1181

by fokus

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Одбивањето на веќе усогласен предлог, во мигот кога „партнерот“ храбро го промовира во јавноста како решение за кое ќе се бара политички консензус и во Скопје и во Атина, изгледа како класична измама во режија на грчката влада, наменета за уривање на угледот на нашата влада и на позицијата на премиерот Зоран Заев

„ЕРГА ОМНЕС“ ПОМИЛУВАЊЕ
Одбивајќи ја екстрадицијата на Грујевски и Бошковски, грчкиот суд ја даде формулата за слобода на груевци. Пациентите на СЈО од Хорхеовата листа на помилувани треба само да стапнат на грчко тло. И „ерга омнес“ за внатрешна грчка употреба ќе се третираат како невини жртви на скопјаните. А колкумина се обвинети, ќе можат и конгрес во Солун да одржат

ГРЦИЈА ЈА ВОСКРЕСНА АБОЛИЦИЈАТА НА ИВАНОВ
Врховниот суд во Грција пресече дека поранешните разузнавачи ќе останат на нивна територија. За да биде шокот поголем, одлуката ја базирале на амнестијата на претседателот Ѓорге Иванов, на која се повикале бегалците. Се чини од ваквата одлука е затекнато и Министерството за правда

ВМРО-ДПМНЕ ПОМЕЃУ ДРЖАВНИОТ И ПАРТИСКИОТ ИНТЕРЕС
Додека опозицијата очекува дека прифаќањето име за севкупна употреба ќе го урне Заев од власт, влијателни кругови во ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека новото раководство тактизира во однос на спорот, за да се покаже како конструктивен партнер на меѓународната заедница. Кој од сето тоа ќе излезе како победник, а кој како губитник?

ПАТРИК ГАСПАР: ФУНКЦИОНЕРИТЕ ШТО КРАДАТ И МАЛТРЕТИРААТ НЕ САКААТ ДА РАБОТИМЕ ВО НИВНИТЕ ЗЕМЈИ
Во Македонија досега инвестиравме 145 милиони долари и подготвени сме да инвестираме уште повеќе, не само за да се поправат направените штети од претходната власт, туку и за да се бара отчет од новата влада за нејзините ветувања за реформи, вели Патрик Гаспар, претседател на Фондациите Отворено општество, во ексклузивното интервју за „Фокус“

МИЛИОНСКИ ТЕНДЕРИ ЗА „Д-Р ПАНОВСКИ“
Веледрогеријата „Д-р Пановски“ изминатите три години добила 640 тендери и заработила речиси 37 милиони евра. Сопственикот д-р Златко Пановски е татко на Ирина Пановска, директор на Клиниката за хематологија, каде што веледрогеријата исто така добила тендери. За „Фокус“ Пановски тврди дека неговата ќерка е изземена од одлуките кој ќе го добие бизнисот

РЕПУБЛИКА НЕРАБОТНА МАКЕДОНИЈА
Инспирирано од празниците, нека биде името за „черга омнес“ употреба: Република посна, неработна, не се пере, со продолжен викенд за шопинг Македонија. Зар ова не е совршено име, кое одлично го одразува и изразува нашиот идентитет како држава?

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Критиките упатени кон македонските преговарачи, некогаш со толку лесно изговорени брутални зборови каков што е „предавство“, ме потсетија на нешто што е речено многу, многу одамна: „Проклета човечка природа, толку брза да осуди, а толку бавна да пофали“

Ана ПАНОВСКА
Сега мислам дека врелиот костен е кај меѓународната. Ние, еве, бевме фантастично конструктивни. А, Грците се преиграа. Мислам и убедена сум дека меѓународната веќе им спрема некои казнени поени. Се занесувам? А? Ќе видиме. Тоа бргу ќе се покаже

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Време е Заев да побара подолг, сериозен и добро подготвен прием кај Ангела Меркел. Зошто!? Погледнете со подотворени очи наназад во историјата. Кој ја внесе Хрватска во водите на ЕУ и кој и зошто без да се грижи за многу „критериуми“ ги внесе Бугарија и Романија во истата таа ЕУ

Ерол РИЗАОВ
Со Грците не можеме да го сочуваме уставното име на државата во ниту еден случај. Можевме да добиеме подобро решение, ама да беше пред десетина години. До тоа не дојде само поради антиквизацијата, во која голема и пресудна улога и скапа стимулација на сметка на граѓаните изврши погрешната политика

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Треба најсериозно да се размисли за можноста како советници во институциите да се назначуваат сите големи арамии, провалници, екстремисти и манијакални типови, кои ем ќе бидат под институционален надзор, ем ќе даваат корисни совети за кривичните дела за кои се докажани факмани