ШАРЕНАТА ЛАГА ЗА СУПЕРЧОВЕКОТ
Буџетскиот дефицит и јавниот долг растат значително побргу од растот на БДП. Структурата на економијата не произведува доволно за да ги покрие трошоците. Зошто? Поради преголемите трошоци во суперчовекот. Инвестиции што не направија подобра економија, а драматично ја влошија и политичката иднина. Државата почна да се јаде самата себеси. Гризе секој ден по едно парче од својата независност.
СПЕЦИЈАЛЕН СУД ПО ИЗБОРИТЕ
Лидерите на четирите политички партии со Нуланд се договориле по изборите, без оглед кој ќе победи, да се формира специјално одделение во Кривичниот суд кое ќе по постапува по предметите на СЈО, а посебни судски совети да има и во Апелација и во Врховниот суд
ХАЈНДЛ И НУЛАНД ГО ПАКУВААТ ГРУЕВСКИ ВО ИСТОРИЈАТА!
Чудесно и симболично е во „вечна Македонија“. На која власта ѝ се намерачила, само за да остане на власт, но и да се спаси од политичката и од кривичната одговорност – што значи да не оди во затвор и да не го врати украденото – и Македонија веќе да не е „вечна“. Односно, да исчезне, да се растури, да не постои… Е, тоа нема да може!
ПАСТИРОТ И НАСЛЕДНИЦИТЕ
Груевски им порачуваа на своите гласачи дека со него во пастирското седло, изборите ќе бидат повторно силувани во режија на Фамилијата, купени со еврообврзницата а потоа ќе си продолжат клиентелизмот, тендерите, мафијашкиот ќар, како ништо да не било. Таа порака е блеферски влог во последната партија покер
ПУСТЕЦ ВИА ПЕШТАНИ
Кога владејачката партија на изборите во 2013 година масовно увезуваше гласачи од Пустец, пештанци направиле фотографии од комбињата со кои се превезувале, а имаат и докази како на гласачите им биле давани и пари. Полицијата ги известила оти нема намера никого да гони, туку сами да си поднесат пријава
АТРАКТИВНОСТА НА НАФТЕНИОТ БИЗНИС
„Макпетрол“, „Окта“ и „Лукоил“ се најголемите нафтени компании, но тие не можат да ги задоволат потребите за снабдување со нафта, па настапуваат малите фирми. Минатата година на листата увозници „Лукоил“ беше истисната на третата позиција од „Супертрејд“, фирма која во последните години е во подем. За која компанија станува збор?
СОМНИТЕЛНА ЛИКВИДАЦИЈА
Семејството Левковски од Кратово раскажува дека фирмата во која нивниот татко работел три децении „Силекс неметали“ одбива да исплати отштета за неговата смрт на работното место, иако за тоа има и правосилна судска пресуда. Но, за тоа веќе е и доцна, бидејќи според Левковски, од неодамна фирмата оди во сомнителна ликвидација
СКАНДАЛ „ПЕРДЕ“
По две години повторно се навраќаме на скандалот „Перде“, во кој 50-тина пациенти ја обвинија очната лекарка од Градската болница „8 Септември“ дека со најновата фако-метода за операција на перде, им го оштетила видот. Поводот за тоа се новите тужби против лекарката од пациенти кои говорат за „Фокус“
ЛЕГИТИМНОСТА Е САМО МИТ
Чарето, како и секогаш, е во прагматизмот и во реализмот. Да ги процениш правилно сопствените можности, можностите на противникот и да сковаш стратегија во рамките на можностите. А легитимноста? Таа е само мит
Колумнисти:
Стојан АНДОВ
Ако не се променат состојбите во владата и ако не се блокира нејзиното негативно зрачење во државата, сеедно што ѝ рекле четворицата лидери на госпоѓа Нуланд; работите ќе си одат како досега, а кризата ќе се продлабочува
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Без срам и перде, „најпатриотот“ на граѓаните на Република Македонија им понуди на кредит од 650 милиони евра да си купат свилен гајтан за бесење, кој ќе го плаќаат нивните деца, внуци и паравнуци
Гордана ПОПСИМОНОВА
Македонскиот правосуден систем во канџите на партијата на власт некои го нарекуваат судски садизам, некои правен лудизам, некои правосуден нудизам, а јас само судизам. Тоа е специфична шара на нашето политичко милје, која, всушност и не е шара, туку повеќе празнина или црна дупка
Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Еднодеценискиот дијаболичен амбиент окоти и изроди голем дел душички од плебсот да се однесуваат лакејски кон власта и нејзините лудории. Продавајќи ја душата на ѓаволот, нивната состојба на умот доби стокхолмски синдром
Александар ТОРТЕВСКИ
Во услови кога светската каматна стапка е нула, земањето кредит со 5 отсто е велепредавство, а уште поголем злостор е така скапите кредити да се потрошат на реализација на налудничавите проекти замислени во главата на одлепениот лидер