И „ФИЧ“ БЕА ПОИНАКВИ, КОГА ГОСПОД ОДЕШЕ ПО ЗЕМЈА…
Додека Ставрески беше второто око во главата, „успешно“ се балансираше и во оценките од меѓународната финансиска заедница, па преодните оценки од таму добиваа медиумска десетка во Македонија. Дојдоа бомбите, ја нагрдија убавата слика, инвестициите добија вистинско име – криминал, градбите во Скопје станаа потемкиново село на сиромашната Македонија. Странците веќе не намигнуваат. Последното мерење на агенцијата „Фич“ (во која порано се колнеа владините пропагандисти) го намали кредитниот рејтинг на Македонија, враќајќи ја земјата во далечната 2005 година.
ВАШИНГТОН ШТЕДИ, СКОПЈЕ ТРОШИ
Во 2014 година во Вашингтон, САД, беше пуштено во употреба панорамско тркало под името „Капитал“, со слични димензии како скопското. „Фокус“ анализира зошто нашето Панорамско тркало чини седум милиони евра повеќе од американското
НОВИ ФИРМИ НА КУМОТ
Ристо Новачевски, првиот венчален кум на Груевски, се прослави со фирмата од Белизе за плацевите на Водно. „Фокус“ откри уште три негови фирми. Документите ја откриваат поврзаноста на Новачевски со дијализниот центар „Дијамед Македонија“ кој учествува во бизнис од половина милијарда евра
КРСТЕ ШАЈНОСКИ: ПОЛИТИЧКИТЕ СИЛЕЏИИ ЈА ВОДАТ ЗЕМЈАВА ВО ЕКОНОМСКА ПРОВАЛИЈА!
Предизборните глорификации на успесите на актуелната власт не ветуваат промени доколку бидат повторно избрани. Тие не се ни свесни за реформите што треба да ги преземат. А со продолжувањето по истиот пат земјата ќе ја втурнат во подлабока провалија“, вели професорот Крсте Шајноски во интервју за „Фокус“
ЗАЕДНО ИЛИ САМ ПО САМ ДО АМБИСОТ
Груевски и Мијалков имаат единствен интерес – да куртулат од прогонот на СЈО. Во таа мега-операција за бегство од правдата, пастирот се надева оти ќе успее да се спаси преку уште една коруптивна изборна победа, братучедот, пак, се обидува да се пазари за слободата пред да падне режимот
ПОЛИЦАЕЦ СВИРКАЧ
Сообраќаецот Стевче Стевоски од охридско, го казнил командирот на полицијата со 800 евра зашто со нерегистрирано возило претекнувал на полна линија. Веќе една деценија Стевоски во МВР пријавувал организиран криминал меѓу своите колеги, но во Скопје неговите пријави завршувале во фиока!
КАДРОВСКИ МОНОПОЛ
Изборите за раководни органи на Црвениот крст, кои требаше да се одржат во јуни, се одложени. На чело на организацијата е поранешен пратеник, но со ЦК вистински управува генералниот секретар, брат на поранешен министер за локална самоуправа. И двајцата се со истечен мандат
КОГА ГЛАСААТ СОСЕДИТЕ
Опозициските муабети дека власта „силува“ на секои избори не држат баш многу вода ако се види, не каде победува ВМРО-ДПМНЕ, туку каде губи. А губи онаму каде што луѓе со висок личен авторитет успеваат да ги убедат своите соседи и сограѓани да го дадат својот глас против власта
Колумнисти:
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Под водство на мудриот ни „политички лидер“ НГ, Македонија ќе има светла иднина… само ќе нема кој да чекори по неа. До тогаш сите оние кои имаа и имаат можност, ќе си заминат да свијат гнездо на некои нови огништа. Што подалеку и од НГ и од неговата партија, и од опозицијата и од бирократијата
Гордана ПОПСИМОНОВА
Момчињата и девојките кои сега си ги пакуваат куферите, израснаа во семејства кои ја доживеале еврејската клетва: Да имаш, па да немаш. Нивните образовани родители станаа таксисти, пиљари, негувателки, земјоделци. Изборот за овие деца без детство е партиска книшка или бугарски пасош
Ана ПАНОВСКА
Додека се препелкаме во мртвилото, една огромна лавина злокобно нè дебне. Набргу ќе имаме блиска средба со нашата ЕКОНОМИЈА, лавината којашто ќе го збрише и Груевски, и Пржино, и работници и пензионери, и администрација и социјалци
Рамадан РАМАДАНИ
Најмалата штета што ја предизвикуваат овие дебати за неизвесна иднина, водени во неизвесна сегашност е дека потсетуваат на извесното минато, кое, како што покажа и последната поплава, било само обид за изградба на нација (држава) без изградба на канализација
Александар ТОРТЕВСКИ
Тие никако не можат да разберат дека им доаѓа времето за плаќање на фактурата. Сето досега беше само загревање, а вистинските постапки допрва ќе следат. Тоа за ниту еден обвинет не е пријатно, особено не за припадниците на париската буржоазија, која десет години живееше како во бајка