ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Мицкоски јавно му порачува на Заев дека помирување не е можно без целосна амнестија за 27 април, но неговата вистинска порака е оти помирување воопшто не сака. Зашто, со помирување, треба да го „затвори дуќанот“. А искрено мисли оти ДПМНЕ во Македонија може да вирее единствено со конфронтации – внатремакедонски, меѓуетнички, национални, библиски!
НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА
Како да се помириме без да има извинување од грешниците? Може ли да се помири нормалноста со лудилото? Еве јас, на пример, ѝ простив на пратеничката Даниела Рангелова откако јавно, на дебата на ТВ24, се извини за некои свои дискусии, се покаја за други работи. Е со такви како Рангелова може да има помирување
КРЕДИТОРИ ИЛИ ЛИХВАРИ?
Се намножија финансиските друштва кои доделуваат кредити во брза и едноставна постапка, со високи трошоци и лихварски камати. Моментално, на пазарот дејствуваат над 20 финансиски друштва, во сопственост на сегашни и поранешни политичари или нивни роднини, домашни бизнисмени, но и странски тајкуни главно од Бугарија, Русија и други земји од некогашниот Советски сојуз
ДРАМАТИЧНО СВЕДОЧЕЊЕ
Неделава во судот конечно проговори клучниот сведок на прислушувањето Ѓорѓи Лазаревски, кој раскажа кога дознал за нелегалното следење на комуникациите и зошто одлучил да ја стави главата во торба и сѐ да обелодени. Неговата приказна во судницата внимателно ја следеше Сашо Мијалков, кој набргу очи в очи ќе се соочи со Лазаревски
ЗОШТО ПРОДОЛЖУВА СОБИРАЊЕТО ДОНАЦИИ ЗА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО
Како функционираат работите со тешко болните пациенти кои не може да се лекуваат во државава, покажа и случајот со смртта на деветгодишната Тамара Димовска, која почина пред три години чекајќи да замине на лекување во странство. Нејзиниот трагичен случај беше само еден во низата, кој ја отвори кутијата со проблеми со кои се соочуваат граѓаните додека го поминат трнливиот пат од процедури
АРМАНД АСАНТЕ: ЌЕ ДОЈДАМ ВО МАКЕДОНИЈА ЗА ФИЛМОТ ЗА ХОЛОКАУСТОТ
Славниот холивудски актер Арманд Асанте, Наполеон и мамбо крал, во интервју за „Фокус“ говори за својата посета на Хрватска и островот Хвар каде што работи на документарен филм за холокаустот со познатиот хрватски продуцент Бранко Лустиг. Асанте себеси се доживува како бран, кој има енергија да патува без престан и до недоглед и вели дека живее само и исклучиво по свои правила
ПАРАДОКСОТ НА УСТАВОТ
Она што го пишува во уставот ама баш никому не му значи ништо. Моќните го игнорираат, а слабите не се надеваат на гаранциите запишани во него. Затоа, токму тоа треба да биде дел од стратегијата за доаѓање на власт на било која сегашна опозициона партија која сака да ги придобие гласовите на луѓето кои не се согласуваат со промената на името на државата
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Нашите неодговорни, неуки и раскомотени политичари и интелектуалци можат да се пофалат дека го постигнале невозможното: со години да бидат молени и на крајот да бидат принудени да ја внесат државата во НАТО и во ЕУ!
Ана ПАНОВСКА
Може ли ВМРО-ДПМНЕ да најде една нормална, пристојна средина на културна вербална комуникација? Замислете, потпретседателот на партијата има намера да го сопре процесот на амандманите со маалски, уличарски озборувања, па нека се тоа и од некои повисоки кругови
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Ако целокупната „правда“ се сведе само на кривично-правното санкционирање на Никола Груевски, без кривично-правни последици да понесат и другите членови на неговата криминална банда, тогаш повторно правната држава ќе се сведе на инструмент за политичка одмазда
Сашо ТАСЕВСКИ
Почнавме сами да се следиме меѓу себе и да се тужакаме кај органите на прогонот, ОЈО и администраторот на Фејсбук за тоа кој што рекол, дека во реченото има говор на омраза, па следат пријави, кривичен прогон. Излеговме од еден тоталитаризам, за да влеземе во друг, поголем и далеку позастрашувачки
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Долговременската заробеност од туѓи завојувачи, стравот од туѓинци, но и од комшиите, покажа дека на Македонија ѝ треба некој со камшик што ќе виси над неа и ќе кажува што треба, а што не може да прави