ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Духот на груевизмот и стравот од промената на името се уште владеат меѓу Македонците. Но изминатава година актуелната влада не направи ништо особено за да ги придвижи нештата во спротивен правец. Процесите на СЈО против Фамилијата се бавни, а дегруевизацијата на културната матрица никогаш не ни започна
7 ДЕНА: ИМА ЛИ СТАВ ЦРВЕНКОВСКИ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ!?
Ме трогна реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за кривичната пријава за Стевчо. Затоа апелирам да не се гонат неистомислениците на власта. Нека има кривични само за истомислениците. Со закон можеби треба да се забрани и кривично да одговараат лидери на партии. Нека си кркаат затвор само оние што продаваат марули на недозволено место или оние што ќе украдат ќебапи
ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА ПОСИЛНА ОД СУДБИНАТА
Наместо со песна како што имаше навика, екс градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, со пцовка ги одмина новинарските екипи, додека полицајци го спроведуваа на распит во Кривичниот суд. Управата за финансиска полиција го товари дека проневерил околу 600.000 евра при спроведување три тендери, за што му се заканува затворска казна од најмалку четири години
БИЉАЛ КАСАМИ: РЕФЕРЕНДУМОТ ТРЕБА ДА ПОКАЖЕ ДАЛИ МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ЗА ЕУ И ЗА НАТО, ИСТО КАКО АЛБАНЦИТЕ!
Во интервју за „Фокус“ првиот човек на БЕСА говори за состојбите во партијата и во албанскиот политички блок, за преговорите за влез во владата и за лидерските средби, за претстојниот референдум за договорот со Грција
РЕПУБЛИКА КОНСУЛТАТИВНА МАКЕДОНИЈА
Референдумот е консултативен, и вистинското прашање на него гласи: „Дали сакате овие слепци кои ве водеа и доведоа до ова дереџе и понатаму да ве водат, или би сакале некои нови слепци да дојдат и тие да пробаат да ве одведат до некое поинакво дереџе?“
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Во овој историски момент, по ова референдумско прашање, „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција?“, треба да се застане зад политиката на СДСМ и ДУИ. За друго, има време после. Зашто тоа е поддршка да се стави крај на децениската шизофрена игра со народот, само за да се добијат избори
Ана ПАНОВСКА
Ако не ја изведеме завршницата на оваа историска операција со потребните уставни измени и не влеземе во НАТО, тогаш оваа држава тешко дека ќе опстане ваква како што ја знаеме. Ништо понатаму нема да има значење. Тамам Хорхе да го обесиме на споменикон на Александар на плоштад, тамам со закон да се забрани ВМРО-ДПМНЕ, ќе нема никакво фајде
Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Време е Зоран Заев да си ги собере своите партиски и коалициски фронтмени и сериозно да им се закани со оставки и разрешувања, ако не сака одговорноста за нивното арогантно, расипничко и корупциско однесување да ја понесе самиот тој
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Сите досегашни македонски политичари, независно од партиската боја, кога ќе ја јавнеа, почнуваа битка за заграбување. Затоа нивното ДНК е расипано, корумпирано и без морални скрупули. И затоа се однесуваат како зевзеци кои сакаат да се шегуваат, расмејуваат и да се забавуваат со граѓаните