Ако на ова се додаде непроменливата човекова природа, конструктивен дијалог меѓу нив е максимумот што можеме да го очекуваме. Се разбира, она што траеше триесет години со референцата, сега може да ни се повтори со новото име
Сашо ТАСЕВСКИ
Летаргијата и молчењето го донесоа Хитлер на власт и ги изградија логорите за масовно истребување. Кој треба да нѐ потсети на таа епизода од нашето постоење како цивилизација, кога не ни текнува. Токму таквите како Асанж и Сноуден. Тие ја исполнија својата задача, а ние галиба им се покакавме на чевлите
Ана ПАНОВСКА
Кога ќе станела претседателка, службено ќе ги почитувала новиот устав и Преспанскиот договор, ама приватно никогаш немало да ги прифати. Какво лицемерие! Едното лице за по гости, а другото за по дома, за во домовите на оние простички луѓе, полни со гнев, кои се занесуваат дека нивното пак ќе дојдело
Јанаки МИТРЕВСКИ
Тоа што тројцата кандидати за претседател се универзитетски професори, не мора да значи ама баш ништо. Па, подобар егземплар имаме ли од сегашниот, за среќа, во заминување претседател, Хорхе Први Паљурски
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
За мене лично, победник на овие претседателски избори ќе биде оној кој ќе успее да го сочува својот морален и професионален интегритет и нема да ја продаде својата индивидуална чест и гордост на олтарот на политичката функција. Тоа е вистинскиот меѓник кој ќе го одвои идното од минатото време
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Партиските менаџери-факмани од сите бои, но со иста лукративна идеологија, заеднички ќе продолжат да го стрижат „стадото“, а изопаченото „свето тројство“ меѓу политиката, бизнисот и подземјето ќе си функционира беспрекорно
Атанас КОСТОВСКИ
Следните ваши предизборни собирања организирајте ги на националната арена „Тоше Проевски“! На сите четири страни има вградено вкупно 33.000 столчиња. Бујрум, наполнете ги трибините, потоа лесно ќе ги преброите преостанатите ваши навивачи!