1085

by fokus

ГРУЗИСКА ШЕМА

Додека „Макпетрол“ прави обид да го спречи влезот на офшор капитал, безмалку по истата шема како и преземањето на бизнисот со топлинската енергија, во земјава веќе почнала да функционира офшор нафтената компанија „Сан Петролеум“, со непознати сопственици и менаџери грузијци

ЕКОЛОШКА „БОМБА“

Проблемот со загадената вода во Дојранското езеро беше само повод да ја отвориме темата – колку е загадена водата за пиење во другите градови низ Македонија, какви метали и отрови содржи и какви се болести предизвикува кај луѓето што ја користат

ТАЕН БУЏЕТ

Во студентската организација покрај криминалните избори со години ништо не е сменето ниту кога станува збор за транспарентноста. Трошат милиони, а не чувствуваат обврска да кажат колку точно и на што. Ниту, пак, некој надлежен орган го бара тоа од нив!

КОАЛИЦИЈА ПРОТИВ ИЗМАМАТА

Да се остават актуелните министри да си располагаат со буџетот кој предизборно е „претоварен“ од евра, е исто како манијак да го пратиш да чува средношколки на екскурзија. Затоа во наредниот неколку месечен период, очи широко отворени!

ИНТЕРВЈУ: БОЖИДАР МИЉОВСКИ, ЛЕГЕНДА НА МАКЕДОНСКОТО И АМЕРИКАНСКОТО ГРАДЕЖНИШТВО

 Понекогаш идејата носи многу пари, но не овде, туку во Америка!

Основачот на Градежниот институт во Македонија, визионер кој работел на најголемите проекти во екс Југославија, човекот кој направи блескава кариера во градењето на бројни инфраструктурни проекти во САД, во интервју за „Фокус“ говори за својата животна приказна и за визиите за развој на Македонија

ПЕТ ТУРСКИ ЛЕКЦИИ

Од оние половина милион гласачи кои во 2002 го донесоа Бранко на власт, повеќе од половината му свртеа грб на СДСМ во 2006 и го донесоа Грујо на власт. Тие луѓе утре и на Грујо можат да му свртат грб. А можеби и нема. Рајата има чуден табиет. За да те направи шеф, мораш да ѝ бидеш по ќеф

КОЛУМНИ

Ристе ЉУБОТЕНСКИ

Н.Г. ич глава не го боли ниту за сегашноста ниту за иднината на Македонија, а уште помалку за иднината на нејзините граѓани. Негова основна преокупација е да се извлече жив и здрав со милијардите евра на своето конто, а овие овци од народ нека останат да се препелкаат во сопствените илузии и надежи.

Гордана ПОПСИМОНОВА

Најблизок заеднички содржател меѓу турските и македонските случувања, е сѐ поизразениот антиамериканизам. Додека Ердоган јавно им се заканува на САД поради неиспорачувањето на Ѓулен, Груевски тоа го прави преку своите медиумски вувузели, кои добиваат награди или признанија од руската амбасада

Александар ТОРТЕВСКИ

Зврлевски, оди си и дај ѝ шанса на правната држава да профункционира. Оди си за да го избегнеме крвопролевањето во кое ќе страдаат недолжни млади луѓе. Оди си и застани на страната на правдата. По молкот за последниот случај веќе не можеш да се нарекуваш ниту правник, а камоли државен обвинител на РМ

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ

Бројот на униформирани полицајци во Македонија изнесува околу 10.000, или 500 полицајци на 100.000 жители. Тоа значи дека министерот Чавков ја излажа јавноста кога како оправдување за прием на 600 нови полицајци во МВР рече оти кај нас имало 300 полицајци на 100.000 жители, што е под светскиот просек

Синоличка ТРПКОВА

Каде е границата кога совеста почнува да работи, да тишти, да не ти дава сон, да те предизвикува на мегдан? Дали е тоа гласот на поранешната министерка во „бомбите“ каде што отворено говори со омраза кон сѐ што не е ВМРО и заташкува убиства?