1178

by fokus

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Ако иселениците Македонци велат дека се вардарци, егејци или пиринци, зошто тогаш би било спорно една историски вистинита или географски точна одредница – Вардарска, Северна, Горна, на зборот Македонија да не влезе и во нашиот устав? Нели, што би рекол лидерот на ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, таквата одредница е и математички прецизна!?

ЕКСКЛУЗИВНО: ЗАЕВИ ОСНОВАЛЕ ФИРМА ЗА КАНАБИС И ВО ВАЛАНДОВО
Податоците што ги обезбеди „Фокус“ покажуваат дека членови на семејството Заеви, минатата година ја основале и компанијата „Фарма Медика Канабис“ со седиште во Валандово, заедно со неколку партнери, вклучително и со штипскиот бизнисмен Ивановски, кој паралелно поседува уште една компанија за одгледување канабис – „Оаза Алкалоиди“

АЛЕКСАНДАР НАКОВ: ПРАШАЊЕ НА ДЕН Е КОГА ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ ПОЧНЕ ДА АПСИ И ОБВИНИТЕЛИ
Во интервју за „Фокус“, Наков говори за мафијата во судството и обвинителството, особено во штипското апелационо подрачје. Притоа Наков вели дека претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, потоа Марко Зврлевски, ама и Гордана Гешкоска, мора да бидат подложени пред лицето на правдата бидејќи останаа многу неразјаснети случаи

ВЛАДАТА НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД СВИРКАЧИТЕ ЗА „БОМБИТЕ“
Звонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски, луѓето што ја открија аферата за незаконското прислушување и по една година од падот на режимот се оставени без работа. Од владата велат дека и двајцата ќе добијат работен ангажман, но за Костовски прво ќе мора да завршат судските процеси

ШЕМИ И ШЕМАЏИИ
Власта на СДСМ со секој изминат ден сѐ повеќе заличува на власта на ВМРО-ДПМНЕ, а уште не е помината ни првата година од промената на власта. Како ли ќе личат едни на други после десет години непрекинато владеење? Кога партиите ќе почнат да си личат како јајце на јајце, време е граѓаните да направат омлет од нив

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Обвиненијата што сега се упатуваат кон Кочо Анѓушев и кон сегашната влада со сензационалистичкиот тон во нив, ме заплашуваат да не ни се повтори бесмислената и глупава хајка што се водеше од септември 1982 до мај 1984. Тогаш се истури голем дел од гневот и врз мене, само затоа што се обидов да најдеме рентабилно решение за „Фени“

Денко МАЛЕСКИ
Премиерот ни ветува достоинствен компромис. Се плашам дека истече времето во кое можевме да се надеваме на добар компромис. Сега зборуваме за можен компромис, производ на триаголникот Македонија-Грција-западни сојузници, во кој секоја страна има своја специфична тежина во меѓународната политика

Ана ПАНОВСКА
Заев категоричен: „Воинот на коњ нема да се трга од плоштадот“. Од каде ваквата благонаклоност и попустливост кон таа толпа која попрво ќе го уништи самиот Заев одошто споменикот „Воинот на коњ“. Не сакам да нагаѓам, па се прашувам од каде му излезе на Заев така небрежно изразениот игнорантски однос кон сите нас

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Синдикалната борба повеќе личи на борба за тоа кој ќе седне во првата синдикална фотелја отколку на борба за работнички права. Нема речиси ниту еден поранешен лидер на ССМ, кој не е осомничен за материјално-финансиски проневери и за злоупотреба на организацијата за лични лукративни цели

Ерол РИЗАОВ
Приказната за Фени, всушност, е многу тажна, трагична и долга сторија за Македонија. Taa уште не е завршена и тоа може да се случи за да биде во целост како што ѝ приличи на една банана држава. Проклетството на Фени ќе биде симнато оној ден кога ќе се исполни аманетот на таткото, кој им кажал на синовите дека златото е закопано во лозјето

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Бербатџиите брутално и цинично прават подигравка со здравиот разум на граѓаните, инсистирајќи на нешта што тие единаесет години не ги средиле. Најголемите ѓаволи со тапија во новата македонска историја читаат Евангелие, обвинувајќи ја сегашната власт за нечесност