ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Како да веруваме дека Заев ќе спроведува „план Б“ и ќе ја европеизира Македонија, кога сме сведоци дека и сега, кога се уште има каква-таква енергија и волја да се смени режимот, се судираме со клиентелизам, лоши кадровски решенија, а се појавуваат и првите сигнали што навестуваат неотпорност на непотизам и корупција кај новата власт
7 ДЕНА: ХОЏА ЌЕ ГО СОВЕТУВА ЗАЕВ КАКО ДА НЕ ЗАВРШИ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА САД
Не знам зошто сега се возбудува јавноста што Џезаир Шаќири, познат како командант Хоџа во конфликтот од 2001 година, е назначен за советник на премиерот. Па, безмалку сиот команден кадар на ОНА е распослан одамна низ институциите. На уште повисоки позиции
„КОМПРОМИСНА“ МАКЕДОНИЈА И „БЕСКОМПРОМИСНА“ ГРЦИЈА
Македонија е во судбоносна фаза. Да се реши прашањето за името за да се отвори посакуваната перспектива за НАТО и за ЕУ. Заради овој ирационален и апсурден спор предолго сме заглавени во тунелот кон Европа. Ќе мора компромис со Грција. Да не очекуваме рационални решенија. Апсурдниот спор единствено може да биде решен со – апсурдни решенија.
КОЈ ГО ОСВОЈУВА БИЗНИСОТ СО КАНАБИС?
Дополнителната проверка на партнерите на Заеви во бизнисот со канабис покажува дека еден од нив, Сејди Шахсивари, освојувал милионски бизниси на градежни тендери. Но во атрактивниот бизнис влегува и семејството на гостиварскиот бизнисмен Кодра, кој, пак, важи за близок до Зијадин Села!
АДВОКАТИТЕ ЌЕ МУ ЈА „ОДЕРАТ КОЖАТА“ НА ГРУЕВСКИ
Никола Груевски, до неодамна најмоќниот човек во државата речиси секојдневно е на обвинителна клупа. За да се одбрани има најголем тим од шестмина адвокати. „Фокус“ анализираше колку Груевски ќе треба да плати за адвокатски трошоци, кои само досега, го чинат повеќе од 40 илјади евра
ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: ЗА ШЕСТ ГОДИНИ ВО ПРИВАТНИ БОЛНИЦИ И ВО СТРАНСТВО СИ ЗАМИНАЛЕ 2.000 ЛЕКАРИ!
Во интервју за „Фокус“ министерот открива колку е кадровски девастирано здравството, од кое изминатите години си заминале повеќе од 2000 лекари. Филипче објаснува колку се задолжени болниците, зошто им се блокирани сметките, дали се поскапени лековите
ИНСТИТУЦИИТЕ СФАТЕНИ КАКО БАЧИЛА
Институциите по дефиниција им служат на оние кои ја имаат власта. На граѓаните не им требаат институции. Барем не 90 отсто од оние кои постојат. Единствената институција што ќе работи по мерка на граѓаните е онаа која ги остава граѓаните да функционираат, работат и дејствуваат без да имаат потреба од неа
Колумнисти:
Стојан АНДОВ
Во јавноста кај нас, вистинските успешни фирми и бизнисмени речиси ги нема. И кога ги има, недоволно се истакнува нивниот вистински успех, туку разни интересни групи во медиумите за нив конструираат афери. Сите тие успешни фирми, одвреме-навреме, а некои постојано, се изложени на бирократски притисок и на рекетирање од власта
Денко МАЛЕСКИ
Вакуумот создаден од слабиот интерес на големите сили директно да се инволвираат во барање решение и силниот интерес да се блокира руското влијание на Балканот, го користи Грција, која, маргинализирајќи го Нимиц, се обидува да го реши проблемот онака како што единствено може: преку наметнување на сите нејзини црвени линии
Ана ПАНОВСКА
Судејќи според досегашните потези во кадровската политика, Заев е склон кон кронизмот. Се опкружи со „другарчиња“, кои добро ги плаќа и смета дека тие му го чуваат грбот. Меѓу нив има и многу квалитетни луѓе, кои штета е што се водат во кабинетот, а со тоа на некој начин им се врзани рацете и им е затната устата за артикулација на нивната креативна мисла
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Во овој момент, можеби чудна, но корисна може да биде идејата да се разговара и договара создавање на еден облик на федерација меѓу Република Бугарија и Република Македонија, како начин на кој Македонија може непречено да се интегрира во евроатлантските структури
Ерол РИЗАОВ
Според досегашните наши и други искуства, Грција може во последен момент да не прифати компромисно решение за името кое самата го наметнува и за тоа да ја обвини Македонија, а протекционистичка Европа тоа да го прифати како вистина