1182

by fokus

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Ако макар еден од двата столба на борбата против груевизмот – слободата и правдата, новата власт го занемари, тогаш поддршката на граѓаните кои застанаа зад неа сериозно ќе биде доведена во прашање. Но тоа е помалиот проблем, поголемиот е што режимот може да се реставрира или злото да се повтори

7 ДЕНА: НОВ ЗАВЕТ, А ВАРДАР ПЛИТОК!?
Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски, од Стариот завет ужива двојно поголема доверба од актуелниот Мицкоски од Новиот завет, или 6,9 наспроти 2,9 отсто. Изгледа гласачите повеќе веруваат во оригиналот, отколку на копијата. Така што, наспроти себепромовирањето на Мицкоски дека е како „надојден Вардар“, бројките велат дека Вардар е страшно плиток. Суша, бре!

ОД ЗЛОСТОРНИЧКО ЗДРУЖЕНИЕ ДО ЖРТВИ И МАЧЕНИЦИ
Иако обвинетите од Фамилијата велеа дека не им е потребна аболицијата од Иванов, а потоа тивко со неа се бранеа пред СЈО, сега на сиот глас врескаат дека се аболирани и дека судењата против нив мора да запрат. Наместо да се реши правната дилема дали аболицијата е ништовна или не, надлежните спијат, а адвокатите се закануваат дека битката ќе ја водат дури до Стразбур

ДУИ ИМА МИНИСТЕР ПЛУС ВО ВЛАДАТА
Новиот министер за култура од БЕСА, Адеми бил на раководно место во Општина Гостивар, во времето на Невзат Бејта. Подоцна станува амбасадор во Данска, но ја напушта функцијата за да стане директор на данската ИТ компанија „Инскејл“, која истовремено инвестира во земјава. Адеми е зет на екс финансискиот директор на ДУИ, Абдулахим Касами

ЈАГМА ЗА ДОКТОРИ ОД ТУЃИНА
Во Македонија работат околу 90 лекари од странство. Но, голем проблем е тоа што во приватните болници работат странци без лиценци за работа. Додека нашите лекари чекаат да ги добијат ветените 100.000 денари плата, странците во јавното здравство заработуваат 4.000 евра месечно

СТРОГ НАРОД – ПОСЛУШНА ВЛАСТ
Ако народот биде строг кон власта, само тогаш власта ќе биде послушна. И обратно, ако народот биде послушен и млитав, власта ќе биде строга и бездушна кон него. Финалната фаза од решавањето на спорот за името е одлична шанса за народот конечно да ја заузда власта

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Откако „експертите“ на партијата на власт ќе утврдат дека би било корисно да му се преземе бизнисот на некој успешен стопанственик, тогаш партиски активисти ќе гледаат да го воведат што подлабоко во бизнис со државата. Потоа следува истоштувањето со долгови кон банките и на крајот непријателското преземање

Денко МАЛЕСКИ
Гордите Мелијанци, во обид да ја одбранат својата 700-годишна независност, одлучуваат да се спротивстават. Следува страшен пораз: сите мажи се убиени, а жените и децата се продадени во ропство. „Што би направиле вие?“, ги прашувам моите постдипломци. Поголемиот дел од девојките беа за борба до смрт, а поголемиот дел од момците беа за преговори и компромис

Ана ПАНОВСКА
Да се укинат, вакви како што се, сите отворени програми со телефонски јавувања од гледачи, каде што секоја изгубена, припроста, хистерична, осамена душичка анонимно си пласира еден куп „крупни, епохални“ вистини, тешки дезинформации, малограѓанска политикологија од маалски карактер

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Да беше Груевски храбар човек со достоинство и гордост, отворено пред судот ќе ја преземеше целокупната одговорност за делото за кое е осуден Ѓоко Поповски. Но, НГ не би бил доследен на самиот себеси ако сите придобивки не ги приграби за себе, а одговорноста не им ја накалеми на други

Ерол РИЗАОВ
Во памфлетот за спасување на Македонија упатен како револуционерен проглас до граѓаните да дојдат на протест пред македонската влада за одбрана на татковината и на националниот идентитет, злоупотребено е името на нашиот голем македонозналец, научник, писател, академик д-р Гане Тодоровски, а потоа сѐ друго

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Поразителен е фактот што во времето на злосторничкото здружение, драстично се зголеми бројот и на ентузијасти кои чекаа на готовс да бидат ангажирани од Службата за да им се довери задача да провоцираат кривични дела кај лица кои не им се по ќеиф, но и кај такви кои воопшто не ги познаваат