1190 – 1191

by fokus

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Треба да бидеме загрижени дали актуелните корупциски скандали може да имаат влијание врз определбата на граѓаните на претстојниот референдум за Договорот со Грција. Да не се случи, наместо за прифаќање на договорот кој треба да ја реши нашата перспектива за членство во НАТО и ЕУ, граѓаните да се изјаснуваат против корупцијата на актуелната и криминалот на поранешната власт, но наместо казна за нив, сите да бидеме казнети со тоа што Македонија ќе остане заглавена на слепиот балкански колосек

МИЈАЛКОВ СЀ УШТЕ МУ НУДИ НА ЗАЕВ ПРАТЕНИЦИ ЗА УСТАВНИ ПРОМЕНИ
Ако референдумот пропадне поради цензусот, на власта ѝ останува опцијата да се обиде да обезбеди двотретинско мнозинство во парламентот за уставни измени, при што ќе мора да смета на пратеници од опозицијата. Или, пак, втората опција е да распише предвремени парламентарни избори, на кои со заедничка листа на сите партии што се залагаат за ЕУ и НАТО ќе се обиде да освои 81 пратеник

РЕНАТА ТРЕНЕСКА-ДЕСКОСКА: БОЈКОТОТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ НЕМА ДА ГО СРУШИ ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА, ТУКУ ЌЕ ГО ЗАЦВРСТИ!
„Договорот со Грција е склучен и е ратификуван во Собранието. Оние кои нема да гласаат на референдумот, всушност, не помагаат за отфрлање на договорот. Ако нема цензус, нема обврска за Собранието да дејствува на овој или на оној начин. Немате одлука. Само ако има повеќе граѓани што се против договорот, при остварен цензус, Собранието ќе мора да ја поништи ратификацијата на Договорот“, ова се правните објаснувањата на Рената Тренеска-Дескоска за последиците од евентуалниот бојкот на референдумот.

ФИЛИПЧЕ НЕ ФАТИ РИПЧЕ, АМА СЕ ЗАПЛЕТКА ВО МРЕЖА ОД ЛАГИ
Откако јавноста почна со право да се сомнева дека зад тендерот од 35 милиони евра во здравството се крие голем корупциски скандал, зашто конкурирала само една фирма-човек, формирана во април годинава, а според информациите на „Фокус“ дозвола за работа добила дури во јули, министерот Филипче за два дена се појави на две прес-конференции. На првата вознемирен тврдеше дека нема ништо незаконито, но работите, сепак, ќе се проверат, за на втората театрално да објави дека тендерот се поништува. Зошто стручната јавност се сомнева во објаснувањата на министерот?

ПОЛИТИЧАРИТЕ ЌЕ ГО РАБОТАТ НАРОДОТ КАКО БАВЧА, СЀ ДОДЕКА НЕ ГО ОБЕРАТ БОСТАНОТ
Полето за потенцијални иновации е широко ама на него пасат само партиски впрегнати биволи.  Ако некој и се истакнува на тоа поле, тој се истакнал пред сѐ како страшило, како пример кој никој не треба да го следи. Поле на кое не се сее наука за да се жнеат иновации, туку поле на кое се сее партиска лојалност во длабоко изорани бразди на непотизам, а се жнеат грантови кој од кој поскандалозен

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Шизофрената игра дека сме „за“ НАТО и ЕУ и „за“ уставното име, две нешта кои меѓусебно се поништуваат, конечно мора да престане, затоа што не води никаде. Всушност, води во пропаст на државата

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Степенот на сегашната политичка отвореност на НАТО и ЕУ кон Република (Северна) Македонија никогаш во иднина нема да биде на толку високо рамниште. Навистина, ако дозволиме заради интересите на која било политичка партија или, пак, на поединци во самите политички партии да го испуштиме возот за иднината, тогаш треба да се откажеме и од сопствената држава и од сопствената иднина

Ана ПАНОВСКА
На семоќната природа не може да ѝ се забележи, таа не може да се осуди, мора да ѝ се прости. Но, на оној што го смисли Скопје 2014, скопјани никогаш не смеат да му простат. Особено поради уништувањето на душата на градот, којашто ни земјотресот не успеа да му ја земе

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Актуелната влада не е заложник само на криминализираната, алјаз и џамбаз Организација олицетворена во опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Вистинскиот проблем на актуелната власт е што е заложник на самата себе и на тесните партиски интереси