ТАТНЕЖИ ОД БРИСЕЛ
Додека премиерот и министрите им ја крадеа иднината на новите македонски поколенија, мислеа ли дека доживотно и немо странците ќе ја гледаат таа брутална разузданост? Мислеа ли дека можат безмилосно да ги трошат нивните, странски, како што ги трошеа нашите, македонски пари?! Таа приказна заврши.
ПАНИКА ВО НАТО: ХОРХЕ НЕ ОДИ НА САМИТОТ
На оваа власт не ѝ е ниту до НАТО, ниту до ЕУ. Чудна е оваа стратешка дезориентација на Груевски, на неговиот „слеп послушник“ Иванов, но и на Ахмети. Божем сакаат Македонија да е во евроатлантските интеграции, а молат Бога тоа да не се случи
АЛАЛ ДА ИМ Е, СЕ ИСКРАДОА!
Една третина од граѓаните го одобруваат ставот „Ако си функционер, глупав си ако не крадеш“. „Фокус“ ексклузивно ги објавува резултатите од Анкетата за длабинско мерење на граѓанската доверба во институциите, која ја спроведе Асоцијацијата за граѓанска толеранција и соработка (АГТИС)
СТУДЕНТСКИОТ ПАРЛАМЕНТ Е КРИМИНАЛНА СТРУКТУРА СО РАЗРАБОТЕНИ МЕТОДИ ЗА ОПСТАНОК
Во разговор за „Фокус“, магистрантката по Уставно право на Правниот факултет на УКИМ, Ивана Туфегџиќ, која во јавноста стана препознатлива по критичките настапи во одбрана на студентските права, зборува за полициското насилство врз студентите, за обидите тие да се претворат во аморфна маса, за молкот на професорите и за пристрасната Ректорска управа
СКАНДАЛОТ НА ГИНЕКОЛОГИЈА СЕ ШИРИ
Само неколку дена по аферата на Клиниката за гинекологија за 80 бебиња кои починале во првите шест месеци од годината, нов смртен случај на новороденче повторно ја стресе болницата. „Фокус“ разговараше со некои од семејствата на кои им се случила ваква трагедија. Некои од нив размислуваат и да покренат судски процеси против клиниката
ПРОПАГАНДА И НАСИЛСТВО
Пропагандата на режимот му е потребна за да се осигури перцепцијата оти ДПМНЕ е се уште несоборлива и непобедлива, а опозицијата предавничка и неспособна. Не е важно дали граѓаните веруваат во тоа, важно е да опстои пропагандата, зашто таа служи да се покрие и да се оправда некоја нова изборна кражба
ОПШТИНАТА ТОНЕ, БИЗНИСОТ ЦВЕТА
„Пуцко Петрол“, првата приватна нафтена компанија во земјава во сопственост на семејството на градоначалникот на Пласница Исмаил Јахоски се наоѓа меѓу првите десет фирми според бројот на добиени тендери за набавка на нафта на државните институции. Дали причината за тоа е блискоста на градоначалникот до владеачката ДУИ?
ВО ВИЦОТ Е ВИСТИНАТА
Можеби странците од Грујо не бараат да дозволи повеќе демократија, туку само да го смени името, да ја федерализира државава? И ако тоа им го даде, пак ќе го остават на мир да си тера режим безгрижно. Затоа, мора самите да ја водиме битката и самите да ја извојуваме победата
Колумнисти:
Стојан АНДОВ
По „Брегзит“, нашите евроскептици очекуваат домино ефект кој ќе доведе до распаѓање на Унијата. Но, доколку се погледаат историските процеси, ќе се види дека слабеењето или пропаста на ЕУ претставува животна опасност за нашиот опстанок
Гордана ПОП-СИМОНОВА
Груевизмот е зло, а сосема нормална работа и сосема природен процес е сите да се обединат во борбата против злото. Тоа и такво колаборирање не го доживувам како борба за власт, туку како битка за слобода и правда
Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Си замина и остави фалименто. Книговодителот со хохштаплерска психологија во новонастанатите околности лесно може од поранешен „буки“ (bookie) да стане „пентито“ (pentito) т.е. соработник на правдата
Александар ТОРТЕВСКИ
Кога ја гледам сликата на нашиот „владетел“ како во продавницата „Ермангилдо Зенга“ избира за себе најскапа гардероба, се прашувам: дали и тој набргу ќе седне да ги сумира резултатите од неговото владеење?