1080

by fokus

И КУМОТ БЛАГАЈНИК ЈА НАПУШТИ ФАМИЛИЈАТА!
Ние сме болно општество до балчак. Се јавија антитела, Шарено револуционерни, нели, ама, како докторите на Ставрески што му сугерирале, ќе ни треба подолго лекување. Барем „да му ја скршеше главата“ на кумот со мобилниот, ќе беше ХЕРОЈ, Вака, само еден е од илјадниците послушници, особено што навреме разбрал дека Груевски „изгубил контакт со реалноста“.

ГРУЕВСКИ Е СТРАНСКИ ПЛАТЕНИК?
„Фокус“ истражуваше колку вложиле во Македонија странските фондации, УСАИД, Соросовата фондација, земјите членки на ЕУ, како Холандија, Велика Британија и другите, и констатира дека странците донирале 100 пати повеќе пари за државата и за институциите на режимот околку за медиумите

СЛУЖБЕНИ ПАТУВАЊА, ДРЖАВНА ТАЈНА
Колку пари досега се потрошиле за патувања на државните функционери со сопругите останува „државна тајна“. Трајко Вељановски ретко тргнува на пат без сопругата Сузана, а Ѓорѓе Иванов е постојано придружуван од првата дама – Маја. За разлика од нив, Груевски ретко со себе ја носи Боркица, но затоа, пак, почесто може да се види во друштво на својата мајка Нада

ШТО НИ ФАЛИ ЗА ПРЕСВРТ?
Македонија не може да се пофали со политички лидери, како што нема ниту особено борбен и бунтовен народ. Но, затоа, пак, за првпат во својата куса историја се соочува со монструозна и досега незабележана партиско-државна мафија за која вистината дома и во светот станува се поочигледна

УРИВАЊЕТО НА КОСМОС Е ПАРОДИЈА СМИСЛЕНА ОД ТРОЈЦА ЛУЃЕ
Во интервју за „Фокус“, Мирослав Грчев, професор на Архитектонскиот факултет тврди дека целата постапка во уривањето на „Космос“ се темели формално на наодите на власта дека објектот не е граден согласно со закон. Но, на терен и по документација и по димензии, особено во таа фаза, не постоеја докази за прекршувања од страна на инвеститорот, туку обратно, постоеше изобилство на прекршувања на законите, категоричен е Грчев

ЈАБОЛКО НА РАЗДОРОТ
Што правиме со третиот, најголемиот дел од гласачите? Оние кои лично не виделе зло од ВМРО-ДПМНЕ, ама ниту добиле ниту очекуваат да добијат привилегија или бенефиција од која било власт? Сега засега ниту една од двете партии не знае како да допре до нив

 

Колумнисти:

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Судиите ќе останат на столбот на срамот, запаметени како лигуши и без’рбетници, кои во најсудбоносните моменти за опстанокот на државата ги наведнаа главите како ноеви во песок за да не ја видат и пресудат правдата и правото

Ана ПАНОВСКА
Масовната полуписменост, по добиената диплома едноставно „затвора дуќан“, отвора медиум и како по задача, ги голта празните простачки поуки за „лојалноста кон државата“. Ах, професори од Правниот факултет, вас попрво треба да ве „окупираат“ борни коли, а не оние професори од Економскиот факултет!

Гордана ПОПСИМОНОВА
Можеби е некоја моја преголема желба, ама мислам дека во Македонија е дојдено времето за една мултиетничка, мултикултурна граѓанска партија. Партија што ќе ги разбие стереотипите за етничката ексклузивност, за двопартизмот и за султанските партии

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Астролошките гатања дека разбудената колоритна граѓанска свест претставува секта и сива маса, немаат рационални основи. Кој ќе ја архивира и адактира псевдопреродбата и вистински ќе ја препороди Македонија ако не масовно граѓанско движење против мафијата на власт?

Александар ТОРТЕВСКИ
Осомничениот Тони Трајковски јавно ја повика на ТВ дуел Катица Јанева. Да не ти се верува! Ваков предлог не дале ниту најголемите мафијаши во историјата и ова е првпат обвинет да бара ТВ дуел со обвинителот