ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Сашо Мијалков тајно подготвувал пакет-решение за спроведување на Договорот со Грција. Керим би бил заеднички кандидат за претседател, референдумот би поминал мазно, а пратениците на ДПМНЕ би гласале за уставните промени. Мицкоски се спротивставува на ваквиот план, но Мијалков контролирал десетина пратеници и се заканувал дека со нив ќе го стокми потребното двотретинско мнозинство
НАЦИОНАЛИСТИ… СИТЕ ИСТИ
Говорот на омраза одамна е легализиран во државичката ни. Благодарение на незаинтересираноста на Јавното обвинителство, изминативе години можеше комотно, без последици, секој да блуе отров, омраза во енормни дози кон инаквите. Да се заканува дури со ликвидации
КАКО ГРУЕВЦИ СТАНАА ДОКТОРИ И МАГИСТРИ
Пред десетина дена, екс премиерот Груевски стана доктор на науки. Од поранешниот владин кабинет доктори на науки додека беа на власт станаа и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, како и министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска. Сашо Мијалков, пак, е „само“ магистер.. „Фокус“ истражува кој се од Фамилијата си обезбеди академски титули
АРАФАТ МУАРЕМИ: УСПЕАВ ДА ДОКАЖАМ КОЈ ЗЕЛ ПРОВИЗИЈА ЗА АВТОПАТОТ ДЕМИР КАПИЈА – СМОКВИЦА!
Амбициозниот директор на финансиската полиција, Арафат Муареми, кој беше дел и од истражителскиот тим на СЈО, а кој успеа да ја разбуди Управата од долгогодишниот сон, најавува дека ова е само за загревање. Неговите планови се кривично да одговараат сите функционери што украле дел од народните пари, а, пред сѐ, преку јавните набавки
КОМПАНИИ НА ТЕНДЕРСКАТА „ЦРНА ЛИСТА“
На списокот компании со негативна референца може да се сретнат добро познати тендерџии од минатото, од кои една е во сопственост на екс градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски, друга, пак, е градежната компанија „Бауер БГ“, која се поврзуваше со екс скопскиот татко Коце Трајановски, но склучи договор и со Петре Шилегов, неколку дена откако доби забрана за учество на тендерски постапки
НАПОЛНЕТИ ПРАШАЊА
Според најавите од Заев, за претстојниот референдум, прашањето наводно треба да гласи „Дали сте за ЕУ и НАТО и за поддршка на Договорот со Грција“ или слично. Зошто се ова наполнети прашања? Па, ако кажеш на кое било од нив дека си „против“, испаѓа дека си против зачленувањето на Македонија во НАТО и ЕУ. Ако, пак, кажеш дека си „за“, испаѓа дека се согласуваш со промената на името
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
По навика, и во услови на демократија, историчарите ја следеа политиката. Само така можеше да се случи една маргинална група на власт, на нација која катадневно ја пееше химната „Хеј Словени“ безмалку половина век, да им ја наметне античка Македонија како колевка на идентитетот, без сериозен општествен отпор. Зошто?
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Како со чекан по глава удира податокот дека за само две години, во времето кога Груевски и неговиот братучед Мијалков беа на врвот на политичката моќ, законот за градежно земјиште е менуван дури 29 пати! Да биде дрскоста уште поголема, откако ќе се изврши промената на законот и врз основа на таквите промени, „законито“ ќе се реализираат личните цели и интереси, одново повторно се враќани старите решенија
Ана ПАНОВСКА
Што чекаа оние од ВМРО-ДПМНЕ повеќе од цела деценија и нешто пред тоа? Ако беа патриоти така како што се претставуваат тие мораа да решат, заедно со нивниот претседател Ѓорѓе Иванов, да прогласат општа мобилизација и да ѝ објават војна на Грција, а со тоа посредно и на НАТО и на земјите од ЕУ! И сите нив да ги победат. Тоа е патриотизам!
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Треба навистина да се биде ајван за да се поддржуваат криминалци, наместо да се разобличуваат и да се бара да одат во апс. Треба да се биде ајван за да се поддржува арамилак, да се гласа за апаши да раководат и да ја одредуваат иднината. Тоа го може само вемерето, кое продава евтина политичка пародија