1180

by fokus

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Никола Димитров влезе во политичката мелница на грчките медиуми, а особено го прославија курирските медиумски труби во Македонија. Почнаа да го портретираат како патриот, кој божем му прави проблеми на Заев во преговорите со Атина. Мотивите се банални, да се направи раздор во врвот на власта по прашањето за името

ГРАДОНАЧАЛНИЧКИ КРИМИ ПРИКАЗНИ
Изминатива година поднесени се безброј кривични пријави против поранешните вмровски градоначалници. Но, ниту една против оние од ДУИ. Верувам дека тоа е само последица на фактот дека ДУИ и натаму е на власт. И така едно шеснаесет години

ТЕЛОХРАНИТЕЛОТ НА ЉУБЧО ВО БИЗНИС СО ВИНО
Валандовската винарија „Визба Валандово“, која беше дел од групацијата „Агрокор“, пред една година преминала во сопственост на „МДН Гроуп“ на Влатко Стефановски – Рамче, поранешен телохранител на Љубчо Георгиевски.

ЗОШТО Е УНИШТЕНА ЕКОНОМИЈАТА ВО „ИДРИЗОВО“?
Скопјани порано имаа можност да купат квалитетен и евтин мебел, произведен во столарската работилница во затворот „Идризово“. Дел од осудениците биле и одлични земјоделци и сточари, а одгледувале и земјоделски производи, од кои затворот обезбедувал храна за затворениците. Потоа наеднаш некој одлучил сето ова да се уништи. Зад недомаќинското работење се крие финансиски мотив, на кој надлежните институции замижуваат со години

БОЛНИЦИТЕ ДОЛЖАТ ПОВЕЌЕ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СТРУЈА
Здравствениот систем е пред целосен колапс, ако се имаат предвид податоците за долгот на здравствените установи кон ЕВН. Охридската болница има долг за струја од 529.000 евра, додека, пак, болницата во Куманово – 287.000 евра. Огромни долгови кон ЕВН имаат и болниците во Прилеп – 345 илјади евра, во Дебар, 100.000 евра, во Гостивар 286.259 евра

МЕТОДА НА БАРИУМСКИ ОБРОК
Сите зборуваат дека би сакале професионализација и департизација, и тоа на нивните политички мапи е како „фиктивно село“, кое, сепак, на терен го нема. Моментално, таков процес кај нас е во тек со русофилијата, која иако со децении е силно присутна, досега немала сериозна артикулација во политичка партија

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Како поединци или партии имаме право да бараме од Заев и од Димитров понудата за решение на спорот за името да ја одбијат, но немаме право одбивањето да го нарекуваме храброст. Зашто, сепак, храброст е да се прифати горчливиот компромис. И секогаш било така

Ана ПАНОВСКА
Заев не му се додворува на овој народ, не му мачка очи со „купи ден, продај“ од комитски приказни, одлагајќи ги горливите актуелни проблеми. Со воведувањето на еден нов политички менталитет, тој се издвојува од сите политичари, осмелувајќи се на овој народ меѓу редови да му го каже тоа што тој не сака да го чуе

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Секое време си има свои херои! Некои се величаат, други се критикуваат, трети напросто не се забележуваат. Затоа, токму за тие херои на нашето време укажуваме денес. Тие не им припаѓаат на политичката или на економската елита, не се збогатиле со присвојување државен или народен имот, не учествуваат на државни тендери и не бараат државата да им помага

Ерол РИЗАОВ
Претседателот Иванов, со исполнување на вмровската заклетва живи да не се предадеме на душманите, ја спаси Македонија со колективно самоубиство. Треба да се смени Уставот и на Иванов да му се даде доживотен мандат, со образложение додека е тој претседател, никој нема шанси да ја земе под свое Македонија, ни НАТО, ни Брисел, ни ЕУ ни Вашингтон

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Граѓаните им се поклонуваат на лицата на позиции и функции, без оглед колку и дали воопшто се согласуваат со нив. Лидерите на партиите раководат и секогаш го имаат последниот збор. Тие се одржуваат благодарение на своите евет-ефендии, кои слугински им се упикуваат и ползат пред нив