АНАЛАНИТЕ АНАЛИТИЧАРИ НА ГРУЕВСКИ!?
Сортата кабинетски лигавици и „евергрин“ сончогледи е најопасен вирус за државното ткиво. Со нив и по Грујо ќе изникне некој супер бетер Грујо. Срочено како виц, се собрале човекојадците да разменат искуства. И се согласиле дека највкусни се македонските грујчовци. Главата со путер, ептен вкусна. ’Рбет нема, саде ’рскавица, да уживаш дури глоцкаш. И кога ќе дојдеш до задникот, таму наоѓаш уште петмина. Е овие во „гз петмина“, всушност, се канцерот и за оној во чиј задник се вгнездиле. За државата, пак, отров!
ГРАЃАНСКО-ЕТНИЧКА КОАЛИЦИЈА
Пред најавените избори Зоран Заев ги разгледува можностите за зголемување на коалицискиот потенцијал, каде што освен нови коалициски партнери и граѓански активисти, се размислува и за предизборна македонско-албанска коалиција. Што велат партиските анализи и проценки за оваа идеја?
СРАМЕН ДВОЕН АРШИН
Министерството за одбрана ги казни офицерите учесници во протестите на Шарената револуција со прекоманда од Скопје дури во Кичево и Прилеп, а молчи за нарушувањето на угледот на армијата од страна на високи воени старешини кои одат на партиски митинзи на ДПМНЕ
ОБЕЗАБЕН ЛАВ
Фамилијата го загуби кредибилитетот кај голем дел од своите поддржувачи дека може да опстои на своите еднострани и авторитарни одлуки. Зошто тогаш шарените револуционери да не бидат реални и да не го бараат невозможното!?
ИЛИ ГРУЕВСКИ, АХМЕТИ И ИВАНОВ – ИЛИ МАКЕДОНИЈА!
Сѐ уште сме во длабоката политичка катастрофа. До кога, е прашање кое сите крајно сериозно ги загрижува. „Трпение – спасение”, велат. Само да не испадне ние до недоглед да продолжиме да си трпиме, а некои да се спасат. Таман работа да сме толку баксузи.
ПРОФЕСОРИТЕ СКАПО ЌЕ ЈА ПЛАТАТ СОРАБОТКАТА СО МАФИЈАШКАТА ВЛАСТ!
Во интервју за „Фокус“, Ненад Новковски, универзитетски професор и екс министер за образование говори за состојбите во УКИМ, за полицискиот упад на Економскиот факултет, како и за македонската криза. Очекува местото на ВМРО-ДПМНЕ да го заземе нова политичка опција, а професорите да одиграат важна улога во идните случувања
БРАЌА ТЕНДЕРОМАНИ
На веб-страницата на Бирото за јавни набавки може да се најдат сите компании во бизнисот со автомобили кои во последните неколку години добиле најмногу тендери од министерствата, општините, државните институции, јавните претпријатија, болниците. Од нив се издвојуваат две фирми, „КА-ДИС“ и „Аутомотив-груп“, чии сопственици се браќата Каленикови
БАРОКОТ И РЕФОРМИТЕ СЕ ФАСАДА ЗА АВТОРИТАРНАТА КЛЕПТОКРАТИЈА!
Режисерот Наум Пановски и директорот на Институтот за југо-источно европски студии на универзитетот во Грац, Флоријан Бибер, во дијалог за „Фокус“ одржан на 25 мај во Бруклин, Њујорк, разговараат за дијагнозата на македонската авторитарна клептократија, за улогата на Европската унија и за односот на политичките партии на Албанците
НЕ САКААТ ГРАТИС ПАРИ
Кај нас, во Македонија, борбата за власт е борба за тоа кој да биде газда на народот. Во Швајцарија, политичката борба, борбата за власт ако таму така може да се нарече, е борба за тоа кој да биде измеќар на народот
Колумнисти:
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Шарената порта Македонија треба да се зачува како симбол и сведок на едно време кога граѓаните, изразувајќи го својот оправдан револт, одбраа невино, но силно оружје со богатството на колоритот да ги сотрат трагите на безумието
Ана ПАНОВСКА
Ако сакате да се испразните од гневот ‒ фрлајте боја по Владата, Собранието, судовите, тие и така се само едни обични кулиси од непостоечки институции. Важно е да не се пипне партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ!
Гордана ПОПСИМОНОВА
Останува прашањето: Си, или не си? Прашање, кое по ослободувањето од актуелната тоталитарна власт, ќе треба да им се постави на многу луѓе. Немам дилеми како ќе заврши груевизмот, ама многу ме интересира што ќе одговорат тие што свесно му се подадоа
Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Вистинскиот интерес на власта за македонското национално малцинство во дијаспората е како загриженост за ланскиот снег и е во функција на пропагандни и манипулативни цели трансформирајќи се во интерес за ефикасно дејствување на задграничните комитети на ДПМНЕ
Александар ТОРТЕВСКИ
За пет века османлиско владение, од Македонија не се иселила една третина од работоспособното население. За 10 години владеење на миленикот на Јупитер ни се исели елитата, која требаше да ја поведе државата напред