1088

by fokus

И ПРЕД И ПО ГРУЈО – ПОТОП!
Каде е Али Ахмети!? Оној што си го закачи брендот на ОНА, на минивојната за „човекови права“? Побратимот му тендерски, Груевски, барем удира пиар-сеанси низ поплавените подрачја. И ако го исвиркаат, добро знае дека куририте му нема да гукнат за тоа. Нему тоа му е и најважно. Неговиот народ да живее во курирскиот свет. Но, ова е вторпат како Ахмети го нема теренот. Ни во Диво насеље не смееше да припари. Не е толку ѓон како побратимот или…!?

СКАНДАЛОЗНА НАБАВКА
Во јули лани Владата на затворена седница донела одлука во наредните десетина години да набави воена опрема и вооружување за АРМ во вредност од 250 милиони евра, дознава „Фокус“. Иако изборите се на самиот праг, во тек е завршница на еден од тајните тендери на МО за мултимилионска набавка на 23 оклопни транспортери за АРМ

ПОПЛАВА СО ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ
Експертите оценуваат дека поплавата во Стајковци, Сингелиќ и во други скопски села, во подножјето на Скопска Црна Гора покажа дека затаиле државните институции, кои доколку функционирале во делот на превентивата, како во други места во регионот, најверојатно оваа несреќа немало да однесе

МОРА ДА СЕ СПРЕЧИ ДОЛЖНИЧКОТО ЛУДИЛО НА ВМРО-ДПМНЕ
Претседателот на економскиот совет на СДСМ, Кире Наумов, во интервју за „Фокус“ најавува целосна промена во економската политика доколку СДСМ дојде на власт. Вртењето нов лист, според него, значи стимулирање на извозот, инвестициите, вработувањето, а со тоа и на штедењето

РЕЗИЛОТ НА ПРАТЕНИКОТ
Пратеникот од дијаспората Васко Наумовски продолжува да го резили ВМРО-ДПМНЕ. Поранешната сопруга Гордана Тодороска за „Фокус“ сведочи за нови закани кои и ги упатувал преку смс-пораки, но истовремено го обвинува дека го фалсификувал нејзиниот потпис за продажба на нивните три куќи во Австралија

ФАКТИТЕ СЕ ПРЕЦЕНЕТИ
Навистина треба да се престане со игнорирањето на оние луѓе кои сега-засега се глуви на пораките на опозицијата. Ти можеш да ги игнорираш сите оние кои не гласаат за тебе сметајќи ги за глупаци, сељаци и заостанати, ама не можеш да ги игнорираш последиците од игнорирањето на тие луѓе

 

Колумнисти:

Гордана ПОПСИМОНОВА
Ова што го пишувам не се однесува на Никола Груевски, кој има воспоставено систем на партиска подобност и слепа послушност. Од лидерот на ДПМНЕ, кој дури и туѓата несреќа и личните трагедии на моите сограѓани ја користи за сопствен пи-ар, јас веќе не очекувам ништо

Ана ПАНОВСКА
Не му се даваа милиони евра на Груевски и на другите надлежни за потребната инфраструктура со која ќе спречеа поплави од такви катастрофални размери што однесоа 22 животи. За нив враќање нема, гадови едни некадарни!

Александар ТОРТЕВСКИ
Стотиците споменици, Панорамското тркало, мајмунската градина во „Цркводром“, галиите среде Вардар, сето тоа е одлука на лудакот, кој сега глуми дека е цар и кому неговите послушници и понатаму му реферираат, при што секој нормален ќе се запраша: кој во случајов е побудала?

Синоличка ТРПКОВА
Дали еднаш обичниот човек, кого не го интересира политика, ќе отвори очи за да го види резултатот од неговата затната уста или и понатаму ќе чека „пишана“ утеха? Дали еднаш ќе разбере дека криминалци му ја кројат „пишаната“ судбина и дека самиот тој е виновен за тоа што го снашло?

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Темата од „Кукавичкото гнездо“ несомнено е актуелна и денес, можеби и повеќе отколку во времето кога бил снимен филмот. Тој е слика и прилика за „лудницата Мафијадонија“, како метафора за современо општество со лажен гламур во кој битисува една недовршена држава

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Во услови кога Партијата е таа што може да ви обезбеди работно место, напредок во кариерата, профитабилен бизнис, субвенции, упис на факултет, логично е единката следејќи ги своите животни интереси да се сврти кон Партијата