ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Мицкоски го обвини Заев дека со неспособна дипломатија потпишал капитулација. На што ги темели своите оптимистички прогнози дека неговата дипломатија би била поуспешна? Нема белким намера со Мицотакис, чии барања се порадикални, да издејствува подобро решение за Македонија!?
НОВИОТ „ХОРХЕ“ ДА ГО ИЗБИРА СОБРАНИЕТО
Што се одесува до опозициските лидери Мицкоски и Мицотакис, или ми ти МИЦКОТАКИС, ако првиот се декларираше како „надојден Вардар“, дали вториот функционира како надојден Аксиос, како што е грчкото име на Вардар!? Ќе успеат да го поплават договорот или, пак, обајцата ќе пресушат!?
ДОГОВОР ЗА ИМЕТО ВО „ФОТО ФИНИШ“
По 25 години медијаторство, огромен успех и на Нимиц. Сега се чека премиерата, во која главните улоги ги имаат македонскиот премиер Зоран Заев и грчкиот Алексис Ципрас. Без оглед на политичката цена, премиерите храбро работеа на решение. Заслужени се честитките што ги добиваат од главните во меѓународната заедница
ПОРОТНИК ТРЕБАЛО ДА ГЛАСА ПРОТИВ ОСУДА НА ГРУЕВСКИ?!
Неколку дена пред да биде донесена пресудата за случајот „Тенк“, „Фокус“ од добро упатени извори доби информација дека на еден од поротниците му било сугерирано како да гласа (против осуда на Груевски и Поповски), за што наводно му била ветувана и награда, но тој не потклекнал на притисокот. Поротникот сега има физичко обезбедување
НОВА ВЛАДА, СТАРА ПРАКТИКА
Претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ ја користеше можноста за привремени вработувања во државните институции за да ја полни администрацијата со партиски кадри. Практиката продолжи во времето на СДСМ, кога се спроведени стотина тендери и склучени се милионски договори со агенциите за привремени вработувања
ГОРЈАН ТОЗИЈА: ГРУЕВСКИ РАСФРЛАЛ ПАРИ ЗА ФИЛМОВИ ЗА САМОИЛ И АЛЕКСАНДАР, НИЕ ГИ ВРАТИВМЕ
За време на власта на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија е создаден нов филмски жанр, партискиот филм, вели новиот директор на Агенцијата за филм, Горјан Тозија. По една година на оваа позиција, Тозија вели дека најголемиот предизвик е да се деконтаминира македонската кинематографија од партиските влијанија
ЕСКАПИЗМОТ НЕ ГО ДАВАМЕ
На долг рок, борбата на одредени сили да го сменат името е осудена на неуспех. Дури и тоа да го изведат преку далавери во парламентот, тоа ќе биде само победа која ќе трае една епизода. Зајакот може да победи, ама тоа не значи дека волкот ќе се предаде и нема да каже со стисната тупаница како закана и ветување за следната епизода: Ну зајец, ну пагади!
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Да не очајуваме: ако има заговор на националистите во Европа и во светот, има „заговор“ и на либералниот ум. На наша голема среќа, еден таков „заговор“ е во тек помеѓу Македонија и Грција. „Заговор“ кој ќе ја направи Македонија дел од сојузите и структурите на демократските држави
Ана ПАНОВСКА
Ако во изминативе 25 години еднаш веќе имавме еден „лисец“, додуша стар лисец, сега слободно можам да речам дека повторно имаме еден „лисец“, и тоа млад лисец! Само таков човек може да се справи со една деструктивна, брутална опозиција и со еден инаетлив партиски апаратчик од претседател
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Статистичките показатели сурово говорат дека компаниите што работат во слободните царински зони, увезуваат исто колку што извезуваат. Или, со други зборови, Република Македонија им е само транзитна дестинација, во која единствена додатна вредност на нивните производи е голата работна сила
Ерол РИЗАОВ
Македонија влезе во историски процеси за европска иднина и се движи по правилна насока. Но, ќе помине уште извесно време додека да се осознае дека Грција и Македонија, всушност, преговараа 25 години за две различни работи и цели. Македонија за својата иднина, а Грција за своето минато
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Имајќи предвид дека бирократијата секогаш работи во вонпазарни услови, воопшто не зачудува што во Република Македонија како недовршена држава, покрај многуте експерименти, се назначуваат и координатори за сѐ и сешто, каде што треба и не треба