1082

by fokus

GAME OVER?!
Секогаш кога Груевски ќе отиде некаде надвор од каде што се враќа со триумфалистички пропагандни пораки, следува некој удар од кој тешко закрепнува. Во јануари беше кај американскиот потпретседател Бајден, па неколку дена потоа демисионираше од премиерската функција! Уште не е вратен. Неделава отиде во партиска режија во Брисел, каде што се видел со Хан!

ЗДРАВСТВОТО Е МРТВОРОДЕНЧЕ НА ТОДОРОВ
Македонското здравство го тресе мегаскандал откако лекари вработени на Клиниката за гинекологија споделија со јавноста дека 80-тина новореденчиња починале за шест месеци во болницата.

АПЕЛАЦИЈА НИКАКО ДА РАСПРАВА ЗА „ШПИОН“
По најновото одлагање на седницата на скопска Апелација за случајот „Шпион“, извесно е дека СЈО ќе инсистира процесот да стартува од почеток, секако со можни измени во кривичните дела и во листата на обвинети

НЕМА ЗА ЛЕБ, ИМА ЗА ЧОКОЛАДA
Јавните претпријатија кои одвај врзуваат крај со крај, или, пак, заработуваат екстра-профити благодарение на својата монополска положба, сѐ повеќе фигурираат како инвеститори на мегаломански објекти, туристички атракции и други нефункционални проекти.

„ТЕСТАМЕНТОТ“ НА СТАВРЕСКИ
Прва реформа во постгруевизмот секако треба да е „стоп за клиентелизмот“ и отчетност во трошењето на јавните пари. Но, ако новата влада влезе во политички калкулации да не изгуби поддржувачи, може да влезе повторно во популизам.

ЛОНДОН ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА СЕ МЕША ВО ВНАТРЕШНИТЕ РАБОТИ НА МАКЕДОНИЈА
Ако пастирот се надева дека Велика Британија ќе престане да се бори за слобода, правда и демократија дома и во светот, а со тоа и во Македонија, опасно се лаже.

ГРУЈО КАКО ПРЕФИКС
Како да се стави крај на грујоманијата која во изминативе неколку години го претвори барем центарот на главниот град во своевидна грујотека?

 

Колумнисти:

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Искрено се надевам дека дел од судиите и обвинителите, барем тие што не паднале во канџите на Фамилијата, ќе соберат храброст и во името на својата и иднината на општеството, ќе придвижат процес во кој ќе се ослободат од влијанието и моќта на извршната власт, па кои и да се нејзините носители

Ана ПАНОВСКА
Ама, главите, вака-така, една по една паѓаат. Груевски самиот ги пушта по вода откако ќе види дека стануваат неупотребливи и безопасни, без ефект кај рајата. Така и Ѓоргета наскоро ќе го батали, особено што, и покрај сето негово силење, јака волја и  блесавење, тој не успеа да му ја тргне ноќната мора на Груевски и барем привремено да го спаси од мечот на Специјалното обвинителство, што му виси над главата.

Гордана ПОПСИМОНОВА
Не верувам дека доволно е само да се смени оваа тоталитарна и недемократска власт, па потоа сѐ ќе биде поинаку – полтроните ќе се отполтронизираат, исплашените ќе се охрабрат, некомпетентните ќе се остручат, подмитените ќе се растоварат, хипнотизираните ќе се разбудат, поданиците ќе го исправат ’рбетот. Ништо од ова нема да се случи само од себе и само по себе

д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Наместо критичари на власта, совест на нацијата и патриоти кои ќе ја трасираат визијата за вистинскиот пат, мануците идеално се втопија и се адаптираа на мочуриштето со исчашени вредности, станувајќи квазиинтелектуалци, климоглавци и евет-ефендии на псевдопреродбата.

Александар ТОРТЕВСКИ
Обединетото Кралство било, е и ќе биде значајна светска сила, независно од излегувањето од ЕУ. Ние, благодарение на лидерите од типот на Јанкулоска, сме држава-пациент приклучена на апарати. Преживуваме благодарение на инфузијата во вид на кредити, кои секојдневно ги земаме. Не дај боже, меѓународната заедница да дигне раце и да нѐ остави самите да ги решаваме проблемите. Дури тогаш вистински ќе се постави прашањето „шу праиме сега“.