1187

by fokus

КИЛАВА ПРАВДА
Тој што прави криминал, не размислува за казната, туку само да не го фатат. Е судиите и обвинителите што работеле по нарачка, видоа дека и кога ќе ги фатат, никому ништо. Сигурно си мислат дека спасот им сега само да удоволат на новите „газди“ на Илинденска!

ПО КОМПРОМИСОТ
Конечно! Чудата почнаа да се случуваат дури и на Балканот. Преспа ја разбуди „подзаспаната“, или „преспаната“ Македонија. На огромното мнозинство македонски граѓани им се отворија очите. На Македонија ѝ се отвора и вратата на НАТО, но и вратата на ЕУ.

УНИКАТНА ПРИКАЗНА
„Ние решаваме за сопствената иднина на еден сосема уникатен начин и навистина ни се потребни многу внимание и памет. Помалку воeна реторика, што повеќе мудрост. Сите други опции ги пробавме и… тука сме, кај што сме. Сега ни се нуди една друга приказна и паметно треба да ја прифатиме и да ја раскажеме заедно“, е поентата на режисерот Александар Поповски.

НЕЗАВИСНИ, А ПАРТИСКИ
Промената на власта не донесе промени во регулаторните тела и во „самостојните“ комисии! Некои од овие тела и органи сè уште функционираат во стар состав, во дел, пак, беа избрани нови луѓе, меѓу кои има довчерашни високи партиски функционери.

КОСМОДИСК-АБОЛИЦИЈА
Лошото барање екстрадиција од Министерството за правда им овозможи слобода на Грујевски и на Бошкоски! Иако аболицијата на Иванов е донесена врз основа на непостоечки член, Врховниот суд во Грција ја аминуваше, бидејќи во Правда никој не се сетил дека адвокатите ќе се повикаат на неа.

ЛИДЕРИ ЗА ТЕНДЕРИ
За шест години, „Офис плус“ добила 260 тендери, бизнис-зделка од речиси 3 милиони евра. Сепак, Агенцијата за вработување го раскинува веќе склучениот договор со компанијата, бидејќи не им ја извршиле потребната испорака, но ги пријавиле и во финансиската полиција

ОД ПИРЕЈОТ ЌАРУВААТ
Многу е реално дека ќе има „банга-ванга“ за сите, и тоа уште многу. До кога? Па, додека граѓаните, и искрените Северномакедонци и искрените Македонци, конечно не сфатат дека од политичарите немаат никаква корист.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Македонските историчари ги прегази времето. Државата ги бранеше додека можеше, а тие ѝ се оддолжуваа како верни борци за националната кауза. Сега, во меѓународна конкуренција на светската историска наука, од нив ќе се бара објективната историска вистина.

Ана ПАНОВСКА
Се прашувам – кога  сите Албанци и други иноверни до еден би ја напуштиле земјава – како вмровците ќе живеат без омразата и без виновниците за сопствената несреќа што сами си ја креираат.

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Овој референдум нема да биде можност за политичко изјаснување на граѓаните „за“ или „против“ Преспанскиот договор, туку „за“ или „против“ владеењето на правото и враќањето на правната држава.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Единствениот лек за болното македонско образование е под итно да се затворат инстант-факултетите, со што по автоматизам ќе престане штанцањето дипломи и сериското производство на магистри и доктори.